Author: Media Point

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА ОД МАЛДИНСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН 2020“ Единаесет изработени дела од млади ликовни уметници од Кочани денес беа поставени на изложбата од 8-та Младинска ликовна колонија „Св. Пантелејмон 2020“, која денес беше отворена во салон „Фоаје 1“ во Центар за култура „Бели Мугри“ од Кочани. Мима Војновска, Ангела Иванова, Ивона Здравева, Нина Савева, Елена Стојанова, Павле Николов и Давид Јосифов се авторите на единаесетте дела кои годинава поради новонастанатата состојба со пандемијата Ковид – 19 беа нивна инспирација и истите беа творени во посебни услови: пред платото на ЦК „Бели Мугри“, на друг отворен простор и во домашни…

ПОВЕЌЕ ...

Во Делчево започна со работа ликовното атеље ,,Љубомир Белогаски”. Идејата за започнување со работата на ликовното атеље, како што информираше Методи Толевски, директор на Центарот за култура ,,Никола Јонков Вапцаров” се реализира по повеќе од 10 години кога првично била начната идеја за негово функционирање како дел од работата на Центарот за култура. -Од денес и на радост на љубителите на ликовната уметност, започнува со работа Ликовното студио и атеље ,,Љубомир Белогаски”. Зошто Љубомир Белогаски, затоа што тој е едно од најзвучните имиња во ликовната уметност кои потекнуваат од нашиот крај. Оваа идеја да се отвори едно вакво студио се…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 09.12.2020 година – Општина Македонска Каменица објави Јавен повик за ангажирање на волонтери кои ќе помогнаат на лица и семејствата кои се во изолација поради Ковид 19. Истите, од волонтерите ќе бидат опслужувани со редовна достава на намирници, лекови и средства за дезинфекција. Волонтерите ќе работат во тимови со дел од општинската администрација. Целиот текст од Јавниот повик можете да го погледнете тука:

ПОВЕЌЕ ...

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се намали за 1,5 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за еден денар за литар, додека цените на дизелот останаа исти, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 сега се продава за 59,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) по 53 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,133 денари за килограм се намали и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега изнесува 28,368 денари. Како причина за намалување на малопродажните цени…

ПОВЕЌЕ ...

Со оглед на тоа што бројот на новозаразени не опаѓа, се чини дека секој од нас познава барем една личност што боледувала од Ковид-19, па сигурно си го поставувате прашањето кога е безбедно да се биде во близина на таа личност. За потсетување, Ковид-19 се пренесува од едно на друго лице главно преку директен контакт со респираторните капки на заразеното лице и честички што се пренесуваат во воздухот – па така, кога некој кашла, кива, зборува, па дури и пее и е блиску до друг, другата личност ризикува да биде заразена со вирусот. Така, лицето може, но и не мора…

ПОВЕЌЕ ...

Христијанството го има големиот свети апостол Павле како камбана на верата, а ние ги имаме и него и свети Климента. Таква била Божјата промисла, Македонија, од каде што почна апостол Павле во Европа, ги даде светите браќа Кирил и Методиј, и преку делото свети Климент и свети Наум Охридски, постана расадник на словенската црковно-просветна и книжевна дејност. Таков – свет е нашиот почеток. Со свети апостол Павле започнаа нашето охристовување и христијанизацијата, а со свети Климента – нашата евангелизација, оцрковување, просвета, книжевност, уметност, култура и сè. Ниедна личност не е толку сврзана со овој народ како што е свети Климент…

ПОВЕЌЕ ...

Засега не се предвидени нови рестриктивни мерки пред за период што следи, вели министерот за економија Бектеши. „Во моментов остануваат мерките кои се усвоени од страна на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести. Секако ако се намали бројот на заболени ќе се донесат олеснувања“, вели Бектеши. Предлогот на Владата е туристичките агенции и угостителите да продолжат да работат и во недела. Досега за државна помош аплицирале 1000 деловни субјекти од туристичко-угостителскиот сектор. Ирена Чачкова

ПОВЕЌЕ ...

Сите љубители на кафе се свесни за фактот дека црното кафе без адитиви е поздраво од сите опции што ни се нудат. Сепак, голем број љубители на кафе не се согласуваат да го пијат своето кафе без засладувачи и млеко. Конзумирањето кафе со овие адитиви е голема грешка за многу вистински љубители и експерти за кафе. Но, не сите луѓе можат да уживаат во горчината на црното кафе, па затоа избираат нездрави збогатени опции. Ако сте меѓу оние на кои им пречи горчината, имаме добри вести за вас. Експертите дојдоа до начин на кој горчината на кафето може да се…

ПОВЕЌЕ ...

Пандемијата на коронавирусот ни влијаеше физички и емоционално, без разлика дали се работи за деца или возрасни. Карантинот и затворањето на државите за сите беа голема транзиција, која од луѓето бараше приспособување на повисоко ниво. Тоа таканаречено приспособување, всушност, по дефиниција е стрес. Кај децата, неизвесноста, социјалната изолација, недостигот на интеракција со врсниците и немањето активности на отворено – доведоа до иритација, здодевност, анксиозност, депресија, стрес, страв, загриженост и други негативни чувства. Друга поента од целокупната дебата на оваа тема е дали карактерот (интроверт/екстроверт) влијае врз тоа како децата се справуваат со оваа пандемија или токму пандемијата ги прави децата…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 06.12.2020 година – Во третото коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија каменичките “Баскет Кам” девојки забележаа нова висока победа над Пробаскет од Кавадарци. Со денешната висока победа од 91:46, женската екипа на Баскет Кам покажува високо ниво на воиграност на тимот и професионалност во работењето за време на подготвителниот период на стручниот тим на клубот. Најефикасна на теренот беше докажаната Катерина Поп Димитровска со постигнати 39 поени во текот на натпреварот на кој, Баскет Кам девојките имаа целосна доминација и контрола над резултатот. По првите три одиграни кола во Првата женска кошаркарска лига на Македонија, екипата…

ПОВЕЌЕ ...