Во петок, на 08.02.2019 година, со почеток од 18:00 часот во Дом на Култура – Македонска Каменица, во организација на Пчеларско здружение “Еко Кам Мед” ќе се одржи предавање за критериумите и значењето на органското пчеларење. Предавач ќе биде д-р Горан Колев од Кавадарци на заинтересираните пчелари од регионот ќе им ги презентира постапките кои треба да се направат за да се премине од конвеционално во органско пчеларење.
