Author: kamenica.mk marketing
Македонска Каменица, 07.03.2019 – Претстојниот викенд (08.03 – 10.03.2019) во Македонска Каменица ќе се одржи Осмомартовски Панаѓур. Место на оддржување ќе биде платото кај автобуската станица, долж кејот на Каменичка река. Широк асортиман на разновидна стока од секаков вид ќе биде изложена на големиот број штандови поставени токму за купувачите и посетителите од Македонска Каменица и околните градови и населени места. Настанот е помогнат и поддржан од Локаланата самоуправа на Македонска Каменица.
Рудар загинал утрово во рудникот „Бучим“ во Радовиш. Извори за „Република“ откриваат дека станува збор за маж околу 50 години. Итната помош и полицијата се на терен, неофицијално рударот паднал од голема висина по што починал на лице место. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот. текстот е преземен од republika.mk.
Noisia доаѓаат на Д Фестивал во Дојран! Светските bass суперѕвезди и трикратни сопственици на Beatport наградите за најдобар d’n’b состав, со својот DJ set ќе ја предводат програмата на Main Stage во сабота, 13-ти јули. Спреми се, синонимот за музичка прогресивност, техничка иновативност и безмилосна контрола на квалитетот доаѓа во Дојран. Ран корморан билетите за Д Фестивал се веќе пуштени во продажба, а во Македонска Каменица истите може да си ги резервирате во Cliff of Moher Pub.
Овие млади девојки ни доаѓаат од Полска. „Тулиа“ е состав од четири млади девојки кои во етно верзија ја обработија песната „Nothing Else Matters“ од светски познатиот бенд Металика. Нивната верзија го воодушеви светот и веќе имаат милиони прегледи на социјалните мрежи. https://www.youtube.com/watch?time_continue=20&v=09NqLjHJtGQ
Компанија нуди сигурна и одлично платена работа за заварувачи со CO2 апарати во Белгија. БАРАМЕ: Лица со ЕУ пасош или словенска виза кои можат да започнат со работа веднаш Добра физичка подготвеност Стручно знаење или работно искуство како заварувач Подготвеност за сменска работа Нашата компанија обезбедува: Бесплатно сместување Плата: од 10-12 евра на час (нето износ) Бесплатен превоз Осигурување во Словенија Заинтересираните кандидати можат да ги достават своите податоци на следниов фејсбук профил – https://www.facebook.com/marthinnferush.malchev или на Viber на следниов контакт телефон – 0032 493 77 73 19.
Директорите на јавните препријатија и установи во државава кои не знаат странски јазик ќе добијат отказ. Законот им дозволува истиот да го научат или да обезбедат доказ дека поседуваат еден од меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на странски јазик не постар од пет години. Сертификатот треба да го обезбедат најдоцна за една година откако се поставени на функциите. Исто така согласно Законот за државни службеници за да едно лице биде именувано за раководна функција мора да познава странски јазик. Од септември минатата година сите директори на јавните установи кои нема да обезбедат доказ дека познаваат странски јазик…
Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“, од сопствени средства, обезбеди новогодишни пакетчиња и спортски реквизити за лицата со посебни потреби кои го посетуваат Дневниот центар во Македонска Каменица. Денешната активност е на иницијатива на неколку членови од КК „Баскет Кам“ и е со цел комплетна интеграција на лицата со посебни потреби во општественото живеење, а вакви и слични акции најавија и во наредниот период. На денешната активност присуствуваа и Соња Стаменкова – градоначалник на општина Македонска Каменица и Олег Телној – генерален директор на Рудник „Саса“, кои се и главни спонзори на кошаркарскиот клуб. КК „Баскет Кам“ на сите граѓани им ги…
На официјалната фејсбук фан страна, СОУ „Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица ја окарактеризира годината што изминува како мошне успешна и објави Отчет за реализираните проекти во 2018 година. Ова се реализираните проекти за 2018 година: -опремен кабинетот по информатика со 16 нови компјутери, -набавени се нови лап топ компјутери за беспрекорно одржување на наставата, -опремени училници со телевизори преку кои се врши настава на учениците, -набавен е разгласен систем -од самото осамостојување за прв пат се изврши белење на сите училници, -реновирани три училници со спуштање на плафони (се со цел да подобро затоплување на училниците), -направена е летна…
Крвна одмазда во Швајцарија Во малото швајцарско село Рути, ноќта околу 2 часот, на Божиќ со неколку истрели од огнено оружје бил убиен сопственикот на ресоранот „Барен“ И.Истрефи (51 година) по потекло од Струга. Швајцарските медиуми известуваат дека станува збор за крвна одмазда и нетрпеливост помеѓу две непријателски македонски семејства, бидејќи се верувало дека Истрефи го убил Дилавер Бојку Леку, чиј пак, брат и син во 2015 година го убиле едниот син на Истрефи на возраст од 23 години, а го раниле помалиот син кој тогаш имал 18 години, на патот кон Горна Белица, Струшко. Сопственикот на ресторанот бил убиен…
Вчера изутрина, во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ било донесено 17-годишно девојче со убодна рана во пределот на левото рамо. Девојчето било повредено во скопското средно училиште „Арсени Јовков“, а повредата му била нанесена од 15-годишно лице кое учело во истото училште. Од МВР посочија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
