Author: kamenica.mk marketing

Откако УЕФА денеска соопшти првенствата да бидат завршени најдоцна до 3. август, први се огласија од Серија А. Наместо на 30. јуни, сезоната во Италија ќе биде завршена на 2. август. Тамошните медиуми пишуваат дека во првата половина на мај клубовите ќе почнат со тренинзи, се очекува во текот на јуни да продолжат со сезоната, секако пред празни трибини. Планот е прво да се одигра Купот на Италија, најверојатно во периодот од 27. до 31 мај, а потоа се очекува да продолжи Серија А. Ова значи во текот на јуни и јули ќе гледаме фудбал во Италија, а потоа во…

ПОВЕЌЕ ...

До редакцијата на ЦИВИЛ Медиа стигна информација дека пред околу еден час во притворот во Шутка починало момче на 23 годишна возраст. Директорот на КПУ Затвор – Скопје, Есад Рахиќ за ЦИВИЛ Медија ја потврди оваа информација. „Се работи за момче на 23 годишна возраст, кое е во притвор од декември минатата година“, изјави Рахиќ за ЦИВИЛ Медиа. Тој демантираше дека притвореникот бил во карантин изминатите неколку дена, а повеќе детали најави по истрагата која се спроведува во моментов, но и обдукцијата на починатото лице. Извор: Цивил Медиа

ПОВЕЌЕ ...

Здравствените експерти открија дека пушењето марихуана, дури и повремено, може да го зголеми ризикот од тешки компликации со Ковид-19. – Кога пушите канабис, тоа на вашите дишни патишта предизвикува одреден степен на воспаление, многу слично на бронхитис, како што може да предизвика и пушењето цигари, изјави директорот на Американското здружение на пулмолози, д-р Алберт Рицо. Додека професорот Мајкл Глас, портпарол на Здружението, истакна дека сувата кашлица е клучен знак на Ковид-19, а секое кашлање предизвикано од пушењето марихуана лесно може да се помеша со таквиот симптом, со што се отежнува дијагнозата. Пушачите, лицата со хронични опструктивни болести на белите дробови,…

ПОВЕЌЕ ...

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти на Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 339, Куманово – 262, Прилеп – 89, Дебар – 49, Струга – 47, Тетово – 43, Велес – 36,   Штип – 31, Кочани – 25, Гостивар – 10, Битола – 9, Охрид – 9, Крива Паланка – 4, Радовиш – 4, Гевглелија – 4, Кавадарци – 3, Крушево – 3, Струмица – 2, Пробиштип – 2, Неготино – 2, Кичево – 1. Досега во земјата се направени вкупно 9.762 тестирања на Ковид-19.

ПОВЕЌЕ ...

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19. По градови: – Скопје-10 – Куманово-27 – Штип-3 – Прилеп-4 – Тетово-5 – Струга-4 – Велес-2 – Охрид-5 – Гостивар-1 – Кочани-3 – Неготино-2 Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица. Во изминатото деноноќие направени се 500 теста. За пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал…

ПОВЕЌЕ ...

Руските научници осмислија метода за дијагностицирање на новиот коронавирус без примена на тестови. За таа цел се потребни податоци од термовизиски камери и рендгенска снимка на пациентот, што е доволно за да се детектира болеста во организмот. Новиот дијагностички метод е развиен во Институтот за компјутерски технологии на Сибирското одделение на Руската академија на науки. Ова за новинската агенција ТАСС го изјави Олга Дорохина, секретар на работната група за сузбивање на инфекцијата на новиот коронавирус при СО на РАН. Термовизиските камери го регистрираат топлотното зрачење на телото во инфрацрвен опсег. Стручњаците се залагаат за комбинирање на тие податоци со рендгенографските, како и…

ПОВЕЌЕ ...

Граѓани од скопската населба Ченто вечерва излегоа на протест против полицискиот час кој на целата територија на Македонија е во сила од 16:00 до 05:00 часот секој ден. Како што пишуваат дел од медиумите, граѓаните повикуваат на помасовен протест во текот на утрешниот ден. На протест се појави и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски кој, колку што може да се види на едно од видеата поставени на социјалната мрежа Фејсбук, ветува дека ќе извади две приведени лица од Полициска станица. -Полека малку да се собереме. Ќе одам до станица… ќе го викнам началникот. Само тргнете се од страна…

ПОВЕЌЕ ...

Десетици Албанци во Синѓелиќ се излезени на улиците и протестираат против полицискиот час кој важи за целата територија на Македонија од 16 часот до 5 часот наутро. Засега протестот се одвива мирно и без проблеми иако го прекршуваат полицискиот час. Во некои од коментарите повикуваат утре протестот да биде помасовен во секоја населба за да се укине полицискиот час. https://www.facebook.com/watch/?v=171937587265230

ПОВЕЌЕ ...

Педесет и петгодишен маж почина синоќа откако при семејна расправија неговиот син му нанел повеќе убодни рани со нож. Полициски службеници на СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода Д.А.(24), бидејќи околу 23:15 часот на ул.„Бигла“ во Скопје, при семејна расправија со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А.(55), од кои тој починал на местото на настанот. Предметот со кој е извршено делото е обезбеден. По документирање на случајот, против Д.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

ПОВЕЌЕ ...

И покрај тврдењата дека вакцина против коронавирусот нема да биде достапна барем во наредните 12 до 18 месеци, тим научници од Оксфорд тврдат дека се може да биде готово и многу побрзо. – Можеби уште во септември, барем така тврди професорката по имунологија Сара Гилберт. Таа за „Тајмс“ изјави дека е осумдесет проценти убедена дека вакцината што ја развил нејзиниот тим ќе биде ефикасна. Со тестирање врз луѓе би можело да се почне во наредните две недели. Владата на Велика Британија е подготвена, доколку тестот е успешен, да го финансира производството на првите милиони дози, така што вакцината би била…

ПОВЕЌЕ ...