Author: kamenica.mk marketing
https://www.facebook.com/1193312000714280/posts/3056600001052128/ Во екот на ширењето на короновирусот низ Европа, кое не ја одминува ни Македонија, постојано се споделуваат препораки, исповеди, насоки. Сега во целост ви го пренесуваме ставот на Сашко Аралампиевски од Македонска Каменица. Еве што напиша тој на неговиот фејсбук профил: – Секојдневно ве следам на фејсбук и на сите други социјални мрежи и одлучив да напишам и јас неколку реченици во врска со коронавирусот или т.н Covid 19. Пред 6 дена јас се вратив од Северна Италија, од Ливињо, градче кое и припаѓа на најпогодената територија Ломбардија. Од она што го гледав во Италија, сфатив дека се…
Од утре (15.03.2020) Клиф оф Мохер Паб – Македонска Каменица нема да работи, со цел да се допринесе во борбата за спречување на ширење на коронавирусот. Кафе барот ќе биде отворен кога ќе се нормализира оостојбата во државата, Од Клиф оф Мохер упатија апел граѓаните времето да го поминуваат дома, со значително намалени контакти, а сите останати правни субјекти кај кои тоа е можно да прекинат со работа. https://www.facebook.com/cliffofmohermk/posts/2646064535499485?__xts__[0]=68.ARDFC0mFPG3pSL4B9GdgcEe96buMlg23J1rCHU2erEM9p8luceeyulbvh8w2I-U2WythbktF4QjGnqv0J-JXrZNv_EoEF_CqgZpLCNP3lTT93eyWEwmbyRP-PfFuwPIiIB98uBUi8J0FXNPIUVx79e2Ye8sS4dlNZsBX6VAehk0pm_sCTv82da1b2DUqPsagifGRkyFqFh4Mq4r41dvzR0cyDqEbXKr1C3coVvhy3ML_kQWXYI0UuKotL5anKa8EQcbyIxIjpmvrSdWIZiCZ72ZDqSQ9xi-Jiky58JoPdDf8us53E7PzDYxh-aL_6xoEFSX1rQ1RlnsJqOs3SgUNmw&__tn__=-R
Дождот кој веќе непрекинато врне веќе втор ден, предизвикува свлечишта и одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Моментално таков поголем одрон, според информациите на возачи, се наоѓа во близина на месноста Саваро кај село Истибања. – Каменот е со големина колку едниот дел од коловозот и засега возилата се движат само по едната лента. На останатите места генерално е чисто, но има помали одрони и треба внимателно да се вози бидејќи можни се нови одрони поради дождот, велат возачи. Од „Македонија пат“ информираа дека синоќешните одрони се расчистени, додека за новиот одрон веќе се упатени екипи,…
Согласно насоките од Генералниот секретаријат на македонската Влада, дел од општините веќе објавија известувања во кои наведуваат дека сите оние што неодамна се вратиле или живеат со некој што неодамна се вратил од следниве италијански региони: Ломбардија, Венето, Емилија Ромања и Пиемонт, како и од други дестинации кои се жаришта на корона вирусот, не треба да доаѓаат на работа, односно да одат на училиште. За очекување е дека сите општини ќе излезат со вакви известувања и дека ќе повикаат на максимална лична одговорност. Во продолжение е Известувањето на социјалните медиуми кое го објави Општина Делчево. https://www.facebook.com/OpstinaDelchevo/photos/a.666770713333647/3064133846930643/?type=3&theater
ПЕКЕ ДООЕЛ Делчево во соработка со туристичката агенција HORIZONT REISEN започна со вршење на услугата превоз на патници и испорака на пратки до Швајцарија и назад. Обезбедете си билет навреме во канцеларијата на ПЕКЕ ДООЕЛ Делчево во комплекс Делчевчанка, влез 2, а повеќе информации може да побарате на 077-96-74-74. Тргнувањето од Македонска Каменица за Швајцарија е секој среда и сабота, додека од Швајцарија за Македонија превозот се врши секој вторник и петок. Контакт телефони: 0041791959541 и 0041762777916. ДРУГИ УСЛУГИ КОИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ДОБИЕТЕ ВО ПЕКЕ ТРЕЈД ПЕКЕ ДООЕЛ Делчево врши и секојдневна испорака на вашата пошта и пратки насекаде низ Македонија. За брза испорака…
True Sound of Kamenica покренува граѓанска иницијатива за поголема социјална еднаквост. Во рамки на фестивалот започнува иницијативата „Обични луѓе, обични херои“. Примарна цел е создавање на фонд кој ќе се користи за помош на социјално ранливи категории на граѓани. True Sound of Kamenica поголем дел од приходот од фестивалот во 2020 година ќе го искористи за набавка на соодветна ИТ опрема за Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, како и за набавка на спортска опрема за детските категории во локалните спортски клубови. Поддршка на иницијативата „Обични луѓе, обични херои“ ќе биде побарана од сите компании, со…
Речиси дваесет дена нема никаков глас за Марија Брзакова (28), која исчезна од својот дом во Босилово, Струмица. Случајот со младата жена, мајка на три – годишно девојче, за која на социјалните мрежи се појави апел во кој е наведено дека е во вториот месец во бременоста, а по која се трага, го предизвика вниманието на јавноста. Многу прашања, кои се од голема важност во случај некој да ја забележи и помогне во нејзиното враќање кај семејството, останаа неодговорени. Од СВР Струмица – молк. Соопштение од две реченици со кое се информира дека жената се оддалечила од семејниот дом во…
Македонска Каменица, 06.02.2020– Менаџерскиот тим на Рудник САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени за пет проценти. Ваквата одлука почнува да се применува од почетокот на оваа година, односно со исплатата на јануарската плата. Дополнително, менаџментот на САСА одлучи да го зголеми и надоместокот за работна успешност што им се исплаќа на вработенитепри исполнување на одредени цели. При тоа најголемо зголемување на овие надоместоци добија рударите, техничкиот кадар и персоналот што работи на одржување на опремата во рудничките јами. Ова е трета година по ред како САСА врши зголемување на месечните примања на своите вработени, во…
Вчера поладне околу 18::00 часот, во училишниот двор се пронајдени изгубени клучеви. Доколку сопственикот ги препознае може истите да си ги подигне од портирата во општина Македонска Каменица.
Општина Македонска Каменица објави Конкурс за доделување на стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти за учебната/студиска 2019/2020 година. Пријавувањето на Конкурсот започнува од 05.02.2020 и ќе трае до 25.02.2020 година до 15.30 часот. Сите потребни информации за конкурсот се на следниов ЛИНК. Формуларите кои ви се потребни за апликација за стипендија се во продолжение: ПРИЈАВА ИЗЈАВА ЗА СЕМЕЈНА ПОЛОЖБА ИЗЈАВА ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ – 1 ИЗЈАВА ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ – 2
