Author: kamenica.mk marketing
Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација 2. Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 4 се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти сомнителни на ковид, а…
По првичните најави за скорешно отпочнување со работа на македонскиот угостителски сектор, каменичките ланч барови и кафулиња се подготвуваат за нов старт. Поради зголемување на набавните цени, сопствениците на Делириум, Хаваи, Дистрикт и Клиф оф Мохер договорија минимално зголемување на цените на дел од артиклите. Нови цени ќе има за Еспресо – 40 ден. Макијато – 40 ден. Големо макијато – 50 ден. Нес кафе – 60 ден. Капучино – 60 ден. Милкшејк – 60 ден. Чај – 40 ден. Топло чоколадо – 60 ден.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април. Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1. Согласно ова вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во…
Каменичкиот рудник „Саса“ е избран за најдобра македонска компанија на неделата. Ова признание е уште позначајно ако се напомене дека доаѓа од Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ). Изборот за најдобра компанија на неделата е сосема заслужен ако се знае дека и во овие тешки моменти, кога светот се соочува со пандемија, Рудник Саса направи неколку значајни чекори: ГИ ЗГОЛЕМИ ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА 5% ИСПЛАТИ ПРЕМИЈА (БОНУС) НА ВРАБОТЕНИТЕ ВОВЕДЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ И ПРОТОКОЛИ ЗА БЗР ПОВРЗАНИ СО СОVID – 19 ДОНИРАШЕ 125 000 ЕВРА ЗА БОРБА ПРОТИВ COVID – 19 Покрај ова, Рудник Саса продолжува со силната…
Македонска Каменица денеска ја одбележува 19-годишнината од смртта на војникот Миле Јаневски – Џингар, кој го загуби животот кај тетовското село Вејце, во време на воениот конфликт во 2001 година. Во негова чест, Ана Михаиловска и Горан Бразда подготвија рецитал „За Херојот на Каменица“. Беше априлски ден, а детето стоеше на прозорот и го чекаше својот татко да се врати. Татко кој замина со една желба. На своето дете и родната Каменица да им обезбеди едно подобро утре. Човек со лавовско срце, челичен став-тоа беше Миле. Од воздишките секојпат пареа се лепеше на стаклото додека со нетрпение го очекуваше херојското…
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти во: Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72. Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 3 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба. Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа…
Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност- СВР Скопје, по претходно издадена судска наредба, извршија претрес во куќа во која престојува Д.Д. (30) при што се пронајдени 33 полиетиленски кеси во кои имало хероин и две дигитални ваги. Според првичната проценка запленети се околу 2,2 килограми хероин, но точната количина ќе биде позната по извршената анализа и мерење, по што ќе биде поднесена и соодветна пријава до јавното обвинителство. Во друг случај, денеска (25.04.2020) околу 10 часот во село Трубарево-скопско, полициски службеници забележале возило „пасат“ со скопски регистерски таблици и две лица, кои влегле во возилото и се дале во…
Додека соседните земји ги затвораат своите компании и производството, Шведска реши да се справи со пандемијата на новиот вирус на свој начин и да го одржи претходниот начин на живот. CNBC пишува дека со оваа стратегија за две недели Шведска ќе го постигне активна имунизација на населението. Редица експерти сметаа дека ова е погрешна стратегија, ама се покажа дека тоа не е точно. Во ова држава беше препорачано постарите лица да внимаваат, но училиштата не беа затворени и не прекина работниот процес. На сите граѓани им беше препорачано да бидат внимателни и социјално да се дистанцираат.
Северникорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се шпекулира дека е мртов, според медиумите во Хонг Конг, додека едно јапонско списание известува дека водачот на Северна Кореја е во „вегетативна состојба“, откако бил подложен на операција на срцето. Заменик директорот HKSTV Hong Kong Satellite Television, телевизиска мрежа поддржана од Пекинг во Хонг Конг, тврди дека Ким е мртов, наведувајќи „многу цврст извор“. Нивниот пост на кинеската апликација за пораки „Веибо“ е широко споделена на социјалните медиуми, се вели во извештајот во „Интернационален бизнис тајмс“. Другите непотврдени извештаи, припишани на високи партиски извори во Пекинг, соопштија дека операцијата за вметнување на стент тргнала…
Како и други земји и Германија се бори со пандемијата на корона вирусот, а во прв план во таа борба се експертите, епидемиолозите и виролозите. Еден од најпознатите германски виролози ги оспорува тврдењата дека има случаи на повторно заразување со корона вирусот на луѓе кои веќе биле заразени и оздравеле. Кристијан Дростен е виролог кој сега го води институтот Шарите во Берлин. Помал дел од јавноста знае дека тој учествуваше во борбата со епидемијата на САРС. Дростен бил еден од првите кои го изолирале тој вирус, работел на развојот на тестови како за тој, така и за овој вирус од…
