„Еколошка буна“ пред фабриката за хартија во Кочани Со пораки „Сакаме чист воздух за нашите деца“ и „Стоп за Пејпер Мил и загадувачите“ жители на Кочани со блокади на патот по четврти пат на улица со блокади побараа затворање на фабриката за хартија,поради како што велат, енормно загадување на воздухот Револтираните жители велат дека загадувањето прави градот Кочани постојано да изгледа како да е под магла, што е доволен показател дека нешто не е во ред со воздухот. А сметаат и дека надлежните треба да имаат слух за нивните барања. Здружението „Грин-орг“ има поднесено и кривична пријава против фабриката за…
Author: Media Point
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 1 Јануари 2021 година (петок), Нова година, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ја честита Нова година.
Угостителски објект во кочанското село Грдовци не го почитувал работното време, при што синоќа по 22 часот, полицијата затекнала гости присутни во локалот. „ Во угостителскиот објект во с. Грдовци, кочанско полициски службеници од ОВР Кочани затекнале неколку гости, односно било констатирано дека сопственикот не ги почитувал мерките донесени од Владата за спречување на ширење на Ковид-19, односно не го почитувал работното време. По насоки од ЈО Кочани и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 206 од Кривичниот законик ,„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Австралиските научници открија дека преживеаните од коронавирусите ја задржуваат имунолошката меморија за патогенот до 8 месеци по инфекцијата, се вели во соопштението за печатот од Универзитетот Монаш. Студијата е силен доказ дека вакцината САРС-КоВ-2 веројатно ќе функционира долго време, се вели во документот. Многу претходни студии покажаа дека првите антитела кон коронавирусот исчезнуваат по неколку месеци, што доведува до загриженост за ефикасноста на вакцината. Детали за студијата се објавени во списанието Science Immunology. Научниците откриле дека имуните Б-клетки го задржуваат вирусот во нивната меморија и кога патогенот повторно влегува во телото, тие брзо започнуваат да произведуваат заштитни антитела, пишува BGNES.…
Македонска Каменица, 25.12.2020 година – Општина Македонска Каменица од Владата на РСМ доби 5.355.000,00 денари за Изградба на канализациона мрежа на Индустриската зона во Македонска Каменица. Согласно Одлуката објавена во Службен весник, Општината добива средства за реализација на еден навистина значаен проект, бидејќи изградбата на инфраструктура во Индустриската зона, претставува основен услов за забрзан економскиот развој на Макеоднска Каменица. При најавата на проектот, градоначалничката Стаменкова кажа дека, „Ова е навистина значаен проект за развојот на општина Македонска Каменица. Веќе инсталиравме нова пумпна станица за непречено снабдување со вода, а со изградбата на канлизациона мрежа во 2021 година, создаваме услови за…
Општина Македонска Каменица објави Оглас за јавна набавка за Изградба на атмосферска канализација на дел од уличната мрежа во Македонска Каменица. „Реализацијата на овој проект во пракса ќе значи целосно и трајно решавање на проблемот со атмосферските води во овој дел од Македонска Каменица. Оваа атмосферска канализација ќе биде поврзана со веќе постоечката, со што цеосно го затвараме системот за одводнување на атмосферските води. Реципиент на атмосферските води ќе биде Каменичка река, каде со завршувањето на овој проект, создаваме услови за продолжување и дореализација на проектот за доизградба на градскиот кеј на реката. Крајниот рок за доставување на понудите е …
Македонска Каменица, 23.12.2020 година – Денеска започна асфалтирањето улицата “Даме Груев” во Македонска Каменица. Новата градска улица е со огромен значај за подобрен и олеснет пристап до домовите на жителите од овој дел на градот. Во рамки на изведбата на 390 метарската улица, целосно е изграден нов систем за одводнување на атмосферските води, како и заштитно потпорен ѕид. Асфалтирањето на коловозот се одвива во две фази. Првата фаза со поставување на 7 сантиметри асфалт и втора фаза од 4 сантиметри, – изјавија од општина Македонска Каменица. Од Општината надополнуваат дека градежните работни активности ќе продолжат со доуредување на пешачките патеки…
Македонска Каменица, 23.12.2020 година – ЈП Камена Река воведе систем за онлајн плаќање на комуналните такси и сметки. За таа цел, денеска претпријатието објави соопштение до корисниците, кое гласи: Почитувани корисници, Сакаме да Ве информираме дека вашите сметки за комуналии можете да ги плаќате и онлине. Преку м-банкинг на Комерцијална банка и Стопанска Банка. Потребно е да имате профил на самите банки каде преку самата апликација од банките можете да ја извршите наплатата. Линк до објавата на официјалниот налог на социјалните мрежи на ЈП Камена Река и објаснување за чекорите од постапката за плаќање, тука. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3520068374780148&id=100003310618671
Помошта од шест илјади денари, првично наменета за купување на македонски производи, граѓаните ќе може да ги трошат за што ќе посакаат, односно ќе може да си ги подигнат во банка или на банкомат. Како што објави „Алсат“, граѓаните, освен што ќе може доделените пари да ги добијат во кеш, со нив ќе може да плаќаат сметки или да купуваат производи од кој било производител. Од Владата не одговориле конкретно на прашањата зошто пропадна мерката „Купувам домашно“, наменета само за македонски производи со цел финансиска инекција на домашните производители. Нашата цел е никој да не биде изоставен. Ова се финансиски средства…
Од денеска нема повеќе онлајн уплати во домашните кладилници. Истече рокот на уредбата со која обложувалниците во изминатите шест месеци организираа онлајн кладење. Бараат владата да овозможи и во следниот период да може љубителите на овие игри на среќа да уплаќаат преку компјутер, во спротивно предупредуваат дека државата ризикува да изгуби 100 милиони евра во буџетот, пари кои во моментов се неопходни. Според нивните пресметки од мај до декември преку онлајн уплатите во државната каса влегле близу 2 милиони евра, а обложувалниците биле растоварени од гужва. Инаку кладилниците со почетокот на пандемијата беа први кои ставија клуч на врата но…
