Откако УЕФА денеска соопшти првенствата да бидат завршени најдоцна до 3. август, први се огласија од Серија А. Наместо на 30. јуни, сезоната во Италија ќе биде завршена на 2. август.
Тамошните медиуми пишуваат дека во првата половина на мај клубовите ќе почнат со тренинзи, се очекува во текот на јуни да продолжат со сезоната, секако пред празни трибини.
Планот е прво да се одигра Купот на Италија, најверојатно во периодот од 27. до 31 мај, а потоа се очекува да продолжи Серија А.
Ова значи во текот на јуни и јули ќе гледаме фудбал во Италија, а потоа во август ќе следи најдоброто завршницата во ЛШ и ЛЕ.
