Македонска Каменица, 23.02.2019 година – Денес, во Македонска Каменица се случија две скоро истовремени сообраќајни несреќи. Првата се случи околу 12 часот на една од пофрекфентните крстосници во центарот на градот во која е причинета значителна штета на возилата. Додека втората сообраќајка се случи после половина час на излезот од Македонска Каменица кон Кочани. Увидна екипа на МВР е на терен. Покрај причинетата штета во втората сообраќајна несреќа, според наши сознанија има повредени патници, на што укажува и фактот што интервенираше Итната медицинска помош и екипа на ТППЕ од Македонска Каменица.

Сообраќајот од Каменица кон Кочани во моментов е во прекин и во двата правци.
Со официјални информации ќе ве известиме во текот на денот, кога ќе добиеме официјални податоци од МВР.

