Author: kamenica.mk marketing

Едно лице од Кочани, ја загуби битката со корона вирусот, потврдуваат за „Слободен Печат“ официјални извори од Општина Кочани, односно од градоначалникот Николчо Илијев. Веста ја добил утринава од член на потесното семејство на починатиот. Семејството е во изолација и барало помош да се организира погребот. Општина Кочани е вклучена во помагање.. Последен пат се слушнав со него во четвртокот, ми кажа дека има болки и дека ќе го приклучат на апарати. Беше на Инфективното одделение во Скопје, изјави Илијев за „Слободен Печат“. Неофицијално, жртвата е околу 40 години. Извор: Слободен печат

ПОВЕЌЕ ...

Луѓе што немаат симптоми можат да инфицираат други со зборување, но дури и најобична маска може да не спречи да шириме заразни капки. Може да влезеш во продавница и да заразиш луѓе без да знаеш. Некои можат и да умрат. Не морате да носите премногу „фенси“ маска. Дури и едноставно парче ткаенина која ја покрива устата може да го спречи убиецот. Весникот The Wölfel наведува дека мораме да ги фокусираме нашите напори за да го спречиме прскањето на капките. Ова е поради тоа што вирусот се пренесува преку капките од плунката кога зборуваме. Не можеме да ги видиме но, тие…

ПОВЕЌЕ ...

Во последниве 24 часа од последици од коронавирусот починаа 5 лица, дознава Алсат. Од нив 1 од Скопје, 2 од Куманово, 1 Струга, 1 Велес, Со ова вкупниот број на смртни случаи во земјава достигна 17. Според нашите податоци, последново деноноќие позивитни на вирусот се 53 лица. По градови: Скопје – 13 Струга – 14 Куманово – 8 Штип – 5 Прилеп – 2 Тетово – 2 Кочани – 6 Велес – 1 Гостивар – 2

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува  384 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:        Скопје – 195        Куманово – 62        Дебар – 47        Штип – 15        Прилеп – 21        Тетово -13        Струга – 9        Велес –…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања. Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп – 1. Со ова,…

ПОВЕЌЕ ...

Во време кога целиот свет е соочен со опасна пандемија, а сите мисли и напори се насочени кон зачувување на здравјето на луѓето, од огромно значење е и обезбедување на конкретна поддршка за најранливите категории на граѓани. Каменичките компании, како и во минатото, така и сега покажауваат огромна општествена одговорност. Иако многу од нив се соочени со сериозни економски загуби, тие не забораваат дека на дел од локалната заедница му е потребна помош. Први кои реагираа и се придружија на помошта која ја обезбедува локалната самоуправа се Ресторан „Шизик“, „Величковски Комерц“ и „ВинПро“. Овие фирми обезбедија основни прехрамбени продукти кои…

ПОВЕЌЕ ...

Од недела почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот. Летното сметање на времето завршува на 25 октомври во 3 часот по полноќ. Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот во земјите од Европската унија. Предлогот беше усвоен од страна на Европскиот парламент, но сепак секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

ПОВЕЌЕ ...

На две лица фатени во Македонска Каменица им е поднесена кривична пријава за непочитување на полицискиот час. Овие лица ќе бидат обвинети за прекршување на забраната за движење во периодот од 21:00 до 5:00, согласно член 206 од Кривичниот законик, велат од полицијата. Надлежните институции континуирано ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките, заради тоа што се работи за доброто на сите.

ПОВЕЌЕ ...

„Аџибадем Систина“ набави 15.000 тестови за детекција на Ковид-19. Капацитетот е до 300 тестови дневно по цена од 1.200 денари. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ започнува со тестирање за детекција на коронавирусот (Ковид-19). Тестирањето се врши единствено со претходно закажување термин преку телефонскиот број 02 3099500, достапен 24/7. Пациентите кои немаат закажано термин за тестирање нема да бидат примени за земање примерок. Пациентите кои ќе дојдат на тестирање треба да носат заштитна маска. Тестот кој се користи е високопрецизен брз хроматографски тест за детекција на IgG и IgM антителата кои се создаваат од коронавирусот (COVID-19). Комбинираната употреба на IgG и IgM тестот може…

ПОВЕЌЕ ...

Групата Каменичани кои се во задолжителен карантин во Демир Капија се добро, немаат симптоми кои се последица од Ковид – 19 и ги одбројуваат деновите пред да се вратат дома. Имено, тие на враќање од Белгија, веднаш по пристигнувањето на македонската граница се пренесени во Демир Капија. Нивнта здравствена состојба се следи и засега се е во ред. Оваа група Каменичани на сите сограѓани им порачува: ОСТАНЕТЕ ДОМА, БИДЕТЕ БЕЗБЕДНИ!

ПОВЕЌЕ ...