Author: Media Point

Пријателска фудбалска средба во Пехчево- Кит- го – Малеш Попладнево во Пехчево се одигра пријателска средба меѓу второлигашот Кит-го и третолигашот Малеш. Средбата заврши нерешено 1-1. стрелци на головите Стефан Мишев, Кит-го и Филип Гоцевски, Малеш. Филип Гоцевски е млад и перспективен фудбалер од Македонска Каменица, кој во текот на преодниот рок премина во редовите на Малеш од каменичка САСА. КИТ-ГО играше со фудбалерите кои досега имаа помала минутажа . Играа Богдановски,Јанев, Стојменов, Николов, Тиквешанац, Бајрамов, Мишев, Митев, Кр. Трпчевски, Марио Митев Дојчинов. Уште играа Коцев, Цанев, Георгиев,Михајлов. По подолга пауза на зелениот терен се појави некогашниот млад репрезентативец, Стефан…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 05.02.2021 година – Објавени се Правилникот и протоколот за работа на Градската теретана во Македонска Каменица. Теретаната ќе работи со строго почитување на Правилникот за работа од понеделник до сабота. Периодот од 10:00 – 16:00 часот е одреден за спортските клубови во Македонска Каменица, додека од 16:00 часот до 21:часот, како што стои во Соопштението за јавност, теретаната ќе работи за сите граѓани кои со претходно најавен термин ќе можат да ја посетат и користат теретаната. Градската теретана за време на вонредната состојба поради пандемијата со Ковид 19 редовно е дезинфицирана, а внатрешниот дел целосно е бојадисан. Просторот…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица доби специјално возило за транспорт на смет како дел од Европскиот проект за изградба на регионална депонија. Возилото е современо, според сите еколошки стандарди и зафатнина од 10 m3. Со него се обезбедува сигурен транспорт на смет и олеснување на селокупната процедура за управување со отпадот. Користењето на возилото ќе придонесе за заштеда на резервни делови, гориво и масло, при што заштедените средства ќе бидат инвестирани за набавка на механизација со која ЈП Камена Река ќе ги подобри ефикасноста во извршувањето на секојдневните задачи, како во однос на комуналната хигиена така и во однос на другите сектори.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03.02.2021 година – СОУ „Миле Јаневски Џингар“ не престанува со проектите за модернизација и подобрување на условите за работа и престој училиштето. Овој пат, целосно е опремена модерна училница наменета за презентации и одржување на настава според најсовремени наставни методи. Училницата е опремена со интерактивна Смарт табла и ЛЦД проектор. Новитет кој им овозможува на професорите и учениците примена на нови и современи иновативни наставни техники. Примената на овој тип настава овозможува збогатување на образовниот процес со мултимедијални содржини, користејќи ги алтките кои доаѓаат заедно со специјализираниот софтвер наменет за оваа табла. Комплет училницата е опремена со средства…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 01.02.2021 година – Општина Македонска Каменица врз основа на Програмите за работа на Градоначалникот и Советот на општината го распиша Јавен повик за финансирање на здруженија на граѓани, фондации и спортски клубови за 2021 година. Истиот ви го пренесуваме во целост: ЈАВЕН ПОВИК Се известуваат сите заинтересирани Здруженија на граѓани и фондации, како и   спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот дека согласно програмите за работа на Советот на општина Македонска Каменица за 2021 година, доколку сакате Вашата активност да биде финансиски поддржана од Буџетот на општина Македонска Каменица потребно е да доставите барање…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 31. 01.2021 година – Утре, 01.02.2021 година (понеделник) продукцијата Кино око гостува во Македонска Каменица каде ќе го заврши снимањето на краткиот игран филм “Северниот пол” по сценарио и во режија на Марија Апчевска.   Филмот е приказна за 16 годишна девојка која се обидува да пронајде каде припаѓа. Проектот беше еден од двата наградени проекти на програмата European Short Pitch – Nisi Masa, 2019. Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски. Филмот се снима на…

ПОВЕЌЕ ...

Добро познатиот музички состав на македонската публика “Калата” има ново музичко остварување. Фронтмен на групата е Симеон Ангеловски – Шоле, а вокал на бендот, кој спотот за претходното музичко остварување “Ка се заљубиле” го снимаше токму во Македонска Каменица, е Минела Богдановиќ од Србија. “Ленче” е снимена во Младински Културен Центар (МКЦ) Скопје, каде тонски снимател е Ивица Јанкуловски, додека промовидеото е на Ѓорги Вацев Нам добро познатиот Симеон Ангеловски Шоле на Бас, а Минела Богдановиќ е водечки вокал. Придружен вокал е  Дина Јашари, Благоја Глигоровски на гитара. Следуваат Kирил Кузманов – Саксофон, Стефан Алексовски – Клавијатури, Драган Теодосиев -…

ПОВЕЌЕ ...

30.01.2021 година – ФК Каменица САСА го одигра првиот контролен натпревар во зимскиот подготвителен период. Голот на Антонио Бујчевски беше единствен погодок за домаќините, на натпреварот во кој Саса влезе по првиот дел на физички подготовки. Како што стои во изјавата на стратегот на каменичката екипа, Горан Здравков целта на овој натпревар е воигрување на димот и темпирање на формата на играчите пред почетокот на пролетниот дел од првенството. Следниот натпревар на Каменица Саса е против екипата на Борец, додека Слога ги одмерува силите против Беласица. Прочитај повеќе: Тренерското деби на Тони Симиќ донесе победа на Баскет Кам

ПОВЕЌЕ ...

По поразот од Гостивар во минатото коло на домашен терен, Пелистер им се врати на победите. Битолчани ја оправдаа фаворитската улога против Вардар, го совладаа со убедливи 80-105 . Дуелот почна со минута молчење во чест на Владо Воиновски, долгогодишниот претседател на „црвен-црните“. По првата четвртина беше 28-32, гостите предноста ја направија во вториот период, го добија со 12-28 и на одморот заминаа со водство од 40-60. Ова беше доволно за да во продолжение без проблем го прившрат натпреварот. Прочитај повеќе: Трнерското деби на Тони Симиќ донесе победа на Баскет Кам Пелистер дојде до десетата победа и по ова коло…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 30.01.2021 година – Во заостанат натпревар од есенскиот дел на Втората машка кошаркарска лига на Македонија, екипата на Баскет Кам извојува висока победа над КК Куманово. Со конечни 93:56 поени (47:29 полувреме) и целосната контрола на играта во текот на целиот натпревар се сосема доволен показател дека каменичани на чело со новиот тренер Тони Симиќ се на вистинскиот пат за едно од првите три места на табелата на крајот од сезоната 2020/21. Задоволни сме од играта на сите поединци. Тимот покажа високо ниво на дисциплина во одбраната и рационалност во нападот. Одигравме добро, тимски, што особено во вториот…

ПОВЕЌЕ ...