Author: kamenica.mk marketing
Иако не му „цветаат рози“ во Втората македонска фудбалска лига, ОСОГОВО уште еднаш докажува дека е неприкосновен владетел на социјалните медиуми. Погледнете го најновото хит видео кое го објавија на официјалниот инстаграм профил. https://www.instagram.com/p/B57Pnwyn_9Z/?igshid=1sukr4p4qpicc&fbclid=IwAR3ErG2a_UpwxQ9zSWyO9ilr0Oi8AFxgFvTrcwCdJk4e1CiQpDO__Xz9EqA
По комплетирани тринаесет кола од Првата македонска женска фудбалска лига, ЖФК КАМЕНИЦА САСА е лидер во првенството и официјален есенски шампион на Македонија. Одличните и доминантните игри на каменичките девојки влеваат надеж дека овој тим ќе остане лидер до крајот на сезоната и дека ќе ја донесат титулата во Македонска Каменица. Само четири примени гола, седумдесет и еден постигнат, дванаесет победи и еден нерешен резултат е епилогот од досегашниот дел од сезоната. Сериозниот пристап дава резултати и е поттик за идни вложувања во женскиот фудбал. Каменичани очекуваат титула и се надеваат дека тоа ќе се случи уште оваа сезона. www.kamenica.mk…
Дамјан Стоименовски од Македонска Каменица уште еднаш го покажа својот раскошен музички талент. Денес го објави најновото видео, ковер на мегапопуларната „Мајко“ од Влатко Лозаноски – Лозано. Беспрекорната изведба слушнете ја на линкот подолу https://www.youtube.com/watch?v=-LrBf4mLEuM&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3HPbj7vtrDje10oAkWC5Bwv2Xdx-r4T8STF4pJTHf8Y7IRWBtEIpB9SbY Следете не на Instagram и Facebook или станете наш subscriber на Youtube.
Фирмата ДОО „Овче Поле Агропром“ од Свети Николе посредува во подготвување и поднесување на документи во Италија за сите нашинци кои работат во оваа европска земја. Фирмата посредува при поднесување на БАРАЊА ЗА НЕВРАБОТЕНОСТ (DISOCCUPAZIONE), ДЕТСКИ ДОДАТОК (ASSEGNO FAMILIARE), МОДЕЛ 730 (SETE TRENTA) и слично. За Вашите потреби ангажирајте врвни професионалци! Телефони за контакт: 077 977 279 – Александар 077 725 678 – Сање Следете не на Instagram и Facebook или станете наш subscriber на Youtube.
Маријана Алексовска боледува од карцином на црниот дроб. Потребна и е итна операција во Германија, во најкраток можен рок. Кутија за донации ќе биде поставена во Cliff of Moher Pub, веќе од утре (петок, 06.12.2019) и сите гости ќе можат да донираат согласно можностите. Cliff of Moher ќе го донира целиот приход кој го има остварено од продажба на билети за Таксират Фестивал. Трансакционата сметка на која можат до донираат граѓаните е 210-7000006555-65, а број за контакт – 077 513 719.
Фудбалската Федерација на Македонија го организира традиционалниот гала настан „Најдобрите во Македонскиот Фудбал за сезона 2018/19“. Сепак, нејасно е како најдобриот стрелец во Македонската прва фудбалска лига за сезоната 2018/2019, каменичанецот Влатко Стојановски, не се најде во потесниот избор за најдобар фудбалер. Стојановски со 18 постигнати гола беше апсолутен владетел на македонските терени, по што направи трансфер во француски Ним, а веќе го постигна и својот деби гол за македонската репрезентација. Некој во ФФМ сериозно мора да размисли. Линкот за гласање е ТУКА.
Вчера, во Скопје, министерот за економија Крешник Бектеши ги доделуваше статуетките и плакетите во рамки на дванаесетата традиционална годишна манифестација – Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија, во организација на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност (КТООП). Оваа година на конкурсот за наградата се пријавија вкупно 30 проекти од 22 македонски претпријатија. На конкурсот за наградата аплицираа 7 мали и средни претпријатија со 7 проекти и 15 големи претпријатија со 23 проекти. Добитници на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатијата 2019, во вид на статуетки во петте различни категории…
ПЕКЕ ДООЕЛ Делчево во соработка со туристичката агенција HORIZONT REISEN започна со вршење на услугата превоз на патници и испорака на пратки до Швајцарија и назад. Обезбедете си билет навреме во канцеларијата на ПЕКЕ ДООЕЛ Делчево во комплекс Делчевчанка, влез 2, а повеќе информации може да побарате на 077-96-74-74. Тргнувањето од Македонска Каменица за Швајцарија е секој среда и сабота, додека од Швајцарија за Македонија превозот се врши секој вторник и петок. Контакт телефони: 0041791959541 и 0041762777916. ПЕКЕ ДООЕЛ Делчево врши и секојдневна испорака на вашата пошта и пратки насекаде низ Македонија. За брза испорака на Вашите пратки можете да се јавите на 077-96-74-74. Освен тоа…
Време е за радикални промени, за вистинска зелена револуција. Децениска негрижа, нема што не е загадено, девастирано, затруено. Бројни организации обединети во О2 иницијативата за во петок во 17 часот пред Министерството за животна средина закажаа Марш за чист воздух – #зеленареволуција. „Доста ни е чекање, од година во година, бараме РЕАЛИЗАЦИЈА, конкретна, брза. Ако барањата не се исполнат, ќе повикаме на бојкот на изборите. Гласање за политичари кои нудат решенија само на хартија, а резултатите се сегашниве катастрофални состојби, не очекувајте!“ – стои во објавата на фан страната на О2 Иницијатива. Повеќе информации побарајте на следниот ЛИНК. Следете не…
Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди утринава регионот на грчки Крит. Според објавените податоци, земјотресот бил регистриран во 9:23 часот по локално време. Повеќе детали наскоро. Следете не на Instagram и Facebook или станете наш subscriber на Youtube.
