Author: kamenica.mk marketing

На денешната 3(трета) седница на Советот на ЕЛС Македонска Каменица, претседателот Љупчо Трајановски најави дека паушалот за месец декември ќе го донира за социјално ранливи категории на граѓани. Ќе бидат набавени новогодишни пакетчиња кои ќе бидат поделени на дечиња од семејства во социјален ризик. Истиот овој пример ќе го следат и останати локални функционери кои дел од приходите ќе донираат во добротворни цели.

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица потпиша Меморандум за соработка со Општина Балчова од Република Турција. Соработката ќе биде во различни сфери од општественото живеење, односно ќе се разменуваат искуства во областите на економијата, урбаното управување и административните услуги, образованието, здравствената заштита, културата, спортот и туризмот, како и во заштитата на животната средина. Меморандумот беше потпишан од градоначалничката на Балчова Фатма Чалкаја која истакна дека очекува значително продлабочување на односите и поголема соработка меѓу двете општини, и градоначалникот Димчо Атанасовски за кога овој Меморандум е само надополнување на добрите односи кои веќе ги имаат воспоставено Македонија и Турција. Денес помеѓу Балчова и Македонска…

ПОВЕЌЕ ...

На барање на невладините организации, здруженија на граѓани и спортски клубови објавен е Јавен повик за пројавување на интерес за невладини организации, здруженија на граѓани, спортски клубови и други правни лица чии програмски активности може да бидат финансирани од буџетот на општина Македонска Каменица, и ќе трае до 15.12.2021 година. Сите заинтересирани страни потребно е да достават кратка програма и финансиска конструкција до општина Македонска Каменица, а се со цел, правилно и навремено планирање на финансиски средства во општинскиот буџет за 2022 година. Од Општината најавуваат дека Јавниот повик за доставување на барања за финансиска поддршка ќе трае во текот…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица е една од првите македонски општини која воведе финансиска помош за секое новородено дете на нејзина територија. Средствата се изплаќаат врз основа на Правилник, кој неколку пати беше менуван, а овој вид поддршка во континуитет се зголемува. Заради олеснување на пристапот на граѓаните и побрза исплата на паричната помош за секое новородено дете, ги известуваме граѓаните дека кон БАРАЊЕТО кое се пополнува, други потребни документи за аплицирање се: Извод од матична книга на родените за новороденото дете (фотокопија) Двата или едниот од родителите да се со постојано место на живеење на територијата на општина Македонска Каменица што се…

ПОВЕЌЕ ...

Поради актуелната состојба со Ковид 19, но и поради континуираното зголемување на барањата за прием кај градоначалникот Димчо Атанасовски, општина Македонска Каменица воведе два приемни дена. Во среда ќе бидат примани граѓаните од централното градско подрочје, а во петок ќе се примаат жителите од руралните средини. Од општината најавуваат низа онлајн алатки на кои граѓаните ќе можат да ги пријавуваат проблемите чие решавање е во надлежност на Општината, а истите ќе започнат да функционираат веќе се почетокот на наредната година.

ПОВЕЌЕ ...

Се издава двособен стан во Македонска Каменица. Станот е на улица „Рударска” 2/2. Постои можност за издавање на станот со или без мебел, во зависност од потребите на заинтересираните. Повеќе информации може да се побараат на следниов телефонски број 078/213-660.

ПОВЕЌЕ ...

На 4-ти и 5-ти август во хотел Санрајс во Делчево, Еколошкото друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица организираше дводневна обука. Обуката беше на тема „Градење на капацитетите на засегнатите страни на ублажување на ефектите од климатските промени и интегрирање на концептот на екосистемските услуги во локалното планирање и управување“ од Прекуграничниот проект CB006.2.11.103: „Градење на капацитети за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони – CAPOLOCOM со партнерските организации: Агенција за локален економски развој од Разлог и Шумарски институт од Софија. Ова е еден од најзначајните проекти на кои во моментов работи едно од…

ПОВЕЌЕ ...

Зачера вечер, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во трговски центар на булеварот „Јане Сандански“, при што затекнале девет лица, информира МВР. – На 19.05.2021 околу 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во координација Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во трговски центар на булеварот „Јане Сандански“. При контролата било констатирано дека во затворениот дел од објектот има девет лица, меѓу кои и двајца вработени во МВР, кои одбивале да се легитимираат, соопштува Министерството за внатрешни работи. – Станува збор за Б.Д.(48) и З.Ц.(49), двајцата од Скопје. Тие и останатите седум лица биле лишени од слобода…

ПОВЕЌЕ ...

Се продава двокатна куќа во Македонска Каменица. Куќата е на одлична локација во централното градско подрачје, на улица Осоговска бр.67. Повеќе информации за куќата и продажната цена може да се побараат кај лицето Рада Иванова, на следниов телефонски број – 076 241 323.

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на Р.М” бр.5/02), а согласно член 5 од Правилникот за доделување на стипендии на ученици во основно и средно образование и на студенти запишани во државните училишта и државните универзитети од општина Македонска Каменица бр.08-603/1 од 13.03.2018 година. Градоначалникот на општина Македонска Каменица распишува: К  О  Н  К  У  Р  С за доделување на стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти од општина Македонска Каменица за учебната/студиска 2020/2021год. Општина Македонска Каменица за учебната, односно студиската 2020/2021 година ќе додели 20 стипендии за ученици во основното…

ПОВЕЌЕ ...