Author: Media Point
Македонска Каменица, 10.03.2021 година – Поради извршување на градежни работи за премостување на дел од главната водоводна мрежа, снабдувањето со вода на улиците Македонска, Илинденска и дел од улица Осоговска ќе биде во прекин од 10:00 до 13:30 часот, – инфирмираат од ЈП Камена Река
Околу 170.000 евра се планираат за осветлување на патниот влез и излез од Македонска Каменица како дел од А3 магистралата која го поврзува Источниот Регион во државата со Бугарија. Навечер овој транзитен коридор околу Браната Калиманци на влезот и излезот од градот е во тотален мрак, па затоа се смета дека овој проект значително ќе ја подобри инфраструктурата и сликата за градовите овој дел на Македонија Македонска Каменица, 09.03.2021 година – Центарот за развој на Источен плански Регион (ИПР) ги поднесе приоритетните проекти за оваа година што треба да бидат финансирани од Програмата за рамномерен регионален развој. Во рамките на…
Повремени врнежи од дожд, кои локално на западот ќе бидат пообилни, а на планините и на некои повисоки места повремен снег, и засилен северозападен ветер, најавуваат за утре метеоролозите. Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места во западните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот…
Во 12 часот започна седницата на Влада на која ќе се одлучува по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за воведување полициски час од 22:00 часот навечер до 05:00 наутро на територија на цела држава. Комисијата оценува дека ваквата ригорозна мерка ќе има ефект, а засега предлогот е да трае две недели, колку еден епидемиолошки циклус. Анализите покажуваат дека расте бројот на заразени и ќе расте и бројот на хоспитализација. Филипче посочи дека се предлага полицискиот час да трае две недели, колку еден епидемиолошки циклус. – Инциденцата најмногу е зголемена во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и…
Македонска Каменица, 08.03.2021 година – По повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената, Градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова упати честитка до своите сограѓанки. Во честитката упатена од Стаменкова се вели: Почитувани сограѓанки, Во име на Советот на општина Македонска Каменица и во свое лично Име, Ви го честитам 8 Март -Меѓународниот ден на жената. Правата кои ги ужива современата жена не се едноставно стекнати, туку дека за нив жените се избориле, а таа борба не била ни најмалку лесна. Денес, повеќе од било кога е важно да останеме доследни во својата упорност за рамноправно и балансирано учество…
Скопје, 07.03.2021 година – Во рамки на 8. коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија, екипата на ЖКК Баскет Кам одигра одличен натпревар на гостувањето против ЖКК Вардар Вардар е главен ривал на Баскет Кам и најсилен претендент за првото место во Прволигашката женска кошаркарска лига на Македонија – Исток. Со 66:89 во корист на гостите од Македонска Каменица заврши натпреварот помеѓу овие две досега непоразени екипи. Тренерот Јордан Цветановски за значајната победа на Баскет Кам во денешниот натпревар издвои да каже дека, “девојките на Баскет Кам го дадоа својот максимум од првата до последната минута од натпреварот. Буквално…
На 05.03.2021 во 18,50 часот во СВР Штип било пријавено дека на излез од Кочани кон Виница во близина на бензинска пумпа бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу неколку лица од Македонска Каменица од една страна и Б.К.(47) и М.Ш.(33) двајцата од Р.Бугарија, од друга страна. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонска Каменица е пример за енергетска ефикасност, зборува и самиот факт што е дел од четирите одбрани европски општини за промоција на првиот Прирачник за климатска акција Македонска Каменица, 05.03.2021 година – Денес, по повод Светскиот ден на енергетската ефикасност, покрај другите активности поврзани со одбележувањето, градоначалничката Стаменкова го посети Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“. При посетата на училиштето, во Спортската сала од образовниот центар, Стаменкова оствари кратка средба со директорката на училиштето и претставници од спортските клубови кои во иднина ќе го користат овој, според стандарди за енергетска ефикасност, целосно реконструиран спортски објект. На средбата, од страна…
Повеќе од 114,8 милиони луѓе досега биле заразени во светот, а повеќе од 2,55 милиони починале. Скоро од 65 милиони луѓе се опоравиле, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс. Како е во Европа? Италијанската влада нареди затворање на сите училишта во области со висок ризик, бидејќи последните податоци покажаа дека повеќе од 50 проценти од случаите на коронавирусот се поврзани со новиот, многу заразен британски вид, пренесува AFP. Владата, исто така, ги продолжи ограничувањата за патувања во земјата до почетокот на април. Третиот бран влијае на многу земји, во Полска во последните 24 часа има 15.698 нови случаи на инфекција,…
Секторот за внатрешни работи – Штип, минатиот месец регистрирал неколку измами на граѓани преку социјалните мрежи. Измамниците, најчесто преку апликацииите фејсбук и месинџер, остварувале контакти со граѓани на кои им ги злоупотребувале личните податоци како фотокопија од лична кaрта, трансакциска сметка и електронска здравствена легитимација, стои во соопштението. – Наведените податоци сторителите ги злоупотребувале за стекнување и добивање брзи кредити од финансиски друштва во Република Македонија, преку електронско аплицирање во име на оштетените граѓани, притоа, доведувајќи ги во заблуда дека паричните средства кои по одобрувањето на кредитите легнувале на трансакциски сметки на оштетените, се наводно помош од роднини на сторителите…
