Author: kamenica.mk marketing
Поради зголемен обем на работа, компанија нуди сигурна и одлично платена работа во фабрика за железо во Белгија. Заинтересираните треба да бидат од машки пол, на возраст до 35 години и да поседуваат бугарски пасош или словенска виза. Компанијата обезбедува сместување и превоз до работа. Со работа се започнува од почетокот на месец август, а заинтересираните кандидати можат да ги достават своите податоци и сите дополнителни прашања на следнава фејсбук фан страна – Palmas 2016, на 077 559 259 или на viber на следниов број 0032 493 77 73 19.
Се продааваат (цени по договор): – 7 компјутери 1. AMD Athlon 2,8GHz RAM 5 GB HDD 500 GB Windows 10 pro 2. Intel Core2 Duo 2,8 GHz RAM 4 GB HDD 500GB Windows 7 3. Intel Core2 Duo 2GHz RAM 1 GB HDD 500GB Windows 7 4. Intel Celeron 2,6 GHz RAM 3GB HDD 80GB Windows 7 5. Intel Pentium G3240 3,10GHz RAM 8 GB HDD 500 GB Windows 10 6. AMD Athlon 2,5 GHz RAM 2 GB HDD 80 GB Windows 7 7. AMD Athlon IIx2 2,8 GHz RAM 6 GB HDD 500 GB Windows 7 – Playstation 4…
Мајстор од Македонска Каменица врши градежни работи, претежно ѕидарски работи и професионално лепење на сите видови плочки. Договорените услуги се вршат бргу и квалитетно, а надоместокот за извршената работа е по претходен договор. Телефон за контакт: 070 363 151
Драги пријатели, со огромно задоволство ве информираме дека Парк Панорама организира вистинко петочко уживање со голема доза на смеење и пријатна музика во одличниот природен амбиент. *STAND UP COMEDY со Марјан Георгиевски * музички настап на VICTORY BAND Почетокот на овој настам е закажан за 20.00 h. ( 03.07.2020, петок) Резервации на тел: 077 657 373 ВАЖНО: Согласно со препораките на Владата местата се ограничени и затоа резервирајте на време. Секој гостин добива гратис заштитна маска.
Во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 85 – Куманово 24 – Дебар 3 – Штип 5 – Прилеп 3 – Тетово 18 – Струга 5 – Охрид 9 – Гостивар 2 – Гевгелија 1 – Крива Паланка 1 – Кочани 1 – Македонски Брод 1 – Валандово 1 – Свети Николе 2 – Ресен 2 – Неготино 1 Починати се две лица од Скопје и Тетово. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по…
Во последниве 24 часа во земјава починале 7 пациенти позитивни на вирусот Ковид-19, јавува телевизија Алсат-М. Според информациите на телевизијата, 6 од нив починале во болницата „8 Септември“, а еден во Клиниката за инфективни болести. Со ова вкупниот број починати во нашата земја достигна 140. Дел од медиумите јавуваат пак, дека во земјава во изминатите 24 часа се регистрирани осум смртни случаи.
Каменичката Шумска полиција информираше дека се фатени дрвокрадци во село Дулица. Станува збор за два одделни случаи, при што во првиот случај се запленети тринаесет метри кубни огревна дрвна маса и истата е предадена во шумски плац. Во вториот случај во двор на семејна куќа е затечена бесправно исечена и складирана дрвна маса во количина од шест метри кубни и таа исто така е одземена. Против сторителите се поднесени соодветни пријави. Од Шумската полиција апелираат дека ќе има зголемени контроли и бараат од населението да ги почитува законите и да не врши бесправна сеча на шумите.
Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека од недела носењето маски на отворено ќе биде задолжително. Оние што нема да го почитуваат тоа ќе бидат казнети со максимум 200.000 риали (49.000 евра), пренесува Гардијан. Прекршителите може да бидат затворени и до три години, се вели во соопштението на профилот на Министерството на Твитер.
Полициска патрола пресретна мигрант од Алжир со украдено возило во селото Саса, по што тој бил приведен во полициската станица во Македонска Каменица. -Полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица, во с.Саса го лишија од слобода О.Н.(24) од Алжир, затоа што одзел патничко моторно возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, кое во СВР Куманово на 11.05.2020 година било пријавено за одземено. О.Н. е предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка, а одземеното возило е вратено на сопственикот, се вели во соопштението од полицијата. Мигрантот вниманието на полицијата го привлекол, откако неколку дена претходно возилото било пријавено како украдено, а било…
Од понеделник ќе почне етапно олабавување на мерките. Комисијата за заразни болести на Владата и препорачала органичувањето на движењето да продолжи да важи до 23 мај, но од понеделник граѓаните најверојатно ќе добијат два часа повеќе за завршување на дневните обвски. Полицискиот час ќе остане, но ќе почне од 21 часот навечер. Идниот понеделник ќе отворат и кафаните и трговските центри, но им се наложува скратено работно време. Ќе работат од 10 до 18 часот секој ден, освен недела, јавува Телма. Во недела остануваат затворени. И купувачите и вработените во продавниците ќе мора да носат заштитни маски, и задолжително да…
