Author: Media Point

Интересен документ кој сведочи за бугарски документ со кој се наредува уништување на антологиското дело “За Македонцките Работи” на големиот македонски книжевен и идеен великан Крсте Петков Мисирков. Прочитајте: БУГАРСКАТА НАРЕДБА од 1903 година за уништување на книгата „За македонцките работи“ на Мисирков На денешен ден 1874 г. во Постол, Егејскиот дел на Македонија е роден МАКЕДОНСКИОТ великан КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ. Во 1903 година, набргу после печатењето во Софија, бугарската власт ќе даде наредба да биде запалено и уништено неговото најпознато и најзначајно дело „За македонцките работи“. Голем дел на испечатените примероци од книгата ќе бидат уништени, но за среќа…

ПОВЕЌЕ ...

Д-р Крсте Петков Мисирков се смета за кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век. Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни…

ПОВЕЌЕ ...

Селекторот Игор Ангеловски го одреди стартниот состав за натпреварот против Ерменија кој се игра во рамки на последното коло на Лигата на нациите, во Никозија, Кипар. Македонија претрпе многу промени затоа што не можеше да се смета на осум стартери. Најголемите новости се во средниот ред, а во нападот, каде се Тричковски и Трајковски, место доби и Влатко Стојановски пред Илија Несторовски. МАКЕДОНИЈА (3-5-2): Шишковски; Зајков, Муслиу, Велковски; Ристовски, Тотре, Костадинов, Бејтулаи; Трајковски; Тричковски, Стојановски Ерменија, пак, ќе игра во стандардната формација, во тимот ќе бидат двајцата екс-вардарци Хамбарџумјан и Барсегјан, а најголема опасност е најистурениот напаѓач Карапетјан. ЕРМЕНИЈА (4-2-3-1): Јурченко; Хамбарџумјан, Харојан, Восканјан, Хофханисјан; Григорјан, Удо;…

ПОВЕЌЕ ...

Фудбалската јавност од Македонска Каменица се простува од поранешниот фудбалер на ФК „Саса“ Перо Стојановски кој синоќа загина во сообраќајна несреќа на патниот правец Делчево – Македонска Каменица. Упатувајки сочувство до семејството, од Фудбалскиот клуб „Каменица Саса“ истакнаа дека фудбалот загуби големо фудбалско име кое ќе остане длабоко врежано во колективната меморија на каменичката и македонската фудбалска јавност. -Синоќа, во тешка сообраќајна несреќа, Македонска Каменица, ФК „Саса“ и Фудбалска Македонија го загуби големото фудбалско име Перо Стојановски. Прерано не напушти еден од најдобрите фудбалери на ФК Саса на сите времиња, долгогодишниот клупски капитен, човекот кој беше и ќе остане длабоко…

ПОВЕЌЕ ...

Тешка сообраќајна несреќа при директен судар на две возила – „волво“ и „цитроен“ се случи синоќа околу 20.45 часот кај месноста Баткова Чешма на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, во која тешко биле повредени двајцата возачи. Двајцата возачи кои учествувале во сообраќајната несреќа се од Македонска Каменица. Според Итната медицинска помош, едниот починал на пат кон болница, а другиот е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје. Во извлекување на повредените од возилата учествувала екипа на Територијалната противпожарна единица, а делчевската полиција извршила увид на местото на несреќата и притоа сообраќајот бил во прекин околу еден час. Дополнителни информации се…

ПОВЕЌЕ ...

Поширокиот списокот од 24 кошаркари на селекторот на македонската репрезентација, Александар Тодоров има доста промени во однос на претходните квалификации за пласман на ЕП 2021 година. Во составот се враќа Бојан Трајковски, кошаркарот кој во битката за излез од дното во кое се најдовме по последниот настап на ЕП 2015 беше еден од најдобрите во „црвено-жолтиот“ дрес. Членот на Пелистер ги прескокна средбите против Естонија дома и Русија на гости, не беше ниту на поширокиот список, а причината беше неговата повреда. Токму затоа ако некој има дилеми дали ќе се појави во стројот, Трајковски за СПОРТМЕДИА одговори. „Не гледам причина…

ПОВЕЌЕ ...

Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен континуитет (македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и временски континуитет (македонскиот јазик опстојувал повеќе стотици години). Македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќе-вековните преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулирана свест за етнокултурната посебност, колективен интегритет, почит кон традиционалните религиски институции и наратив за припадноста на одреден географски и историски простор, се вели во Промеморијата на Македонската академија на науките и уметностите. Промеморијата за државноста и идентитетот на македонскиот народ ја објавуваме во целост. Имајќи ги предвид: – Повелбата на ОН и универзалните придобивки кои…

ПОВЕЌЕ ...

ВИДЕО: Златен гол на „џокерот“ Стојановски, Македонија ги „скрши“ Естонците По целосна иницијатива од дваесетина минути и 3-4 изразити шанси пред 18-годишниот естонски голман Хајн, Македонија ја врати предноста против својот попладневен противник. Во 68. минута Влатко Стојановски ја искористи својата втора шанса откако влезе во игра. РЕКЛАМА Имено, фудбалерот од Шамбли го искористи центаршутот на Елмас и со глава ја втурна топката во небранетата мрежа (2-1). Голот на Влатко Стојановски против Естонија: Овој погодок за Влатко Стојановски е втор во репрезентативниот дрес, по оној против Австрија во Виена. Заради претерана радост и соблекување на дресот „пожолте“ од судијата Аврам од Романија.

ПОВЕЌЕ ...

Пациенти од Виница, се јавувале кај матичните лекари за да им кажат дека се „негативни“ на коронавирусот, откако дома им дошол некој да ги тестира со тест „кој покажувал една или две цртки“и „се правел со една капка крв“. Извор: slobodenpecat.mk Според нашите извори кои се матични лекари во Виница, ваквото тестирање, кое е сосема незаконско, медицински неиздржано, нерелевантно, опасно и претставува општа закана за јавното здравје, го извршувале лица со сопствено возило и за него наплаќале 1000 денари. За ваквата појава добивме потврда од два независни извори во Виница. Станувало збор за луѓе без никакво медицинско образование, без никаква…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 13.11.2020 година – Општина Македонска Каменица објави прашалник преку кој заедно со граѓаните ќе го креира Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2021 година. Граѓаните имаат можност на непосреден начин, по електронски пат, да ги посочат своите проблеми, барања, предлози или идеи. Линк до формуларот со прашања: https://makedonskakamenica.gov.mk/%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%93%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%be-%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5/

ПОВЕЌЕ ...