Author: kamenica.mk marketing

Студентите од насоките рударство и геологија на Факултетот за природни и технички науки, предводени од своите професори во петокот, на 19.04.2019 година го посетија рудник „Саса“ во Македонска Каменица. Цел на оваа посета беше студентите да се запознаат со технолошкиот процес на експлоатација и подготовка на минералната суровина. Студентите влегоа во рударските јами, го видоа процесот на експлоатација, начинот на подградување и рударската механизација, потоа отидоа во погонот за флотација, каде ги разгледаа внатрешниот транспорт, добилките, млиновите, како и машините за флотација, се до добивање на финален производ, оловен и цинков концентрат. На крај од работниот ден студентите беа видно…

ПОВЕЌЕ ...

Според информации од неколку возачи, на патот Македонска Каменица – Кочани утринава има одрони, а на едно место се вози само на една коловозна лента. Сообраќајот не е во прекин, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината. Се очекува дека во текот на денот екипи на Македонија пат ќе го расчистат патниот правец.

ПОВЕЌЕ ...

Доктори, полицајци и војници се најголем дел од оние кои доброволно ги напуштиле јавните служби на Македонија во текот на 2018 година и почетокот на 2019 година.  За егзодусот на вработени зборуваат податоците од  Министерство за информатичко општество и администрација, според кои во текот на 2018 година од државните институции отказ дале 524 вработени, а на почетокот од 2019-та таа бројка изнесува 162 вработени во јавниот сектор, објави Алсат. повеќе прочитајте на https://faktor.mk.

ПОВЕЌЕ ...

На денешниот натпревар кој се одигра во Македонска Каменица, екипата на Саса забележа нов минимален пораз од Брегалница Штип. Голот за гостите го постигна Ристе Наумов во 75-тата минута. Со овој пораз Саса останува на последното место на табелата во Втората Македонска Фудбалска Лига. На останатите натпревари од ВМФЛ се постигнати следниве резултати: Плачковица – Борец 0-0 Кит Го – Детонит јуниор 3-0 Партизан Обршани – Тиквеш 0-3 Вардар Неготино – Кожуф 0-3

ПОВЕЌЕ ...

Блерим Река, Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски, очи во очи на Телевизија Телма во првата претседателска дебата. Гледајте го првото соочување на аргументите на тројцата претседателски кандидати на Телма со Сања Васиќ. Следете ја дебатата на следниот линк: https://www.facebook.com/TVTelma/videos/334917304047177/ 

ПОВЕЌЕ ...

Поради недоволни финансиски средства и немање соодветни услови за работа Футсал Клуб „Рудник Саса“ најверојатно ќе прекине со натпреварување во оваа натпреварувачка сезона. Во известувањето кое интернет порталот kamenica.mk го доби од клубот стои следново: „Футсал Клуб „Рудник Саса“ неколку години успешно се натпреваруваше во македонските футсал лиги и беше достоен спортски репрезент на Македонска Каменица. Опстојувањето на клубот и неговото учество во регуларнотот првенство е речиси невозожно поради недоволните финансиски средства. Клубот упатува искрена благодарност до Рудник Саса за финансиската поддршка за обезбедување на превоз за гостински натпревари, како и за севкупната поддршка во изминатите години. Огромна благодарност упатуваме…

ПОВЕЌЕ ...

Компанија нуди сигурна и одлично платена работа во фабрика за железо во Белгија. Заинтересираните треба да бидат од машки пол, на возраст до 35 години и да поседуваат бугарски пасош. Со работа се започнува веднаш, а заинтересираните кандидати можат да ги достават своите податоци на следнава фејсбук фан страна – Palmas 2016 или дна viber на следниов контакт телефон – +32 493 77 73 19, лице за контакт – Мартин.

ПОВЕЌЕ ...

Со јавна објава на социјалните медиуми, Даниела Митревска од општина Македонска Каменица се откажа од дневниците кои и следуваат за службени патувања во државата и странство. Сите овие финансиски средства ќе бидат донирани за лица кои во периодот на исплата на дневниците ќе имаат потреба од медицинско лекување. Во продолжение е интегралниот текст од објавата: Јас, Даниела Митревска, вработена во општина Македонска Каменица, на работно место Советник за управување и координирање со човечки ресурси, бев избрана и поканета да учествувам во тренинг-програма за „Интегритет на државните службеници“ во Хаг, Холандија. Издатоците за сместување, исхрана и превоз беа обезбедени од Министерството…

ПОВЕЌЕ ...

Од засега непознати причини гори депонијата во Македонска Каменица. Екипи на локалната ТППЕ се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот, а нивната работа дополнително е отежната поради огромната количина на пластика и други лесно запаливи материјали во отпадот. Во моментов постои можност за проширување на пожарот и на околната шума, што пак ќе биде причина за затварање за сообраќај на патниот правец Македонска Каменица – Делчево. kamenica.mk очекува и официјална информација од надлежните која ќе биде дополнително објавена.

ПОВЕЌЕ ...

Советниците од Општина Охрид донесоа едногласна одлука да не се даваат пари од општинска каса за концертите што ќе се одржуваат во летниот период, а кои се во организација на приватни продукции. Ваквиот предлог доаѓа откако изминативе години неколку продукции инкасирале милиони денари од општинската каса. Лани, Општина Охрид со народни пари финансирала пет концерти и на организаторите им исплатила 5.649.000 денари. Парите ги зеле два правни субјекта „БМЈ Медиа гроуп“ издавач на „1ТВ“, чиј сопственик е Бојан Јовановски, и „Самоорганизација букинг“ застапник на „Аволон продукција“, чиј сопственик е Бобан Милошески.

ПОВЕЌЕ ...