Author: Media Point

Македонска Каменица, 20.02.2021 година – Младиот каменичанец Лазар Стојановски се врати во екипата на Каменица Саса. Стандардниот првотимец во редовите на младинскиот тим од Академија Пандев го прифати предизвикот и понудата на својот матичен клуб и се врати во родната Македонска Каменица. На општо задоволство на каменичката спортска јавност, младиот Лазар Стојановски во претстојната полусезона ќе настапува во дресот на Каменица Саса. Му посакуваме многу успеси и среќа, со надеж дека ќе го гледаме како првотимец и стандарден играч во редовите на нашиот фудбалски миленик, екипата на ФК Каменица САСА. Екипата на Саса од Македонска Каменица продолжи да се екипира…

ПОВЕЌЕ ...

Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67. годишна возраст, јавуваат српските медиуми. Балашевиќ починал на Инфективната клиника каде пред три дена бил хоспитализиран, по десетдневното лекување во домашни услови. Балашевиќ е српски пејач, текстописец, писател и актер. Тој е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад. Во неговата музичка кариера беше член на групите „Жетва“ и „Рани мраз“, а во почетокот на осумдесетите години ја почнува и својата соло кариера. Покрај музиката, тој како актер се појавува и во неколку телевизиски серии. Балашевиќ во текот на неговата кариера често гостуваше и во Скопје, а неговите концерти…

ПОВЕЌЕ ...

Од денеска, учениците и студентите од Грција, Турција, Србија, Северна Македонија и Романија кои патуваат дневно или барем еднаш неделно во Бугарија поради образование, повеќе не треба да обезбедуваат документ со кој се докажува негативен тест на коронавирус при влез во земјата. Истото важи и за студентите што живеат во Бугарија, но патуваат во една од петте земји со цел образование, секојдневно или барем еднаш неделно. Наредбата ја изјаде бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 16.02.2021 година – Како што известуваат од Спортското риболовното друштво „Шаран“ извршено е порибување на Калиманско Езеро со 500 кг риба. Рибите од видот крап се пуштени во близина на браната од Хидроцентралата Калиманци, од кои 50 се матици за мрестење, истите се набавени од Репро Центар „Козјак“, – стои во изјавата од СРД „Шаран“ Македонска Каменица. На порибувањето покрај членовите на СРД „Шаран“ присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова. „Оваа активност на каменичкото спортско риболовно друштво традиционално е поддржана општина Македонска Каменица. Се надевам дека, на овој начин, езерото Калиманци ќе остане препознатлива…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 14.02.2021 година – Oд општина Македонска Каменица соопштија дека и утринава зимската служба и дежурните екипи на ЈП Камена Река во соработка со економскиот оператор за зимно одржување на патиштата, интензивно работат на расчистување на снегот во градот и сите рурални средини „Од раните утрински часови дежурните екипи на ЈП Камена Река продолжуваат да ги третираат со сол и ризла сите градски улици. 35 вработени од ЈП Камена Река, како во текот на вчерашниот ден, така и денес, продолжуваат со чистење на снегот од најфрекфентните тротоари и пристапни патеки во Македонска Каменица“ – додаваат од Општината Од ЈП…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 11.02.2021 година – Градоначалничката Соња Стаменкова на својот фејсбук профил најави почеток на постапка за изработка на техничка документација, со која во текот на оваа година се предвидува изградба на последниот дел од Градскиот кеј од Каменичка Река. “Преостанатите 120 метри ќе бидат изградени оваа година, со што целосно ќе ја завршиме изградбата и уредувањето на Градскиот кеј на Каменичка Река”, – кажа градоначалничката Стаменкова Во соопштението за јавност градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова ги најави и проектите ко8 следуваат во 2021 година, додавајќи “Дополнително, со планираната изградба на Паркот на млади и доуредувањето на пешачките…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 11.02.2021 година – Вработените во Ј.П.,,Камена Река” користејќи ги поволните временски услови, започнаа акција за естетско уредување и кроење на крошните од зимзелените дрвја во градското подрачје на Македонска Каменица. Во зависност од временските услови, активностите за декоративно уредување, интервенциите за подобрен изглед и разубавување на урбаниот дел од градот ќе продолжат и во наредните денови.

ПОВЕЌЕ ...

Поради намалената економска моќ дури три четвртини од населението во земјава се грее или готви на дрва. Во руралните средини дури 95 проценти од населението користи дрва. Ова го нотира Светска банка во еден од Извештаите за зелен раст на државата со поента дека растечкиот тренд на употреба на огревното дрво е меѓу причините за загадувањето на воздухот во Македонија да е едно од најголемите во Европа. – Изминативе години токму поради ниската економска моќ на граѓаните тие користат дрва како најевтина и најдобра алтернатива за греење на домовите кои исто така не се енергетски ефикасни и со секој друг енергенс нивното загревање…

ПОВЕЌЕ ...

МВР соопшти дека 43-годишна жена од Кочани пријавила дека биле дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за нејзината малолетна ќерка, од Инстаграм профил. „Полицајци од Кочани, во координација со ОЈО Кочани, презеле мерки за расчистување на настанот, при што бил извршен претрес во домот на едно малолетно лице, а повикани на разговор биле двајца малолетници на кои им биле одземени мобилните телефони и компјутери“, стои во билтенот на МВР. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Кочани.

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска ќе биде облачно, со пороен дожд кој некаде ќе надмине 20 литри на метар квадратен. Ќе дува и силен ветер од преку 70 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, а максималната од 8 до 15 степени. Како што информира УХМР, претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а во попладневните часови ветерот ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засилува. Во текот на ноќта особено долж Повардарието ќе дува силен северен ветер. На планините на северозапад ќе врне снег. Попладне, врнежите ќе преминуваат во снег и на…

ПОВЕЌЕ ...