Author: Media Point

Синоќа во 21:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Кочани, на излез од с.Крупиште, патничко возило „форд ескорд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(41) од с.Уларци, Штипско, излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 16.12.2020 година – По замената на стариот и воведувањето на нов штедлив „смарт“ систем на осветлување на целата територија, општина Македонска Каменица продолжува со инсталирање на нови енергетски ефикасни системи за осветлување. Покрај предвиденото осветлување на градскиот кеј на Каменичка река, општина Македонска Каменица започнува со реализација на проектот за осветлување на дел од магистралниот пат А3 (влез и излез од градот). Градоначалничката Соња Стаменкова во најавата на проектот кажа дека, станува збор за проект кој предвидува поставување на енергетски ефикасно осветлување на двата влеза во градот со вкупна должина од 2190 метри. Овој проект има оромно значење…

ПОВЕЌЕ ...

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА АПЕЛИРА ДО ГРАЃАНИТЕ: ПРАЗНУВАЈТЕ БЕЗ ПЕТАРДИ И ГРУПИРАЊА. ПРАЗНУВАЈТЕ БЕЗБЕДНО! Општина Македонска Каменица ги повикува сите граѓани да не користат петарди и пиротехнички средства, кои претставуваат опасност за здравјето, за домашните и улични животни, како и за животната средина. Користењето на петарди и други пиротехнички средства е казниво од 200 до 500 евра согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик. Изминативе деновиве, локалната самоуправа се координираше со Полициското одделение – Македонска Каменица, за да има почести полициски патроли во населбата за санкционирање на користењето со петарди…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 15.12.2020 година – Општина Македонска Каменица објави оглас за Јавна набавка за изградба на новиот водоснабдителен систем за потребите на жителите на Павлиш Дол, село Моштица. Предвидените средства во висина од приближно 14 милиони денари се обезбедени од Буџетот на општина Македонска Каменица. „Изградбата на овој проект решава повеќе децениски проблем на жителите од овој дел на Македонска Каменица. Со реализацијата на проектот, домаќинствата од Павлиш Дол ќе добијат подобрен квалитет на вода за пиење. Значајно за напомена е тоа што, конечно ќе бидат отстранети  и последните азбестни цевки од водоснабдителниот систем во нашата Општина“, – изјави градоначалничката…

ПОВЕЌЕ ...

Кафеаните и кафулињата беа отворени во мај по рестрикциите пролетта. (Фото: СДК.МК ) Од 18 декември до 21 јануари кафулињата и рестораните да работат до 18 часот наместо до 21 часот, е новиот предлог на Комисијата за заразни болести кој денес ќе ѝ го препорача до Владата за да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во престојниот период на празници. Министерството за здравство вели дека Комисијата ќе достави и препорака да нема групирање во станови за престојните празници, а ќе им препорача и хотелите да ги затворат своите ресторани по 21 часот. Комисијата, исто така, препорачува забрана…

ПОВЕЌЕ ...

Внесете го матичниот број и проверете веднаш. Започнува четвртиот сет економски мерки за помош на граѓаните од државата. Пакетот мерки се однесува на ранливите категории граѓани и оние кои се најпогодени и без прходи во пандемијата. На интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk од денеска можете да проверите дали исполнувате услови и може да добиете 6.000 денари. Проверката се врши со внесување на матичниот број во празно поле кое е дадено на првата страница. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29…

ПОВЕЌЕ ...

Ќе се затворат ли целосно угостителските објекти за време на празниците? Комисијата за заразни болести ќе одлучува во понеделник. Членови од комисијата за Сител велат дека не се исклучува можноста за носење построги мерки за време на престојните празници, пред се во работењето на угостителските објекти. Ако е неопходно велат дека во одредени денови можно е да има целосно затворање за да се спречи групирањето и ширењето на заразата. Дел од угостителите сметаат дека и да се донесе таква одлука, тоа нема да влијае на нивното работење, затоа што за време на новогодишните празници луѓето се повеќе дома со семејствата,…

ПОВЕЌЕ ...

Пандемијата го промени нашето секојдневие, а и патувањата. Се чини дека новиот стандард ќе наложи да имаме таканаречени ковид-пасоши. Според „Вашингтон пост“, уште од самиот почеток се споменува овој концепт како решение за нормализација на индустријата на патувањата. Но, во овие дена (додека се одвива вакцинирањето во Велика Британија) тоа забрзано станува реалност. Според „Вашингтон пост“, ковид-пасошот првенствено е наменет за меѓународните патници. Всушност, станува збор за апликации. Едната од нив веќе е во тест-употреба, а другата е во завршна фаза. Корисниците може да ги постават своите верификувани резултати од тестовите и еден ден – доказ за вакцината. Апликацијата се нарекува „CommonPass“…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 11.12.2020 година – Уништени се неколку кошници со пчели во Бојчовско маало во делчевското село Бигла. Пчелите се сопственост на Кирчо Мирчевски, жител на селото, кој за случајот бил известен од сточар, кој бил на испаша со стоката. Мирчевски не знае кој би можел да биде сторителот, бидејќи вели дека со никого се нема скарано. -Местото е заградено и потребен е поголем напор да се турнат сандаците, затоа сметам дека животно кое некако се нашло внатре не би можело да ги турне сандаците, а и би имало трага од него. Ако некој мисли дека сум му направил нешто…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 10.12.2020 година – ЈП Камена Река спроведе редовна есенска еко акција за чистење на јавните зелени површини во општина Македонска Каменица. Денес, вработените во претпријатието уредуваа и чистеа повеќе јавни зелени простори во централното урбано подрачје, а спроведувањето на еко акциите, во зависност од временските услови, во наредниот период ќе продолжи и на останатите локации во Македонска Каменица, – изјавуваат од секторот за јавна чистота во Јавното претпријатие Камена Река од Македонска Каменица ЈП Камена Река покрај спроведувањето на ваквите еко акции со кои дава дополнителен придонес во подобрувањето на јавната чистота во градот, врши редовна дезинфекција на…

ПОВЕЌЕ ...