Author: Media Point

Абдула Нурен (48) пронајде бизарно суштество, откако случајно уловил бремена ајкула при риболов, која се заплеткала во мрежа и починала. Абдула забележал дека носи три бебиња. Во стомакот на мајката ајкула имало три младенчиња – две биле исти како неа, но третото било многу необично. Имало многу чудно лице, со две крупни очи, а луѓето истото го поврзуваат со човечкото лице. На видеото, Абдула ја става ајкулата во хартиена кутија и ја става во „седечка“ позиција каде што се гледа нејзиниот стомак. – Ја однесов дома и ја чувам таму. Многумина се понудија да ја купат и да ја однесат,…

ПОВЕЌЕ ...

Според податоците на државниот завод за статистика, доколку ги анализираме просечните плати по дејности во месец декември 2020 година во Република Северна Македонија, ќе дојдеме до заклучок има неколку дејности кои имаат просек на плати значително повисок од просечната месечна нето плата. Само за потсетување, просечната нето-плата во декември изнесувала 28.294 денари. Убедливо највисоки плати добиваат вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде просечната плата изнесува 76.223 денари или нивната плата е за 63.862 денари повисока од просечната нето плата во државата. Веднаш по нив се вработените во информации и комуникации кои во декември просечно земале по 56.998 денари, а на…

ПОВЕЌЕ ...

Првиот позитивен случај со коронавирус во земјава беше откриен на 26.02.2020 година. „Пациентката е позитивна за вирусот Ковид-19. Нема простор за паника. Епидемиолошките анализи укажаа дека таа веќе еден месец била во Италија. Веќе две недели е болна и иницијално се третирала во Италија, но таму не била тестирана за коронавирус и директно се упатила кон Инфективната клиника во Скопје откако пристигнала. Не претставувала опасност да ја пренесе болеста“, изјави тогаш министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата. Се работеше за македонска државјанка која се врати болна од Италија- епицентарот на коронавирусот во Европа. Таа во меѓувреме се…

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика, објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година. Јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори Кандидатите, својата намера да учествуваат во Пописот ја изразуваат исклучиво преку пополнување и доставување на електронска пријава, која е достапна на ВЕБ страницата…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица,23.02.2021 година (kamenica.mk) –  Здружението на пчеларите од Македонска Каменица „Еко Кам Мед“ денеска пред православниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ го одбележа христијанскиот празник Св. Харалампиј – заштитникот на пчеларите и пчелата. По тој повод беше организиран собир на членовите на Пчеларското здружение, пред кои се обрати претседателот на Зружението на каменичките пчелари Боге Јанковски. Чествувањето на Св. Харалампиј продолжи во Паркот на пчелата, каде од страна на градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, заменик министерот во МЗШВ, Трајан Димковски, како и директорите на Агенција за платежна картичка, Никица Бачовски и ЈП Пасишта, Виолета Илиевска.  Оваа мерка…

ПОВЕЌЕ ...

Бојан Трајковски искажа отворена разочараноста поради неуспехот Македонија да се најде на завршницата на најдобрите на Стариот континент. Пред се, како што истакна, поради тоа што младите кошаркари нема да учествуваат на Евробаскетот кој толку многу го посакуваа. „Тажен и разочаран сум само поради една работа, а тоа е што нашите млади кошаркари нема да играат на престојниот Евробаскет. Уште од почетокот имавме многу проблеми и ни недостасуваа многу играчи. Јас не играв на првите две средби, недостасуваа и други, но на крајот покажавме големо срце и желба за игра на секој натпревар, на секоја топка, докажавме дека можеме да…

ПОВЕЌЕ ...

Консултациите со претставниците на средните стручни училишта, компаниите и локалните самоуправи денес продолжија во Општина Берово, каде присуствуваа и градоначалниците на Македонска Каменица, Пехчево и Делчево. На средбата министерката за образование и наука Мила Царовска, уште еднаш ја истакна потребата од блиска соработка помеѓу стручните училишта и компаниите, напоменувајќи дека само со заедничка визија и реализација на средното стручно образование добиваат сите учесници. „Учениците добиваат феријална пракса со што одблизу се запознаваат со дејноста и струката која ја изучуваат, додека компаниите имаат можност да регрутираат кадар, по завршување на средното образование и со тоа да овозможат непречен развој на производството…

ПОВЕЌЕ ...

Еден од условите е исполнет. Македонските кошаркари ја совладаа Италија вчера со 87:78 со што се вратија во игра за пласман на Европско првенство. Денеска е „денот Д“. Во 15 часот Македонија игра против Естонија, која на последниот меч загуби од Русија. Е сега, на овој меч потребна е победа од најмалку 10 поени разлика. Естонија пред почетокот на пандемијата со коронавирусот, пред полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“, си поигра со Македонија и славеше со девет поени разлика (72-81). Сега, ќе биде потребно Македонија да слави со најмалку десет поени разлика во меѓусебната пресметка, за да се патува на…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во Скопје дневната температура ќе достигне до 12 Целзиусови степени, Маврово 10, Охрид 12, Битола 11, Крива Паланка 13, Берово 12, Кавадарци 13, Дојран 17. И утре времето ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Во утринските часови по одделни колтини ќе има услови за појава на слаба магла. Дневните температури ќе се движат од 12 до 21 степен.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 21.02.2021 година – Покана од Здружението на пчелари “Еко Кам Мед” од Македонска Каменица за одбележување на патронот на пчеларите и пчелите Св. Харалампие. Во поканата од  Пчеларското Здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица стои: Ги известуваме пчеларите членови дека, со почитување на здравствените мерки против Covid 19 вирусот, во вторник 23.02.2021 година, со почеток од 10 часот, ќе биде одбележан заштитникот на пчелата и пчеларите СВ. Харалампие. Настанот традиционално ќе биде организиран пред Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” и во “Паркот на пчелата” на кејот од Каменичка река. Покрај другите активности од скратената програма поради…

ПОВЕЌЕ ...