Author: kamenica.mk marketing
Двајца мажи вчера се најдени починати во своите домови во Гостивар и Демир Капија. Во полициска станица во Неготино родител пријавил дека го пронашол починат својот 33-годишен син, во семејната куќа на улица „Радњанска“ во Демир Капија. Во гостиварската полиција маж пријавил дека во куќа на улицата „ЈНА“ го пронашол починат својот 68-годишен татко. Според пријавеното, тој имал претходни здравствени проблеми. Во двата случаи увид извршила полицијата и медицинска екипа. Телата на двајцата починати се предадени на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Во Кочани за време на полицискиот час откако е воведен во државата, полицијата има многу работа. Речиси и да нема ден кога нема интервенција. Вечерва пак се случи поголем инцидент. На раскрсницата помеѓу улиците “Димитар Влахов” и “Стево Теодосиевски” се случи сообраќајна несреќа, откако автомобил со штипски регистарски таблици удри во службено полициско возило. Набрзо потоа на местото на несреќата дошла и Брзата помош, но засега нема детални информации за повредени. ИЗВОР: pogled.mk
На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче најави дека за празниците кои следат ќе се почитуваат и применат мерките кои во моментот важат односно забрането целосно движење. Ова значи дека граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови од 16 часот во петок до 05 часот наутро во понеделник. Тоа се повеќе од 6о часови.Иако првично ваква мерка беше донесена само за Куманово, полицискиот час што ќе трае повеќе од 60 часа е мерка што сега важи за цела Македонија. Ова значи дека граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови од 16.00 часот во петок до…
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, по осум во Прилеп и Велес, два во Струга и по еден случај во Тетово, Кочани и Пробиштип. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: – Скопје – 273 – Куманово – 143 – Дебар – 49 – Штип-20 – Прилеп –46 – Тетово – 30 – Струга – 30 – Велес – 18 – Битола…
Во време кога целиот свет е соочен со опасна пандемија, а сите мисли и напори се насочени кон зачувување на здравјето на луѓето, од огромно значење е и обезбедување на конкретна поддршка за најранливите категории на граѓани. Каменичките компании, како и во минатото, така и сега покажауваат огромна општествена одговорност. Иако многу од нив се соочени со сериозни економски загуби, тие не забораваат дека на дел од локалната заедница му е потребна помош. Први кои реагираа и се придружија на помошта која ја обезбедува локалната самоуправа се Ресторан „Шизик“, „Величковски Комерц“ и „ВинПро“. Овие фирми обезбедија основни прехрамбени продукти кои…
Министерството за труд и социјална политика ги информира домаќинствата кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија за правото на гарантирана минимална помош. Со цел олеснување на последиците од здравствено-економската криза, со Уредба со законска сила за примена на Законот за социјалната заштита за време на вонредна состојба, овозможен е брз пристап во системот на социјална заштита. За добивање минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци. Износот на правото зависи од бројноста…
Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30-ти март беше примена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје каде роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот. Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31-ви март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење.
Градоначалникот на Чешиново-Облешево Горанчо Крстев е првиот функционер во Македонија кој е позитивен на коронавирусот. Тој за Канал 5 вели дека се чувствува добро и е без симптоми. Иста е состојбата и со неговата сопруга. Двајцата се тестирале откако дознале дека берберот, кај кого бил Крстев на 23-ти март е позитивен на вирусот. -Јас сум во самоизолација 8 дена се чувствувам многу добро, немам никакви симптомни, ни температура, се чувствувам многу добро . Со тоа што откако имав контакт од 23ти до сега 17-18 дена откако сум имал контакт со заболениот бербер, вели Горанчо Крстев за Канал 5. Градоначалникот Крстев вели дека…
Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 261 Куманово – 130 Дебар – 49 Штип-20 Прилеп – 38 Тетово – 29 Струга – 28 Велес – 10 Битола – 8 Охрид – 3 Кавадарци – 3 Гостивар – 4 Гевглелија – 4 Струмица…
Веќе неколку години општина Македонска Каменица остварува одлична соработка со италијански општини во кои живеат и работат поголем број Каменичани. Оваа соработка е поинтензивна со општините Касине и Рикалдоне, со кои веќе е потпишан и Меморандум за соработка. Имајќи во предвид дека овој период сите се погодени и се во беспоштедна битка со коронавирусот, меѓусебната помош, поддршка и размена на искуства е повеќе од потребна. Во таа насока, Соња Стаменкова – градоначалничка на општина Македонска Каменица упати писмо со поддршка до општините Касине и Рикалдоне, но и до цела Италија. Периодов кој следи ќе бидат разгледувани и можностите за меѓусебна…
