Author: kamenica.mk marketing
Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на Р.М” бр.5/02), а согласно член 5 од Правилникот за доделување на стипендии на ученици во основно и средно образование и на студенти запишани во државните училишта и државните универзитети од општина Македонска Каменица бр.08-603/1 од 13.03.2018 година. Градоначалникот на општина Македонска Каменица распишува: К О Н К У Р С за доделување на стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти од општина Македонска Каменица за учебната/студиска 2019/2020год. Општина Македонска Каменица за учебната, односно студиската 2019/2020 година ќе додели 20 стипендии за ученици во…
Веќе десетти ден нема никаква трага од исчезнатата Марија Брзакова од Босилово, Струмица. По младата жена и мајка која исчезна минатата сабота, на 18-ти јануари, кога во раните утрински часови излегла од својот дом, за време на викендот трагаа ловџии и жители од Општина Босилово и околината. Се пребарале каналите, текот на реката Турија, браните Дрвош и Иловица, Моноспитовско блато и околните полиња. Сепак, ниту еден траг кој би водел кон Марија не бил пронајден, а од СВР Струмица информираат дека истрагата продолжува. -Брзакова не е пронајдена, се работи на случајот, а во интерес на истрагата не смееме да откриваме…
Маж на 40-годишна возраст се самозапали денеска околу пладне пред Трговскиот центар во Кочани, објави МИА. Тој се полеал со бензин, по што извадил запалка и се запалил. Минувачи веднаш реагирале и со противпожарни апарати од блиските дуќани се обиделе да му помогнат и да го изгаснат пламенот. Повикани биле и екипи на Противпожарната единица и на Брза помош, по што лицето биле пренесено во Кочанската болница, но поради сериозноста на повредите бил итно префрлен на клиниките во Скопје. Причините за ваквиот акт на кочанчанецот сеуште не се познати.
Апел за помош на Ангел Јакимовски Семејството на Малиот Ангел бара помош. Тој има само 6 месеци и боледува од краниосиностоза. За подобрување на неговата состојба и продолжување на неговиот детски живот тој треба да замине на операција во Турција. Сумата која треба да се плати е преголема за неговото семејство, операцијата чини 15 000 евра. Телефонски број за донации преку мрежата на А1: 143-482 За донација: Ивана Јакимовска Т-ска сметка – стопанска банка: 200002811143606 Да помогнеме на ова мало ангелче да живее здраво и безгрижно! Апел за помош на Михаела Петрова Малата Михаела Петрова боледува од епилепсија и церебрална…
28-годишната Марија Брзакова од Босилово е исчезната. Последниот пат кога била видена била облечена во тренерки, а мобилниот телефон и останал дома. Излезена е од дома на 18.01 2020 година во утринските часови и од тогаш и се губи секаква трага. Од нејзиното семејство велат дека таа не би го напуштила своето дете и бараат поголема помош за нејзино пронаоѓање. Се замолуваат сите граѓани кои ќе ја видат или имат некое сознание да пријават во полиција или на телфонскиот број 070 447 338.
Се продава тајфун на електрична енергија! Тајфунот е нов, 3KW, идеален за заегревање на простории до 20м2. Произведен е во Раде Кончар и е со можност за регулација на температурата од 0-40 степени. Цената на тајфунот е 4.999 денари. Информации на телефон: 071 371 382
За прв пат, на 06.01.2020 година (Бадник) ќе се одржи Бадникова поворка во Македонска Каменица. Поворката ќе започне во 10.00 часот од пред црковниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ и во неа ќе учествуваат дечиња од нашиот град. Тие имаат подготвена пригодна програма и пеење на традиционална коледарска песна. Свешетенството и редица локални фирми и донатори обезебедија пригодни подароци, како за дечињата кои ќе учествуваат во поворката, така и за сите најмали кои ќе ја посетат црквата на Бадник, за време на одржување на поворката. Ова воедно е и отворена покана, сите каменичани и нивните дечиња да бидат дел од…
Бранителот на тронот во Италија – Јувентус, после поразот од Лацио се врати на победничките патеки и денес ја победиСампдорија. Јувентус до водство стигна во 19. минута по еден волеј удар на Паоло Дибала, а по асистенција на Алекс Сандро. Сампдорија до изедначување стигна од својата прва посериозна прилика, а голот го постигна Капрари. На истекот од полувремето, Роналдо уште еднаш докажа дека е голем, „полета“ и го постигна победничкиот гол за Јувентус. https://twitter.com/i/status/1207407651988148224
Вечерва, во 1/8 финале од францускиот куп, екипата на Ним ќе ги одмери силите со Сент Етиен. Во почетната постава на Ним е најавен и македонскиот фудбалски репрезентативец, каменичанецот Влатко Стојановски. Натпреварот започнува во 21.05 часот, а Каменица очекува гол од популарниот фудбалер.
И оваа година, Кошаркарската Федерација на Македонија го организира традиционалниот свечен настан, најдобрите во македонската кошарка за 2019 година. Со цел да дадете свој придонес во изборот на најдобрите, можете да го дадете својот глас на анкетата која е објавена на насловната страница на веб-сајтот на КФСМ. Директни линкови за гласање со кликнување на фотографиите подолу. Притоа, за оној за кој сметате дека е најдобриот во одредена категорија, доделувате 3 (три) поени, за следниот 2 (два), а за третиот 1 (еден поен) во гласањето. Задолжителен е одговорот на сите прашања во одделна категорија. ЛИНК ЗА ГЛАСАЊЕ Најдобра женска екипа за…
