Author: Media Point
Избришана е групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, потврдија за МИА од МВР. Претходно, премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски побараа од Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“, во спротивно ќе се разгледа можноста апликацијата да се блокира или да го ограничи нејзиното користење во земјава. Во меѓувреме, во врска со случајот„Јавна соба“ приведени се четири лица, две од Битола, едно од Велес и едно од Штип.
Лица од Битола и Велес приведени во врска со групата „Јавна соба“ Од Макфакс Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот „Јавна соба“, а се преземаат мерки и активности и кон други лица, соопшти на социјалните мрежи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Спасовски посочи дека МВР во координација со јавното обвинителство работат со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите. Една година по објавувањето на скандалот „Јавна соба“ за групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде илјадници членови споделуваа експлицитни фотографии од девојки од Македонија, вклучително и на малолетнички,…
Услови за појава на слаб снег ќе има изутринава на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени. Во Македонска Каменица изутринава ќе има мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени. Од петок следува…
Македонска Каменица, 28.01.2020 година – Здружението на пензионери во соработка со локалната самоуправа во Македонска Каменица поделија 130 солидарни пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена. Оваа година, поради пандемијата со Ковид 19 распределувањето на пакетите се одвиваше во подолг временски период и со строго придржување кон протоколите за заштита на личното и јавното здравје. Ова е традиционална активност на Здружението на пензионери и Општина Македонска Каменица со која се опфатени пензионерите кои поради болест или старост се спречени во присуството на манифестациите и настаните кои ги организира здружението.
Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката Жан Митрев, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен. Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, прави брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку…
Припадниците на армијата на кои им завршува професионалниот ангажман со наполнети 45 години доколку не добијат вработување во другите државни институции или приватни компании ќе можат да добијат отпремнина од по 1.000 евра за секоја година стаж колку што минале во нивната служба. ОГЛАС: СЕ ПРОДАВА СТАН НА УЛИЦА САМОИЛОВА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА (ФОТО) По средбата со Синдикатот на одбраната министерката за одбрана Радмила Шекеринска која ја најави ваквата отпремнина, рече дека ги информирала членовите на Синдикатот за предлогот на Владата со цел да им се оддолжат на војниците кои тоа и го заслужуваат. Според Шекеринска, оние војници кои имале…
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91555, бројката на оздравени пациенти е 80008, на починати е 2821, а бројот на активни случаи изнесува 8726. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 39861, активни 4788 Куманово 5153, активни 374 Тетово 5050, активни 316 Прилеп 4534, активни 192 Гостивар 3600, активни 222 Штип 3491, активни 145 Битола 3203, активни 156 Велес 3056, активни 262 Охрид 2761, активни 367 Кавадарци 2533, активни 320 Струмица 2519, активни 278 Струга 2189, активни 150 Кочани 1717, активни 83 Кичево 1710, активни 128 Свети…
Групата „Јавна соба“ на Телеграм е повторно активна со околу 5.600 членови, кои споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки. Телевизијата Сител објави дека 22-годишна девојка раскажала оти нејзин пријател ја предупредил дека во групата била објавена една нејзина фотографија од фејсбук, како и уште две експлицитни од девојка која наликувала на неа. Таа пријавила во полиција, но оттаму само и рекле дека вакви групи имало многу. Од полицијата, пак, велат дека работат на случајот. Пред точно една година беше откриена првата ваква група со над 7.000 членови на руската апликација за комуницирање. Притоа, откриен…
Три земјотреси ноќеска почувствувани во Македонија. Два земјотреси со магнитуда од 3,2 степени и 2,8 степени според Рихтер на 19 километри југозападно од Гостивар, додека пак еден од 2,8 степени е почувствуван на 18 километри од Зајас. Прочитај повеќе: Се продава стан на улица Самоилова во Македонска Каменица Земјотресите биле на длабочина од 10 километри. Инаку, земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран изутрина во 7.44 минути на 16 километри километри југозападно од Гостивар
Oд денеска почнува етапната исплата на јануарските пензии со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Кoвид-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. Денеска ќе се врши исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во среда на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, а во петок ќе се исплаќаат пензии во висина над 18.000 денари. Пензионерите кои користат…
