Author: kamenica.mk marketing

На кошаркарскиот Final Four турнир во женска конкуренција во генерација М-16 кој се оддржа во Македонска Каменица, на 02-ри и 03-ти јуни, екипата на ЖКК „Баскет Кам“ го постигна досега највисокиот пласман во клупското постоење со освојувањето на второто место. „Баскет Кам“ беше поразен во големото финале од екипата на „Бадел“ со резултат 55:37, со што скопската екипа ја одбрани титулата од ланската сезона. Третото место им припадна на кошаркарките на „Струга 2009“ кои ги совладаа кошаркарките на „Гостивар“. Медалите и пехарите за најдобрите три екипи оваа сезона ги доделија македонската кошаркарска легенда Стојна Вангеловска, каменичката кошаркарска гордост Бојан Трајковски…

ПОВЕЌЕ ...

По седум години, Kultur Shock се враќаат во Македонија и тоа во Македонска Каменица. Во еден текст кој неодамна беше објавен на хрватскиот портал  https://trusty.hr за овој бенд беше напишано следново: „Американскиот бенд предводен од Сараевец прави концерти со цунами енергија и полни со емоција, има стил кој тешко се дефинира, но обично ги опишуваат како џипси панк, рок, метал бенд со севдах моменти, односно како бенд кој го сакаат сите што ги слушаат и SOAD, Gogol Bordello, Manu Chao, Gang Of Four или The Pogues. Бендот е формиран во 1996 година од Srđan Jevđević и до денес има објавено…

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на Правилникот и Конкурсот за доделување на стипендии за ученици во основно и средно образование и на студенти запишани на државни универзитети, Комисија во состав од пет члена донесе Одлука за доделување на вкупно 18 стипендии. Со право на користење на стипендија за период од десет месеци се стекнуваат следниве ученици и студенти: -за основно образование: Анастасија Аврамовска, Александра Ристовска, Столе Јовановски, Лазар Стојановски, Дарко Атанасовски и Лина Стојчевска -за средно образование: Климентина Соколовска, Стефан Васовски, Мартин Ѓорѓиевски, Ангела Ристовска, Симона Мицоска, Елена Ангеловска, Ана Михаиловска и Викторија Стаменковска. -за високо образование: Дејвид Николовски, Афродита Ангеловска, Ирена Тачовска…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица – 22.05.2018 – Ученици од геолошко-рударска струка I и II година кои учат во СОУ “Миле Јаневски-Џингар” беа во посета на Рудник Саса. Тие се запознаа со безбедносните иструкции во рудникот, како и со начинот на работа, процесите и постапките при експлотација и преработка на олово-цинковата минерализација. Посетата ја реализираа наставниците Ема Стојковска-дипл. геолошки инженер, Славица Илиевска-дип. рударски инженер, Зоран Младеновски-дипл. машински инженер, во соработка со инженер за безбедност при работа Зоран Станојевски.

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајно воспитни манифестации за поголема безбедност на децата и младите во сообраќајот. Повеќе од 50 години  по ред,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  во соработка со МВР, МОН, ОСБСП ,  Локалните самоуправи и Здружението на наставници по техничко образование   ги организираат  сообраќајно воспитните манифестации  за деца  и млади  „ Детски семафор“ и „ Сообраќајно техничка култура на младите“. Континуираната  сообраќајна едукација на децата и младите е основен предуслов за долгорочно подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.  Сообраќајните навики и културата и етиката во сообраќајот се градат од мали нозе, а совладувањето на сообраќајните правила и прописи…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 18.05.2018 – Денес, во Македонска Каменица се оддржа настанот „За почиста и поубава Македонска Каменица“ во рамки на акцијата „Мрдни со прст“, која пак како проект се реализира од страна на НВО „КХАМ“ од Делчево во неколку општини во Источна Македонија. Учество во акцијата зедоа вработени од ЈП „Камена Река“, ученици од СОУ „Миле Јаневски Џингар“, членови на локалното Здружение на пензионери, Еколошко друштво „Здравец 2002“, а настанот беше поддржан од општина Македонска Каменица и градоначалникот Соња Стаменкова. Во рамки на оваа акција беа спроведени неколку активности на Градскиот плоштад и кејот на река Каменичка. Реконструирана е стара…

ПОВЕЌЕ ...

Најголемиот стопански капацитет во Македонска Каменица од денес има нов Генерален директор. На местото на досегашниот Neil Stevenson доаѓа Oleg Telnoi. Инаку новиот Генерален директор на каменичкиот рудник за олово и цинк досега ја вршеше истата функција во KOUNRAD COPPER COMPANY. Според податоците кои може да се најдат на интернет, Oleg Telnoi е дипломиран инженер, а во Central Asia Metals дошол во текот на 2007 година и веќе има повеќе од десет години искуство во финансиски менаџмент. Очекувањата се дека назначувањето на новиот директор нема да донесе и драстични промени во работењето на Рудникот и дека партнерскиот однос со општина…

ПОВЕЌЕ ...

Компанија нуди сигурна и одлично платена работа во фабрика за железо во Белгија. Заинтересираните треба да бидат од машки пол, на возраст до 35 години и да поседуваат бугарски пасош. Со работа се започнува веднаш, а заинтересираните кандидати можат да ги достават своите податоци на следнава фејсбук фан страна – Palmas 2016 или да се јават на следниов контакт телефон – +32 493 77 73 19, лице за контакт – Мартин.

ПОВЕЌЕ ...

Денес, во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Македонска Каменица (ОСБСП), во Основното Училиште „Св. Кирил и Методиј“ се оддржaа регионалните натпревари „Детски семафор” за учениците од основните училишта, и „Сообраќајно техничка култура на младите” за учениците од средните училишта. На натпреварот „Детски семафор“ учествуваа шест екипи, додека на „Сообраќајно техничка култура на младите” учество зедоа четири екипи. Натпреварите се состојат од теоретски дел, познавање на правилата и прописите во сообраќајот и практичен дел, вешто возење на велосипед за основците, односно мопед за учениците од средните училишта. Според покажаните резултати во теоретскиот и практичниот дел…

ПОВЕЌЕ ...

Започна постапката за формирање на Совет на млади на општина Македонска Каменица. Во продолжение е интегралниот текст од Јавниот повик заа предлагање на членови за овој Совет. Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002) , Статутарната Одлука за измена и дополнување на Статутот на општина М.Каменица („Службен гласник на општина М.Каменица бр.19/2014), и Одлуката за формирање на Совет на млади на општина Македонска Каменица  (Службен гласник на општина М.Каменица  бр.7/18), Советот на oпштина Македонска Каменица објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА…

ПОВЕЌЕ ...