Author: kamenica.mk marketing

Продолжува агонијата на повеќе од 100 семејства кои имаат купено станови во зградата Порта Резиденс 1 во Аеродром чии изведувачи се компаниите „Порта Инженеринг“ и „Специјал Градба“. Иако рокот за завршување на зградата, според преддоговорите кои ги имаат склучено наведените компании со станарите е јуни 2022 година, клучеви од становите сеуште нема. Според станарите кои секојдневно одат на градилиштето и кои се нетрпение чекаат да влезат во своите домови, работите на зградата ќе траат уште најмалку 3-4 месеци. Згора на се, идните станари во континуитет наидуваат на дрско и безобразно однесување, на прекин на контактите, но и на нови лаги…

ПОВЕЌЕ ...

Почитуван градоначалник, помина 2022 година, што практично беше прва година од Вашиот мандат. Која е Вашата лична оцена, дали сте задоволен од сработеното?  Сметам дека 2022 година ни беше исклучително успешна со оглед на тоа дека успеавме да реализираме неколку големи проекти, кои ќе останат како траен урбан белег на овој град. На мое огромно задоволство, Македонска Каменица доби ултра модерен спортски комплекс на еден крајно запуштен простор кој порано беше гордост на каменичани. Целиот простор го реконструиравме и изградивме модерни спортски терени по највисоки стандарди. Во овој дел од градот ќе продолжиме да инвестираме и тука сакаме да поставиме…

ПОВЕЌЕ ...

Во насока на подобрување на благосостојбата на жителите, особено во периодов во кој е актуелна се позасилена економска и енергетска криза, од Општина Македонска Каменица најавуваат низа мерки за директна финансиска поддршка наменета за локалните жители. Општината која веќе одделува значајни финансиски средства за секое новородено дете, за секое прваче, за сите средношколци запишани во прва година во СОУ „Миле Јаневски Џингар“, за талентирани ученици и студенти, од 2023 година ќе воведе бесплатен оброк за сите дечиња кои се запишани во Детската градинка „Бамби“ и во ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Само за оваа намена ќе бидат издвоени околу 770.000,оо…

ПОВЕЌЕ ...

Во рамките на проектот  „Градење капацитети за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони (CAPLOCOM)“ . Проектот е финансиран од: Преку граничната програма за соработка: Interreg – IPA CBC 2014-2020, помеѓу Р. Бугарија и Р.С. Македонија, број на договор: RD-02-29-68/05.03.2021 Водечки партнер: Локална агенција за економски развој, Разлог Партнери: Еколошко друштво Здравец 2002, Македонска Каменица  и Институт за шумарство, Бугарска Академија на науки и уметности, Софија Изработени се следните публикации: Насоки за имплементација на најдобри практики за управување на регионално ниво Eдна заедничка „Долгорочна стратегија за унапредување и интегрирање на екосистемскиот концепт во…

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на донесена Одлука, во понеделник (13.06.2022 година) од 17.00 часот во Тодоровци и од 19.00 часот во Луковица ќе се избираат нови претседатели и членови на Совет на Месните заедници во овие две села. Мандатот на претседателите и членовите ќе биде четири години. Во текот на овој месец ќе бидат избрани нови претседатели и членови на Совети на Месни заедници во сите средини.

ПОВЕЌЕ ...

Започна кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот. Општина Македонска Каменица како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “ има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината. Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот,…

ПОВЕЌЕ ...

Во насока на подобрување на услугите кои ги нуди Градската библиотека во Македонска Каменица и зголемување на фондот на нови книги кои ќе можат да ги користат граѓаните на нашата општина, група ентузијасти ја започна иницијативата „Дарувај книга – размени книга“. Учество во реализацијата на оваа иницијатива земаат и градската библиотека, невладиниот сектор, приватни компании и Општина Македонска Каменица – дел од општинска администрација задолжен за родова еднаквост и еднакви можности за сите. Целта на иницијативата е да им се овозможи на каменичани пристап до поголем фонд на книги од различни жанрови, збогатување на нивните знаења и подобра промоција на македонската…

ПОВЕЌЕ ...

На регионална средба во Делчево продолжија активностите во рамки на кампањата на Министерството за образование за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“. На настанот кој се реализира со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје учествуваа државниот секретар во МОН, Анета Трпевска, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, градоначалниците од Берово,  Звонко Пекевски и од Македонска Каменица, Димче Атанасовски, директори од средните стручни училишта, како и претставници од бизнис-секторот од регионот. По средбата во изјава за медиуми, градоначалникот Атанасовски истакна: „Мојот тим, уште од првиот ден, започна со подготовка на низа мерки со кои ќе допринесеме до подобрување…

ПОВЕЌЕ ...

Почитувани сограѓани, Во насока на зајакнување на одржливоста на општинските финансии и унапредување на процесот на фискална децентрализација, една од обврските на Општина Македонска Каменица е редовно и целосно прибирање на данок на недвижен имот од физички и правни лица, како и прибирање на комунална такса за истакната фирма и за користење на простор пред деловен објект од правните лица. Од оваа причина, а имајќи во предвид дека веќе се донесени неколку одлуки на локално ниво, а потпишан е и Меморандум помеѓу USAID (Кардно Емергинг Маркетс) и Општина Македонска Каменица, ги известуваме физичките и правните лица кои не се задолжени,…

ПОВЕЌЕ ...

На III (3та) седница на Советот на ЕЛС Македонска Каменица која се оддржа непосредно пред Нова година, на 30.12.2021 година е усвоен Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2022 година. Пред советниците, градоначалникот Димчо Атанасовски истакна дека „буџетот е скроен со многу труд и посветеност, детално анализиран и реален. Приоритет при неговата подготовка биле барањата и потребите на граѓаните, решавање на најгорливите проблеми, како и покривање на сите сегменти од општествениот живот, без исклучување на било кој. Основниот буџет изнесува 166,2 милиони денари, од кои за капитални инвестиции ќе бидат одвоени 89,9 милиони денари“. За 2022 година се подготвуваат неколку…

ПОВЕЌЕ ...