Author: Media Point
Македонска Каменица, 10.02.2021 година – 4ти февруари – Учениците од 9в одделение: Елена Ангеловска, Елеонора Николовска, Анастасија Гоцевска, Стефанија Стојановска и Магдалена Ѓорѓиевска заедно со наставничката по биологија Љупка Ристовски со неколку активности дадоа мал придонес во одбележувањето на Светски ден за борба против ракот. Сите низ светот треба да дадеме поддршка и да преземеме лична акција за лицата кои се соочуваат со оваа болест. Тоа е ден посветен на подигање на свеста за борба против ракот и охрабрување за негова превенција, откривање и третман. Светскиот ден за борба против рак е единствениот ден на здравствениот календар каде сите ние…
Македонска Каменица, 10.02.2021 година – Како што стои во објавата на официјалната страна на Општина Македонска Каменица, распишан тендер за изведување на тековни градежни активности на територијата на Општината. Текстот и линкот до Јавниот оглас се пренесени во целост: Со овој проект, кој има рок на траење од шест месеци ќе бидат извршени Бетонски работи, партерно уредување на површини и реконструкција на трибини на Градски стадион и набавка и поставување на урбана опрема и заштитна ограда во Македонска Каменица. Општина Македонска Каменица за реалзиација на проектот има предвидено е со вкупен износ 8.000.000,00 денари (осум милиони денари). https://makedonskakamenica.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d0%b4%d0%b1%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%80%d0%b0%d0%b1/
Патничкиот воз од Велес за Кочани вчера попладне излетал од шините. Несреќата се случила околу 17.20 чaсот на делницата од Велес кон Штип, во делот на Овче Поле, пренесе СДК.мк Неофицијалните информации се дека меѓу десетината патници кои биле во единствениот патнички вагон, нема повредени. „Излетан е патнички вагон, на релацијата кон Кочани. Конкретни информации немаме, бидејќи се врши увид од страна на ЈП Македонски железници – Инфраструктура. Се работи на санирање на вонредниот настан“, изјавија кусо Македонски железници АД Транспорт. Поради излетувањето на патничкиот вагон, железничкиот сообраќај од и кон Кочани од вчера попладне е во прекин.
Македонска Каменица, 09.02.2021 година – ЈП Камена Река ги користи поволните временски услови за остранување на мов и коров од јавните зелени површини во централното градско подрачје и кејот на Каменичка Река. Истовремено се врши целосна аерација на почвата на сите зелени површини. ЈП Камена Река како претпријатие задолжено за одржување на јавната чистота, комуналната хигиена и одржување на зелените површини во Македонска Каменица во континуитет, покрај хортикултурното уредување на јавните површини, преку екоакции спроведени заедно со граѓаните, работи на создавање нови зелени површини, како во централното градско подрчаје, така и на периферните делови од градот.
Бикари е мало парче рај на Земјата. Сместено во Југоисточна Италија, во регионот Пуглија, гратчето може да се пофали со прекрасни шуми, полиња, маслинови градини, езеро и поглед кон соседното Јадранско Море на исток и околните планини Даунија. Има сè што би очекувале да има еден шармантен италијански град, освен едно нешто: жители. Локалното население одамна почна да го напушта Бикари, оставајќи ги зад себе своите празни домови. Некои се распаѓаат, а на некои им е потребна целосна трансформација за да се вратат во форма. Другите се целосно подготвени за некој да се всели. Градоначалникот на градот, Џанфилипо Мињоња, се надева…
Жители на Делчево и беровското село Русиново се степале пред локален маркет во Русиново. На тепачката и претходела меѓусебна вербална расправија. Случајот бил пријавен во беровската полиција, што е потврдено и од СВР Штип. -На 06.02.2021 околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека пред маркет во с.Русиново, беровско по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.А.(63) и И.А.(35) двајцата од Делчево, од една страна и Ј.К.(20), Д.К.(23) и А.Б.(32) сите од с.Русиново, од друга страна, се вели во полициското соопштение. Од страна на полицијата се преземаат мерки за расчистување на…
Македонска Каменица, 08.02.2021 година – Заменети се старите, со нови ФИБА табли за кошарка, во спортската сала во ООУ “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица Како што објави Градоначалничката Соња Стаменкова на официјалниот профил на социјалните мрежи, “Поставувањето на новите табли, новите семафори и сигнални табли, се последната фаза од целосното реновирање на спортската сала во Македонска Каменица. Изминатата година, општина Македонска Каменица, за првпат после 35 години инвестираше во овој училиштен и градски спортски храм, каде целосно е заменета уништената теренска подлога со нов и модерен паркетен под” – стои во продолжение од соопштението за јавност. “Поставена е…
Додека Законодавниот дом ја чека драфт верзијата, која токму таму треба да стигне од Владата, во јавноста излегуваат и информации за тоа кои дејности ќе работат во недела. Аптеки, болници, транспорт, медиуми но и бензинските станици најверојатно ќе се најдат на листата за кои нема да важи неработна недела. На листата, според кажаното од вицепремиерот за економски прашања, законското решение е пред крај а за 34 дејности нема да важи „правилото“ недела неработен ден . Вицепремиерот Фатмир Битиќи, во вчерашното гостување на Телевизија „Сител“ кажа дека оние кои ќе бидат на работа во недела, ќе добјат слободен ден покрај тоа…
Македонска Каменица, 07.02.2021 година – Како што известивме пред еден час, градската депонија во Македонска Каменица, беше зафатена од пожар. Пожарот беше локализиран од екипите на ТППЕ и ЈП Камена Река, а со последната изјава на командирот на Противпожарната единица во Македонска Каменица, Малин Трајчевски пожарот е целосно изгаснат. Причините за настанатиот пожар, досега не се познати. Не е причинета поголема материјална штета. Брзата реакција на екипите спречи пожар од поголем размер, – додаде во изјавата командирот на ТППЕ Македонска Каменица. За целосна сигурност и обезбедување на теренот, екипите на ТППЕ помогнати со крупна механизација од ЈП Камена Река остануваат…
Македонска Каменица, 07.02.2021 година – Гори градската депонија во Македонска Каменица Од досега непознати причини, гори депонијата во Македонска Каменица. Екипи на ТППЕ Македонска Каменица и ЈП Камена Река се на терен. Пожарот е ставен под контрола, но нивната работа ја отежнува присуството на огромната количина на пластика и други лесно запаливи материјали во отпадот. kamenica.mk очекува и официјална информација од надлежните која ќе биде дополнително објавена.
