Македонија Пат информира дека сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон. За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево. Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево.
Author: Media Point
На 11.01.2021 во 19:20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на ул.„Кеј на ослободување“ во Делчево, С.А.(61) од Делчево управувајќи патничко моторно возило „шкода“ со делчевски регистарски ознаки удрил во Н.Б.(53) од Делчево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.Б. која била пренесена во Клиничката болница Штип. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на ОВР Делчево.
Требаше некоја селекција да се откаже од настап, за машката ракометна репрезентација на Македонија да патува на Светското првенство во Египет. Денеска стигна информација дека Чешка нема да патува во Египет, поради проблеми со Ковид-19. Потоа се огласи и официјално Интернационалната ракометна федерација, дека селекцијата на Македонија ќе биде замена за Чешка. Македонија ќе игра против Шведска, Египет и Чиле. Инаку, репрезентацијата на Чиле одигра два контролни меча во Скопје против Македонија, пред заминувањето во Египет. ЕП ќе се игра од 13 до 31 јануари.
Ангеловски на средба во ФФМ: Останува селектор на Македонија Игор Ангеловски и Фудбалската федерација на Македонија постигнале начелна согласност за продолжување на соработката, дознава Макфудбал. Предводникот со кој беше обезбеден пласманот на Европското првенство ќе го предводи националниот тим и на континенталниот собир следното лето. Десетина дена по истекот на договорот, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и Игор Ангеловски ја остварија најавената првична средба дискутирајќи за продолжување на соработката. Со оглед на големиот успех што го оствари националниот тим, атмосферата за потпис на нов договор е позитивна и речиси е постигнат договор. Останува да бидат прецизирани последните детали, но извесно е дека…
Македонска Каменица 12.01.2021 година – Во целосен прекин е сообраќајот на регионалниот пат Македонска Каменица – Кочани поради поголем камен одрон на двете коловозни ленти. Одронот нема причинето материјална штета врз учесниците во сообраќајот. Возилата се враќаат назад кон Каменица и Кочани, а сообраќајот до отстранување на одроните ќе биде пренасочен преку локаниот пат село Бигла – Виница.
Бела тиква или како што народот ја вика балка тешка 32 килограми е произведена во делчевското село Тработивиште. Таа е сопственост на делчевецот Блаже Крстевски, кој вели дека првпат се случува толкава балка да пронајде меѓу своите градинарски производи. – Триесет и два килограми е балката, оваа година ја произведов во село Тработивиште. Добра е, убава сорта и иако сум наоѓал поголеми, прв пат се случува со толку голема тежина да произведам на местото каде садам и пченка и грав. Според мене отскокнува од другите по тежина најверојатно поради поголемата наѓубреност на местото, истакнува Кртсевски. Крстевски во шега вели дека заслужува…
И покрај тоа што температурите се релативно високи за овој период од годината, сепак во последните неколку денови во земјава имаше значително влошување на временските услови. Појавите на дожд, магла и снег се очекува да се интензивираат во наредниот период. Општо познат факт е дека временските услови влијаат на безбедното одвивање на патниот сообраќај и токму затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при ниски температури и зимски услови на патиштата. РСБСП посебно потсетува дека: • Обврската за поседување на зимска…
Од четврток, Србија го укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата за македонски граѓани. „Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Зоран Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји“, – соопшти Владата. Од денеска и Црна Гора ги укинува ПЦР тестовите за влез во државата.
Кочани, 12.01.2021 година – На 11.01.2021 околу 16,30 часот во Кочани од полициски службеници од Полициска станица Кочани од слобода се лишени Е.А.(33) и А.А.(31) двајцата од Кочани. По претходно обезбедена судска наредба, при извршен претрес во нивниот дом, пронајдени и одземени се пакувања хероин и пакувања марихуана, предмети и накит за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривични дела „кражба“. По документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок. Прочитај повеќе: Се продава куќа на улица Македонска во Македонска Каменица
На последниот, трет евроквалификациски циклус кој ќе се одигра во Рига, репрезентацијата на Македонија во својот состав ќе има две претставнички од Баскет Кам – Македонска Каменица. Станува збор за Ивана Кметовска и Катерина Поп Димитровска. Кошаркарки кои сезонава значително го подобрија тимот од Македонска Каменица, еден од фаворитите за учество во разигрувањето за едно од првите три места од Првата кошаркарска лига на Македонија. Се надеваме дека селекторот на Македонија, Владимир Ѓоровиќ ќе ја препознае одличната игра на првотимките од Баскет Кам и истите од поширокиот список ќе бидат дел и од репрезентацијата на Македонија на ЕвроБаскет 2021. Селекторот…
