Author: kamenica.mk marketing

Српската група Галија е првото име кое и официјално е потврдено за најголемата културна манифестација во Македонска Каменица – Каменичко Културно Лето. Еден од најпопуларните бендови во поранешна Југославија доаѓа во малиот рударски град во рамки на нивната сеуште актуелна турнеја „Galija još uvek sanja“ и е подготвен да приреди спекатакуларен концерт. Групата „Галија“ е основана во 1977 година, но нивните хитови сè уште се свират речиси на сите свирки на музичари низ поранешна Југославија. Во нивната дискографија се запишани 21 музички албум, а како најголеми хитови се издвојуваат„Старе трубе“, „Дигну руку“, „На твоје стране кревета“, „Још увек сањам“, „На…

ПОВЕЌЕ ...

Се продаваат плацеви во централното градско подрачје во Македонска Каменица. Плацевите се со имотен лист, во урбанизирано подрачје и на извонредна локација. Доколку сте заинтересирани за повеќе информации обратете се на следниов телефонски број – 071393544. Лице за контакт – Тони.

ПОВЕЌЕ ...

Вчера вечерта во периодот од 01.30 до 05.00, од двор во Македонска Каменица се украдени две расни кучиња. Кучињата се од расите шарпланинец и белгиски овчари се од непроценливо значење за сопствениците. Доколку имате било каква информација поврзана со кражбата на кучињата контактирајте ја Леонтина Џевелекова.

ПОВЕЌЕ ...

Уште десетина дена не делат до најдоброто музичко доживување за ова лето Green Beach Festival, фестивал кој годинава се одржува по десетти јубилеен пат. Местото на одржување на Green Beach Festival е во Струга, во непосредна близина на хотелот Еуротел, а годинава тој е закажан за 1-ви и 2-ри Август. На 1-ви Август публиката ќе ја има честа да го слушне легендарниот Paul Kalkbrenner со неговиот live настап. Тој е еден од водечките продуценти нна денешницата, симбол на Берлин кој пак е град-престолнина на современата електронска сцена. Овој неповторлив уметник преку своите сетови успева да биде врвен и на андерграунд и…

ПОВЕЌЕ ...

Фирмата Де Пласт Монт продолжува се реализација на проекти од широко општествено значење. По донациите и спонзорствата во спортот, односно за КК Баскет Кам и ЖФК Каменица Саса, оваа компанија донираше столарија за црквата „Свети Пророк Илија“ во Македонска Каменица. Од Де Пласт Монт најавуваат уште поголема ангажираност кон локалната заедница, а во тек е и изградбата на новиот производствен погон каде што ќе има и нови вработувања.

ПОВЕЌЕ ...

Компанијата „Де Пласт Монт“ која се занимава со производство на ПВЦ и алуминиумска столарија и различни видови на ролетни, започна со изградба но нов, модерен производствен погон во Индустриската зона во Македонска Каменица. Очекувањата се дека објектот ќе биде комплетно завршен до есента оваа година и дека во овој погон ќе има десетина вработени. Со изградбата на новиот производствен погон, „Де Пласт Монт“ значително ќе го зголеми и квалитетот и квантитетот на производи со што пак ќе биде една од водечките компании за производство на столарија во Источна Македонија.

ПОВЕЌЕ ...

Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“ ја завршува сезоната со уште еден огромен успех. Освоен е бронзен медал во категоријата М-12 во машка конкуренција. Денес, во Скопје, во борбата за третото место на завршниот Ф4 турнир на Македонија (М-12) КК „баскет Кам“ успеа да слави над КК Куманово од Куманово со 43:38. Со денешниот успех се заокружува успешната сезона на каменичкиот клуб каде веќе се прават планови за уште поголеми успеси во наредната натпреварувачка сезона.

ПОВЕЌЕ ...

Местенките и несоодветното креирање на составите во женските кошаркарски репрезентации на Македонија продолжуваат. Иако, во првичниот список објавен на официјалната страна на КМФ (05.06.2019 година),  се наоѓаа неколку кошаркарки од КК Баскет Кам од Македонска Каменица, по интервенции од други клубови, селекторките Жаклина Стојановска и Анета Глигорова, без никаква разумна причина, решиле истите да бидат отстранети. Парадоксот во ваквото однесување на селекторките е во тоа што каменичките кошаркарки важат за едни од најталентираните во државата, а ЖКК „Баскет Кам“ неколку години по ред е учесник на завршните Ф4 турнири. На овој начин е нанесена огромна штета и неправда и кон…

ПОВЕЌЕ ...

Фирмата  ЕВКА-КАМ од Македонска Каменица бара ОПШТ РАБОТНИК. Лицето треба да биде од машки пол, до 29 години и не е потребно искуство за оваа работна позиција. Платата и другите услови поврзани со работата ќе бидат утврдени директно во продажниот салон на ЕВКА-КАМ или на телофонскиот број 078 318 886.

ПОВЕЌЕ ...

Фудбалската федерација на Македонија информира дека веќе се подготвени ваучерите за спорт од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС), а финансиски бенефит од институцијата ќе добијат вкупно 26 пријавени клубови. Клубовите на кои им е доделен ваучер од страна на Агенцијата за млади и спорт, ќе може да го подигнат од 11 јуни во просториите на Фудбалската федерација на Македонија. Најмногу од сите доби Работнички, а потоа следат Вардар, Шкендија, Пелистер, Македонија ЃП, Академија Пандев, Тетекс, Шкупи, Ренова, Победа, Брегалница, Гостивар, Скопје… Агенцијата за млади и спорт додели ваучери на следните фудбалски клубови: ФК РАБОТНИЧКИ, ваучер во висина од 6.705.900.оо денари; ФК ВАРДАР, ваучер во висина од 6.407.860.оо денари; ФК ШКЕНДИЈА, ваучер во висина…

ПОВЕЌЕ ...