Цената на лекот изнесува 299 денари, а може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или од специјалист Лекот „ивермектин“, кој помага во лекувањето на ковид-19, од денеска се наоѓа во аптеките, откако претходно ги помина сите фази на одобрување во Министерството за здравство (МЗ) и Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, потврдија од МЗ. Тој е набавен од производител од Турција, а малопродажната цена е 299 денари. „Овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист. Тој може да се употребува во домашно и болничко лекување и…
Author: Media Point
Македонска Каменица се крева на спортската мапа. Најново изненадување во македонската кошарка е новиот тренер на машкиот тим од нашиот град. Тренер на КК Баскет Кам ќе биде некогашниот македонски репрезентативец Тони Симиќ. 44-годишниот Симиќ долго време работеше во редовите на Партизан Водно Санс, ама реши да ја прифати поканата на проектот, кој според првите најави, ќе биде доста амбициозен. Екипата на Баскет Кам моментално игра во Втората лига, но покажува силен интерес за влез меѓу најдобрите. Тони Симиќ во своето портфолио има и одличен настап со македонската кошаркарска М18 репрезентација, со која на првенството во Орадеа, Романија, го…
Фото: Kon Karampelas, Unsplash Социјалната мрежа „Фејсбук“ со новиот редизајн ја отстранува опцијата „лајк“ од страниците на брендови, јавни личности и уметници, се вели во соопштението објавено на блогот на компанијата. Отсега па натаму, фокусот ќе биде само на следбениците. „Ги отстрануваме лајковите и се фокусираме на следбениците за да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници“, информираат од „Фејсбук“ за редизајнот. Фото: Фејсбук блог На Фејсбук страниците ќе бидат прикажани само следбениците и ќе имаат наменски „Њуз фид“, каде што корисниците ќе можат да се приклучат на разговори, комуницираат и да стапат во контакт со обожавателите.…
Македонската одбојкарска репрезентација со победа над БиХ од 3-1 (по сетови 27-25, 25-21, 23-25 и 25-19) го почна квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на Европското првенство годинава. Покрај Македонија и БиХ, на двата турнира што ќе траат до сабота, ќе настапи и селекцијата на Турција. Македонските одбојкари утре имаат слободен ден, а задутре ќе се сретнат против Турција. Потоа в четврток следува уште еден дуел со БиХ, а во последниот меч од групата Македонија ќе се соочи пак со Турција, в сабота. Првопласираните репрезентации од оваа и од другите групи, вкупно седум, ќе се пласираат на континенталното првенство, како…
Македонска Каменица, 11.01.2020 година – За само една недела Калиманско Езеро е побогата за 20 милиони м/3 вода. Со 35 м/3 во секунда, во езерото Калиманци двојно е зголемено количеството на вода. Со тоа, во моментов водостојот на најголемата брана во регионот изнесува 40 милиони м/3. Езерото Калимнаци зафаќа површина од 4,23 км2 и насобира 127 милиони кубни метри вода. Ова покажува ддека моменталниот водостој е на една третина од вкупниот капацитет на езерото.
Македонска Каменица, 11.01.2021 година – Поради обилните врнежи во текот на денешниот и изминатите денови Каменичка Река од речното корито е излеана на повеќе места. Екипите на ЈП Камена Река со вклучена крупна механизација се постојано на терен и работат на отстранување на атмосферските водени наноси и материјал. “Вклучени сме со сите човечки ресурси и механизација со која располагаме. Дежурните тимови остануваат на терен и во текот на ноќта, бидејќи прогнозите укажуваат на врнежи од дожд, а во наредните денови и паѓање на снег”, – изјавуваат од ЈП Камена Река Прочитај повеќе: Во Македонска Каменица се продава куќа на улица…
Македонска Каменица, 11.01.2021 година – Голем број на камени одрони и останат материјал од атмосферски наноси се наоѓаат на регионалниот пат Македонска Каменица – Делчево. Прочитајте повеќе: Се продава куќа во Македонска Каменица Предупредување до возачите за внимателно возење на оваа делница, бидејќи поголеми и помали одрони се наоѓаат на повеќе места, а доколку немате потреба не патувајте кон Делчево до нормализирање на состојбата. Екипите на Македонија Пат се на терен и постојано работат на отстранување на камените одрони и останати атмосферски наноси.
Комерцијална објава – Се продава куќа во Македонска Каменица. Куќата се наоѓа на улица Македонска број 14. Истата има чист имотен лист за превод. Куќата е на три спрата, со помошни простории и уредено дворно место. Заинтересираните купувачи куќата можат да ја разгледаат и видат во секое време од денот. Цена по договор. Лица за контакт: Бобан 071 771 718 Фиданчо 071 635 080
Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура ќе се движи од 4 до 14 Целзиусови степени. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне до 7 степени. Маврово 4, Охрид 12, Битола 11, Крива Паланка 7, Берово 9, Кавадарци 12, Дојран 14. Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините…
28 минути по полноќ регистриран е нив земјотрес во централна Хрватска, со епицентар кај Сисак. Според првичните информации, земјотресот е со јачина од 4.2 степени по рихтер, а епицентарот на длабочина од 10 километри. Во изминатите 24 часа регистрирани се неколку земјотреси кои имаат магнитуда над 4 степени. Областа Петриња е погодена од над 750 земјотреси од крајот на минатата година, односно од 28 декември. Првиот удар, што беше вовед во разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, се случи еден ден претходно, на 28 декември.
