Македонска Каменица 22.01.2019 година – Во текот на утринските часови, до нашата редакција се јавија загрижени возачи кои нѐ информираа за поголем број забележани одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Особено голема опасност за возачите и претставува големиот камен одрон се наоѓа на коловозот од излезот на Каменица кон Кочани. Станува збор за поголем одрон составен од крупни камени карпи кои се наоѓаат на коловозот. Сообраќајот не е во застој, но минувањето е отежнато.
На возачите им препорачуваме носење и користење на зимска опрема и внимателно возење, поради зголемената веројатност од одрони на патот, влажните коловози, можна појава на голомразица во осојните делови и делумно намалената видливост.
