Author: kamenica.mk marketing

Две холандски момчиња, патувајќи низ Албанија, успеале да влезат и во фамозното село Лазарат, каде биле шокирани од садниците канабис сатива кои достигнувале висина од три метри со кои било „запоседнато селото“. Дан Вонк и Тео Ролофс патувале со мотор па слободно можеле да влезат таму каде што на полицијата не и е дозволено, пренесуваат албанските медиуми. Како што се гледа и од фотографиите кои ги направиле канабисот се одгледува и во куќните дворови. Во многу акции албанската полиција има запленето големи количини на марихуана во подрачјето на Ѓирокастро, за кои тврди дека се од споменатото село. Поширокото подрачје на…

ПОВЕЌЕ ...

Зоолошката градина во Индијанаполис се обидува да открие зошто лавицата Зури го нападна и уби лавот Ниак по 8 години заеднички живот. 12-годишната лавица го нападнала 10-годишнишниот Ниак вчера, пред отворањето за посетители. Заедно живееле 8 години и имале три младенчиња. Ниак е позајмен од зоолошката градина во Сан Диего. Вработените навеле дека слушнале силна бука од просторот за лавови и иако се обиделе да ги раздвојат, Зури со забите го држела лавот сè додека тој не престанал да се движи.

ПОВЕЌЕ ...

Libero Travel организира атрактивни новогодишни патувања до неколку дестинации. Следејќи ги барањата и желбите на клиентите, веќе се објавени неколку супер понуди до Белград, Истанбул, Краков, Сараево и Будва. Сите понуди може да се разгледаат на подолните линкови: 1. Белград 2. Будва 3. Краков 4. Сараево 5. Истанбул 6. Истанбул + Принцески острови Libero Travel – Изобилство од дестинации! Либеро Травел Телефон: 033/ 272-800, 072/ 272-800 e-mail: liberotravel@yahoo.com Ул. Теодосија Паунов БР.16/2, Кочани

ПОВЕЌЕ ...

Поради зголемен обем на работа, компанија нуди сигурна и одлично платена работа во фабрика за железо во Белгија. Заинтересираните треба да бидат од машки пол, на возраст до 35 години и да поседуваат бугарски пасош. Компанијата обезбедува сместување и превоз до работа. Со работа се започнува веднаш, а заинтересираните кандидати можат да ги достават своите податоци и сите дополнителни прашања на следнава фејсбук фан страна – Palmas 2016.

ПОВЕЌЕ ...

Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, која ќе се одржи на 16 октомври по повод Светскиот ден за борба против гладта, од 10 до 19 часот на 33 локации во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница. Целта е да се поттикнат граѓаните да донираат храна и да го подигнат нивното ниво на солидарност кон тие што немаат. – Над 450.000 граѓани во Македонија имаат проблем да си обезбедат храна во текот на денот, односно имаат во просек по еден оброк дневно. На овие 33 локации граѓаните ќе можат…

ПОВЕЌЕ ...

Фирма во Словенија поради проширување на обемот на работа има потреба од мајстори-ѕидари. Заинтересираните кандидати треба да поседуваат бугарски пасош или важечка словенска работна виза. За работниците е обезбедено сместување, превоз до работа, a  се плаќа по 9 евра нето од работен саат. За повеќе прашања може да контактирате на вибер на следниов број: +32 467 14 53 23

ПОВЕЌЕ ...

Започна лотаријата за зелена карта за 2020 година со која се овозможување легален престој во САД и истата ќе трае до 6 ноември до 18.00 часот, соопшти Американската амбасада во Скопје. Заинтересираните можат да се пријават на официјалната веб страница www.dvlottery.state.gov, каде што има целосни инструкции. Од Амбасадата на САД велат дека за пријавување во програмата не се плаќа административна такса. На учесниците во лотаријата им се сугерира да чуваат копија од единствениот број од потврдата најмалку до 30 септември 2020 година, бидејќи тој број е единствениот начин преку кој ќе може да се провери дали некој е избран за…

ПОВЕЌЕ ...

На покана на општина Македонска Каменица и Културно-информативен центар „Романса“, Фолклорниот ансамбл за народни песни и танци при Народно читалиште “Георги Тодоров-1885” од Белица, Бугарија ќе биде специјален гостин на десетото „Каменичко Културно Лето“.  Настапот на овој бугарски фолклорен ансамбл е закажан за 26-ти август и е во насока на продлабочување на културната соработка помеѓу двете збратимени општини кои во изминатиот период заеднички реализираа неколку проекти во интерес на граѓаните. Соработката ќе продолжи и во иднина и веќе се најавени уште неколку заеднички активности кои се утврдени помеѓу градоначалниците на двете општини Соња Стаменкова и Радослав Ревански.

ПОВЕЌЕ ...

Културно-информативен центар „Романса“ и општина Македонска Каменица и оваа година традиционално ќе ја организираат манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2018“. Оваа манифестација се организира за одбележување на 28-ми август – Ден на општината и Ден на рударите. Цел на  манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција  на  општина Македонска Каменица како значајна туристичка и културна дестинација, но истовремено е од огромно значење за поттикнување на угостителскиот сектор, малите и средните компании од прехранбениот сектор, локалното земјоделство и пчеларство, пред потенцијалните потрошувачи не само од Македонија, туку и од соседните земји. Оваа година манифестацијата ќе се одржи во  периодот…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера (09.08.2018), 750 млади членови на француската иницијатива Europ’Raid ја посетија Македонска Каменица. Тие патуваат дваесет дена во 23 европски земји со возила Пежо 205, односно поминуваат вкупно 10.000 км. Во Македонија ноќеваат единствено на манстирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица. Во рамки на посетата на Europ’Raid се оддржува солидарна акција при што беа донирани повеќе од 6 тони училишен прибор, материјали и спортски реквизити за ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и за локалните спортски клубови. Дел од нивниот престој во Македонска Каменица е  рели дефиле по улиците во централното градско подрачје, како и редица социјални активности и…

ПОВЕЌЕ ...