Author: kamenica.mk marketing

Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ за 20 април на „Школка“ во Градски парк го најавува „Конопфест 2018“.  Фестивалот симболично започнува од 16:20 часот, а годинава ќе се одржува под мотото „Една билка, еден живот“. „Ве очекуваме во голем број соборци да им покажеме на надлежните дека сме тука и немаме намера да си одиме се додека не се исполнат нашите барања!“, велат од „Билка“, кои како Здружение се залагаат за целосно декриминализирање на канабисот, како во медицински, така и во рекреативни цели. Инаку, од Здружението ја објавија и листата на настапувачи: ЛД пистолеро, Да Џака Накот,  Слаткаристика, диџеј…

ПОВЕЌЕ ...

Револтиран Струмичанец со копач го демолирал казиното „Сенатор” во Струмица.  На видеото кое се појави вчера на социјалните мрежи може да се види каков хаос направил во казиното. Според тоа што се зборува во видеото, се уште непознатиот човек, со копач демолирал 50 слот апарати и неколку рулет машини. Инаку, сите градови во Македонија се полни со казина и личат на Лас Вегас и се поголем број граѓани бараат нивно затворање. Дали демолирањето на казината е вистински лек против коцкање? Видеото од демолираното струмичко казино е на следниов ЛИНК.

ПОВЕЌЕ ...

Познати се првите детали за настапот на американскиот бенд Kultur Shock на True Sound of Kamenica во Македонска Каменица. Иако се работи за бенд кој има настапувано на сите големи светски фестивали, барањата на членовите на бендот се сосема скромни и се во границите на она што го бараат и сите попопуларни македонски бендови. Концертот технички ќе биде реализиран на највисоко ниво. што всушност е случај и со секој досегашен настан кој се оддржал во рамки на True Sound of Kamenica. Во моментов се преговара со повеќе македонски бендови од кои еден ќе биде предгрупа на Kultur Shock. Влезниците за…

ПОВЕЌЕ ...

Купувам стара селска куќа во руралните средини во Македонска Каменица. Куќата треба да биде автентична градба, типична за нашиот крај, да има пристапен пат до неа, вода и електрична енергија. Потребно е да се наоѓа во мирна селска средина, а предност е доколку нема други куќи во нејзина близина. Сите кои имаат ваква селска куќа и се подготвени да ја продадат може да се јават на следниов телефонски број: 077 664 917. Лице за контакт: Анетка

ПОВЕЌЕ ...

Тимот на факултети.мк месецов ќе ја посети Македонска Каменица. Сакаат да дознаат интересни приказни за образование, млади, занаетчии, наука, интересни хобија. По посетата на Кавадарци и Велес , fakulteti.mk продолжува во Македонска Каменица. На следниов ЛИНК можете да им предложите интересни ликови и приказни од нашиот град.

ПОВЕЌЕ ...

Каменичанката Бранкица Васевска е студентка на Факултетот за туризам и бизнис логистика во Скопје, а во Шибеник беше пет месеци како дел од Еразмус програмата. Сите пет месеци во Шибеник ги помина во студнетски дом, бидејќи како што вели Бранкица, „не сакала да живее во некакво приватно сместување, затоа што приоритет и бил да го почувствува вистинскиот начин на студирање во Хрватска“. – По презентацијата на Еразмус, разговарав со своите професори во Македонија кои ми објаснија се што сакав да знам за оваа програма. Сакав нови предизвици и заради тоа се пријавив баш за Шибеник. Сакав се да видам директно,…

ПОВЕЌЕ ...

Бендот Lithiüm го објави третиот сингл. Песната е насловена „Chidlren of The Great” и веќе наиде на многу позитивни реакции. Музиката, текстот и аранжманот се на Мартин Ангеловски, а песната е снимена во IT Music Production. Вокалот и гитарите ги отсвире Мартин, а покрај него, останатите инструменти ги отсвиреа Раде Биковски, Иван Тренчевски и Благој Милчевски. Видео спотот го изработи Афродита Ангеловска. https://www.youtube.com/watch?v=63qSr3h9rrQ

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 17 часот на патниот правец Кочани – Штип. Во несреќата учествувале два мотоцикли и автомобил, при што загинало едно лице, објави порталот sky.mk. Според неофицијални информации на порталот, починатото лице е од Свети Николе на возраст од 39 години. Уште еден моторџија е со повреди и е пренесен во Клиничката болница во Штип.  Несреќата се случила во близина на Џонсон Контролс.

ПОВЕЌЕ ...

Вечерва беше промовирана песната и спотот на Eye Cue, нашите претставници на овогодинешната Евровизија. Македонската „експертска“ јавност има нова можност да го каже својот став. Овој пат, Eye Cue и нивната „Lost and found“ се на тапет. https://www.youtube.com/watch?time_continue=188&v=hJ8vStigz7k

ПОВЕЌЕ ...

Денес, генералниот директор на Рудник „Саса“ г-дин Нил Стевенсон и градоначалникот на општина Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова свечено ја отворија новата канцеларија на Рудник „Саса“ во Македонска Каменица. Канцеларијата е сместена на вториот кат во општинската зграда (поранешен Дом на рудари) и истата ќе работи секој петок од 08:00 до 16:00 часот. Овој нов простор ќе биде отворен за сите граѓани на Македонска Каменица и тука тие ќе може да поднесуваат формулари за жалби, а ќе се примаат барања за спонзорства и донации, како и апликации за вработување. Инаку, канцелариските простории на Рудник „Саса“ досега целосно беа стационирани во…

ПОВЕЌЕ ...