Author: Media Point

Стапија на сила законските измени во Законот за безбедност во сообраќајот. Со нив се предвидува повеќе да не се пишуваат и казнени поени. „Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена“, стои во донесените измени. Од сообраќај веднаш ќе бидат…

ПОВЕЌЕ ...

Континуираните врнежи од дожд кои ја зафатија целата земја значително го зголемија нивото на реките. Иако досега не се пријавени поплави на големи земјоделски површини или објекти, освен една фарма во битолско село и мала површина на земјоделско земјиште кај Куманово, Центарот за управување со кризи информира дека постои опасност дека тоа може да се случи бидејќи врнежливото време ќе продолжи ноќва и утре. Ситуацијата е најделикатна покрај поголемите реки во западниот дел на земјата, па од ЦУК апелираат до сите граѓани да избегнуваат движења покрај реки, потоци или други извори на вода. А, замрзнат дожд утринава направи хаос на…

ПОВЕЌЕ ...

Следниот месец почнува изградбата на двете нови патарини на автопатот Скопје Штип. Едната патарина е во Преод, а другата во Кадрифаково. Со изградбата патувањето ќе поскапи за 120 денари затоа што патарината кај Преод ќе чини 50 денари, а кај Кадрифаково 70 денари. Досега од Скопје до Штип се патуваше за 40 денари – сега 160 денари. Сител јави дека че се модернизираат и петте постоечки наплатни рампи – во Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар, но од Државни патишта велат дека за сега, не се предвидени повисоки цени за овие патарини. Со повеќе од половина година задоцнување, избран е…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 09.01.2021 година – Предупредување до возачите за поголеми камени одрони на коловозот од регионалниот пат Македонска Каменица – Рудник Саса. Дежурните екипи на Јавните претпријатија “Македонија Пат”, “Камена Река” и екипа од “Ескаватори” како изведувач на градежните работи за целосна реконструкција на овој патен правец, веќе се на терен и работат на отстранување на материјалот кој го попречува нормалното одвивање на сообраќајот.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 08.01.2021 година – Општина Македонска Каменица испрати Известување до Здруженија на граѓани, фондации, спортски клубови и други форми на здружување од областа на спортот за доставување на финансиски и наративен Извештај за реализирани финансиски средства кои ги имаат добиено од Општина Македонска Каменица во 2020 година. Целиот текст оддокументот со Известување од општина Македонска Каменица го објавуваме во прилог:

ПОВЕЌЕ ...

Бадник е предвесник на најголемиот христијански празник – Божиќ. По четириесетдневниот пост дочекувањето на христовото раѓање се заокружува со посна вечера и молитва. Христијаните уште во раните утрински часови започнуваат да се подговтваат за Бадник, вечерата што му ја посветуваат на големиот Син божји кој ќе се роди на Божиќ. Децата, најмалите кои ги симболизираат ангелите со песна и радост го означуваат доаѓањето на свет на Спасителот. „Вечниот бог слезе и во Дева се всели, Свет, Свет, Свет си и пресвет Господи. Царот на сите Господ дојде Адам да го преобрази. Луѓе радувајте се , играјте, ангели веселете…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 04.01.2021 година – Продолжува чистењето, но и свлечувањето на нови карпи на регионалниот пат Македонска Каменица – Делчево. Во неколку наврати, во текот на денот сообраќајот беше во застој. Првите одрони се регистрирани напладне кај “Баркова чешма”. Веднаш е реагирано од Македонија Пат, доколку вторите и поголеми одрони се случија околу 15:50 часот. Тие се наоѓаат кај местото викано ,,Црна точка”. Македонија Пат продолжува со чистење на одроните и во текот на вечерните часови, се до нормализирање на состојбата.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03.01.2020 година – Првороденото бебе во 2021 година во општина Македонска Каменица е женско. На 2 јануари (сабота) 2021 година, во 07 и 10 минути во гинеколошкото одделение во Штип дојде на свет малата Анелиа Гоцевска. Таа е трета рожба на семејството Гоцевски. Во името на сите граѓани на општина Македонска Каменица на малата Анелиа Гоцевска ѝ посакуваме добро здравје и многу среќа во веселите детски денови. Да им биде гордост и радост на родителите и фамилијата.

ПОВЕЌЕ ...

Гори големиот трговски центар во Струмица „Глобал“. На терен се екипи на територијалната противпожарна единица. Зафатени се голем број на дуќани од првиот кат. Засега нема информации за евентуално повредени лица а не се знае ниту причината која го предизвикала пожарот. 🔴 ВО ЖИВО ОД СТРУМИЦА

ПОВЕЌЕ ...

Времето утре ќе биде променливо облачно, од рано наутро со врнежи од дожд, на планините на запад со снег. Преку денот ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот повремен дожд ќе има на југоистокот и крајниот запад од земјата. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје од наутро со повремен дожд, а потоа со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Нови врнежи од повремен дожд ќе има од вечерните часови. Минималната температура ќе се спушти…

ПОВЕЌЕ ...