Бикари е мало парче рај на Земјата. Сместено во Југоисточна Италија, во регионот Пуглија, гратчето може да се пофали со прекрасни шуми, полиња, маслинови градини, езеро и поглед кон соседното Јадранско Море на исток и околните планини Даунија. Има сè што би очекувале да има еден шармантен италијански град, освен едно нешто: жители. Локалното население одамна почна да го напушта Бикари, оставајќи ги зад себе своите празни домови. Некои се распаѓаат, а на некои им е потребна целосна трансформација за да се вратат во форма. Другите се целосно подготвени за некој да се всели. Градоначалникот на градот, Џанфилипо Мињоња, се надева…
Author: Media Point
Жители на Делчево и беровското село Русиново се степале пред локален маркет во Русиново. На тепачката и претходела меѓусебна вербална расправија. Случајот бил пријавен во беровската полиција, што е потврдено и од СВР Штип. -На 06.02.2021 околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека пред маркет во с.Русиново, беровско по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.А.(63) и И.А.(35) двајцата од Делчево, од една страна и Ј.К.(20), Д.К.(23) и А.Б.(32) сите од с.Русиново, од друга страна, се вели во полициското соопштение. Од страна на полицијата се преземаат мерки за расчистување на…
Македонска Каменица, 08.02.2021 година – Заменети се старите, со нови ФИБА табли за кошарка, во спортската сала во ООУ “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица Како што објави Градоначалничката Соња Стаменкова на официјалниот профил на социјалните мрежи, “Поставувањето на новите табли, новите семафори и сигнални табли, се последната фаза од целосното реновирање на спортската сала во Македонска Каменица. Изминатата година, општина Македонска Каменица, за првпат после 35 години инвестираше во овој училиштен и градски спортски храм, каде целосно е заменета уништената теренска подлога со нов и модерен паркетен под” – стои во продолжение од соопштението за јавност. “Поставена е…
Додека Законодавниот дом ја чека драфт верзијата, која токму таму треба да стигне од Владата, во јавноста излегуваат и информации за тоа кои дејности ќе работат во недела. Аптеки, болници, транспорт, медиуми но и бензинските станици најверојатно ќе се најдат на листата за кои нема да важи неработна недела. На листата, според кажаното од вицепремиерот за економски прашања, законското решение е пред крај а за 34 дејности нема да важи „правилото“ недела неработен ден . Вицепремиерот Фатмир Битиќи, во вчерашното гостување на Телевизија „Сител“ кажа дека оние кои ќе бидат на работа во недела, ќе добјат слободен ден покрај тоа…
Македонска Каменица, 07.02.2021 година – Како што известивме пред еден час, градската депонија во Македонска Каменица, беше зафатена од пожар. Пожарот беше локализиран од екипите на ТППЕ и ЈП Камена Река, а со последната изјава на командирот на Противпожарната единица во Македонска Каменица, Малин Трајчевски пожарот е целосно изгаснат. Причините за настанатиот пожар, досега не се познати. Не е причинета поголема материјална штета. Брзата реакција на екипите спречи пожар од поголем размер, – додаде во изјавата командирот на ТППЕ Македонска Каменица. За целосна сигурност и обезбедување на теренот, екипите на ТППЕ помогнати со крупна механизација од ЈП Камена Река остануваат…
Македонска Каменица, 07.02.2021 година – Гори градската депонија во Македонска Каменица Од досега непознати причини, гори депонијата во Македонска Каменица. Екипи на ТППЕ Македонска Каменица и ЈП Камена Река се на терен. Пожарот е ставен под контрола, но нивната работа ја отежнува присуството на огромната количина на пластика и други лесно запаливи материјали во отпадот. kamenica.mk очекува и официјална информација од надлежните која ќе биде дополнително објавена.
Пријателска фудбалска средба во Пехчево- Кит- го – Малеш Попладнево во Пехчево се одигра пријателска средба меѓу второлигашот Кит-го и третолигашот Малеш. Средбата заврши нерешено 1-1. стрелци на головите Стефан Мишев, Кит-го и Филип Гоцевски, Малеш. Филип Гоцевски е млад и перспективен фудбалер од Македонска Каменица, кој во текот на преодниот рок премина во редовите на Малеш од каменичка САСА. КИТ-ГО играше со фудбалерите кои досега имаа помала минутажа . Играа Богдановски,Јанев, Стојменов, Николов, Тиквешанац, Бајрамов, Мишев, Митев, Кр. Трпчевски, Марио Митев Дојчинов. Уште играа Коцев, Цанев, Георгиев,Михајлов. По подолга пауза на зелениот терен се појави некогашниот млад репрезентативец, Стефан…
Македонска Каменица, 05.02.2021 година – Објавени се Правилникот и протоколот за работа на Градската теретана во Македонска Каменица. Теретаната ќе работи со строго почитување на Правилникот за работа од понеделник до сабота. Периодот од 10:00 – 16:00 часот е одреден за спортските клубови во Македонска Каменица, додека од 16:00 часот до 21:часот, како што стои во Соопштението за јавност, теретаната ќе работи за сите граѓани кои со претходно најавен термин ќе можат да ја посетат и користат теретаната. Градската теретана за време на вонредната состојба поради пандемијата со Ковид 19 редовно е дезинфицирана, а внатрешниот дел целосно е бојадисан. Просторот…
Општина Македонска Каменица доби специјално возило за транспорт на смет како дел од Европскиот проект за изградба на регионална депонија. Возилото е современо, според сите еколошки стандарди и зафатнина од 10 m3. Со него се обезбедува сигурен транспорт на смет и олеснување на селокупната процедура за управување со отпадот. Користењето на возилото ќе придонесе за заштеда на резервни делови, гориво и масло, при што заштедените средства ќе бидат инвестирани за набавка на механизација со која ЈП Камена Река ќе ги подобри ефикасноста во извршувањето на секојдневните задачи, како во однос на комуналната хигиена така и во однос на другите сектори.…
Македонска Каменица, 03.02.2021 година – СОУ „Миле Јаневски Џингар“ не престанува со проектите за модернизација и подобрување на условите за работа и престој училиштето. Овој пат, целосно е опремена модерна училница наменета за презентации и одржување на настава според најсовремени наставни методи. Училницата е опремена со интерактивна Смарт табла и ЛЦД проектор. Новитет кој им овозможува на професорите и учениците примена на нови и современи иновативни наставни техники. Примената на овој тип настава овозможува збогатување на образовниот процес со мултимедијални содржини, користејќи ги алтките кои доаѓаат заедно со специјализираниот софтвер наменет за оваа табла. Комплет училницата е опремена со средства…
