Author: kamenica.mk marketing

Вчера,  се оддржа работен состанок помеѓу претставници од општина Македонска Каменица и општина Белица, Бугарија. На состанокот покрај градоначалниците Соња Стаменкова и Радослав Ревански и нивните тимови, присуствуваа и претставници од македонскиот Источно-плански регион. Утврдено е дека Македонска Каменица во партнерство со Белица на новиот повик на ИПА-Програмата за прекугранична соработка ќе аплицира со проект за поставување на модерно осветлување на кејот на река Каменичка и со проект за реконструкција на спортската сала во ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Инаку, партнерството на македонската и бугарската општина трае веќе десетина години и досега се реализирани низа заеднички проекти финансирани од европските…

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на своите надлежности, општина Македонска Каменица започна со градежни активности на локалниот пат село Цера-Македонска Каменица. Се поставуваат пропусти и се градат потпорни ѕидови на потегот од маала Гергинци до месноста Побиен Камен во село Цера, а во наредниот период ќе бидат прочистени и канавките на овој пат. Вакви активности ќе бидат извршени и на патот од Долна Цера до Македонска Каменица со што можностите за оштетување на патот ќе бидат сведени на минимум и значително ќе бидат подобрени условите за одвивање на сообраќајот.

ПОВЕЌЕ ...

Со настапот на Никола Тодоровски и Стрезо Стаматовски и нивното стенд ап кабаре шоу „Two Mothers Brothers vol.2“ започна четвртиот True Sound of Kamenica Festival. Полната сала во Домот на култура во Македонска Каменица имаше можност да проследи неверојатно комичен коментар за денешницата, за нашиот закоравен менталитет, за разорното дејство на политиката и на медиумите, за супериорните и подчинените, за иднината на нашите деца, впрочем за се што е актуелно во моментов во Македонија. Грижливо избраните мелодии со комични текстови изнудија дополнителни насмевки кај публиката. Овој настан беше реализиран со поддршка од КИЦ „Романса“ и општина Македонска Каменица, а приходот од…

ПОВЕЌЕ ...

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, 01.04.2018 година – Почитувани сограѓани, последниве неколку денови сите ние сме сведоци на нецивилизираното уништување на рибниот фонд од страна на поединци во Македонска Каменица. Сакаме да ја запознаеме јавноста дека се врши прекумерен улов на риба од видот караш на Каменичка река. Иако овој вид е премногу застапен во езерото Калиманци, согласно Законот за рибарство и аквакултура, карашот како вид е заштитен и за истиот има ограничување во делот на негово ловење. И покрај нашите секојденвни укажувања и заложби, карашот да се остави да се измрести, наши сограѓани продолжуваат, јавно и без срам, да вршат незаконски улов.…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица објави Конкурс за доделување на стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти за учебната/студиска 2017/2018 година. Пријавувањето на Конкурсот започна од вчера (26.03.2018) и ќе трае 15 работни дена. Сите потребни информации за конкурсот се на следниов ЛИНК. Формуларите кои ви се потребни за апликација за стипендија се во продолжение: ПРИЈАВА ИЗЈАВА ЗА СЕМЕЈНА ПОЛОЖБА ИЗЈАВА ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ – 1 ИЗЈАВА ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ – 2 Доколку имате дополнителни прашања слободно јавете се во општина Македонска Каменица на следниов телефонски број: 033 432 741 или на 078 309 978…

ПОВЕЌЕ ...

Во драматична бркотница со полицијата се самоуби момчето на исчезната македонска студентка по актерство Адеа Шабани во Лос Анџелес. Американските медиуми ја пренесуваат веста дека Кристофер Споц (33) си го одзел животот со неколку куршуми, откако не успеал да и избега на полицијата во Калифорнија Споц е исто така актер и бил во врска со Шабани, а се запознале во актерското училиште. Локалната полиција вели дека Споц, кој бегал од полицијата во украдено возило, си пукал во главата пред да биде запрен. Властите од Лос Анџелес за „Ен-Би-Си“ велат дека возилото можеби било искористено при убиство. Полицијата продолжува да трага…

ПОВЕЌЕ ...

Кевин Кузманов е професионален бејзбол играч во „ Major League Baseball“ (MLB) и прв Македонец кој станал легендарно успешен во овој спорт. Денеска Кевин има 35 години, а зад себе има кариера во тимовите на „Кливленд Индијанс“, „Сан Диего Падрес“, „Колорадо Рокис“ и „Тексас Ренџерс“. Освен што важи за еден од најдобрите бејзбол играчи во историјата, тој е и еден од најплатените. Неговата основна годишна плата достигнувала и до 5 милиони долари годишно, а тука биле и безбројните спонзори. Кевин е роден во Калифорнија, од мајка и татко Македонци кои се преселиле во Америка. Кузманов не го заборавил своето потекло…

ПОВЕЌЕ ...

Вечерва, во периодот од 20:30 – 21:30 часот, општина Македонска Каменица ќе го исклучи уличното осветлување во знак на поддршка на глобалните иницијативи за климатски промени. Кон иницијативата #EarthHourMK може да се приклучат и сите останати заинтересирани физички и правни лица и заеднички да бидеме дел од најголемото движење за спас на нашата планета и нејзината неверојатна природа. Инаку, овој настан започнал симболично во Сиднеј во далечната 2007 година и денес  прерасна во најголемата светска еколошка акција која инспирира и обединува поединци, заедници, бизниси и организации во повеќе од 180 земји и територии ширум светот да преземат заедничка акција за…

ПОВЕЌЕ ...

К  О  Н  К  У  Р  С за доделување на стипендии за ученици во основното и средното образование и      студенти од општина Македонска Каменица за учебната/студиска 2017/2018год. Општина Македонска Каменица за учебната, односно студиската 2017/2018 година ќе додели 20 стипендии за ученици во основното и средното образование и студенти од општина Македонска Каменица  од кои: 6 (шест) стипендии на редовни ученици од основно образование; 8 (осум) стипендии на редовни ученици во државните средни училишта и; 6 (шест) стипендии на редовни студенти запишани на државните универзитети. Стипендиите се во износ од 3.000,00 денари(триилјади денари) и се доделуваат за период од 10(десет)…

ПОВЕЌЕ ...

Започнуваат подготовките за најголемата културна манифестација во Македонска Каменица. kamenica.mk направи селекција од музички ѕвезди од различен жанр кои досега не настапиле кај нас. Parni Valjak, Plavi Orkestar, S.A.R.S., Kad bi bio Bjelo Dugme, Jelena Rozga, Severina, Petar Graso, Kiril Djaikovski, Dubioza Kolektiv, Аca Lukas, The Frajle, Bajaga, Amadeus band, Tropiko и многу други никогаш не настапиле на најголемата сцена во Источна Македонија. Доколку имате ваш фаворит или имате дополнителен предлог слободно пишете ни во коментар.

ПОВЕЌЕ ...