Author: kamenica.mk marketing
Семејство од село Дулица има итна потреба од помош. Каменичани треба да ја покажат хуманоста на дело
Семејство од Дулица има итна потреба од помош. На социјалните медиуми веќе кружи повик да се помогне. Во продолжение е интегралниот текст од повикот. Да се обединиме! Почитувани хумани сограѓани, сите ние сме запознаени со несреќниот случај кој и се случи на фамилијата од с,Дулица, на која во пожар и изгоре кровната конструкција во домот во којшто живеат и притоа беше причинета голема материјална штета. Како и многупати досега Вашите големи срца давале голем допринос во решавањето на вакви горливи животни проблеми и сите заедно сме учествувале во помагањето на фамилии чии тажни животни приказни заедно сме се труделе да…
ОТЧЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА СОЊА СТАМЕНКОВА (ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Почитувани сограѓани, Поминаа сто дена од преземањето на локалната власт во општина Македонска Каменица. Ова е период во кој силно се насочивме кон создавање на отворена и услужна општина за сите каменичани, период на градење нов препознатлив имиџ на општина кој е партнер на граѓаните, институциите и приватниот сектор. Во првите сто дена се посветивме на враќање на довербата на граѓаните во општинските органи и институции и мапирање на нивните вистински проблеми со кои секојдневно се соочуваат. Иако петок официјално е приемен ден за странки, сите граѓани, во зависност…
Денес, во Салата за состаноци во општина Македонска Каменица, претставници од Рудник „Саса“ остварија средба со претставници на локалната власт, на општински установи и институции, на спортски клубови и здруженија на граѓани и невладини организации. На средбата се разговараше за можноста за поддршка на проекти кои се од локално значење и кои ќе влијаат на подобрување на квалитетот на живот во Македонска Каменица. Како што изјави генералниот директор на Рудникот, г-дин Неил Роберт Стевенсон, се работи за финансирање на дополнителни проекти, програми и активности, кои не се дел од сето она што оваа компанија традиционално го поддржува. Овие средства ќе…
Нова совршена видео приказна раскажана од Андреј, Ненад и Дарко (BULL production). По неверојатното видео од Осогово, овојпат дечките го промовираат Галичник и неговите убавини. Погледнете! https://www.youtube.com/watch?v=ydMwJjQa-08 Видеото од Осогово е на следниов ЛИНК.
По точно три години, а сега во рамки на True Sound of Kamenica фестивалот, во Македонска Каменица ќе гостуваат Никола Тодоровски и Стрезо Стаматовски со вториот дел од нивното кабаре шоу „Two Mothers Brothers vol.2“. Шоуто кое е неверојатен микс од музика и стенд ап, и кое преку фантастичната изведба на двајцата охридски актери ќе ја насмее публиката до солзи ќе се оддржи на 3-ти април. Влезниците за овој настан ќе се продаваат по симболична цена од 60 денари, ќе бидат пуштени во продажба од 1-ви март, а целиот приход ќе биде дониран во хуманитарни цели. „Two Mothers Brothers vol.2″…
Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган на Програмата) во соработка со Министерството за локална самоуправа на Република Македонија (Национален орган на Програмата) го објавуваат Вториот повик за поднесување на проектни предлози на Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија, чија цел е подобрување на прекуграничната соработка помеѓу двете држави. Програмата е ко-финансирана од Инструментот за претпристапна помош II на Европската унија. Општата цел на Програмата е зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите во регионот со цел заедничко справување со заедничките предизвици и користење на неискористениот потенцијал за развој на прекуграничниот регион преку ефикасно користење…
На 08.02.2018 година во просториите на Народното читалиште „Георги Тодоров – 1885″, град Белица, Благоевград (Бугарија) се оддржа состанок на проектниот тим. Средбата беше помеѓу членовите на тимот од двата партнера во рамките на проектот CB006.1.21.191 „Реставрација на локалитети од историско и културно значење и зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство во Белица и Македонска Каменица”, финансирани во рамките на Договорот за субвенции РД-02-29- 272 / 19.09.2017, во рамките на Програмата Интеррег-ИПА ПГС Бугарија – Република Македонија. На состанокот присуствуваа новиот и досегашниот директор на културно информативниот центар „РОМАНСА” и членовите на тимот за управување со проектот на општинскиот…
Се будите, се тетеравите до кујната, го спуштате ѓезвето на шпоретот и дури после тоа денот може да почне? Еве што велат за тоа стручњаците. Мислењето на експертите е јасно – кафето на празен желудник никако не може да биде добра идеја. А постојат и три јасни причини за ваквиот став: 1. Се зголемува количеството на желудечна киселина Зголеменото количество на желудечна киселина предизвикува надуеност и проблеми со варењето коишто ќе ги чувствувате во текот на целиот ден. Високото ниво на киселост со текот на времето може да доведат до сериозни проблеми во подрачјето на абдоменот, како на пример чир…
Фестивалот на независна музика „Земјотрес“ вечерва ќе го има своето шесто по ред издание во Младински културен центар во Скопје. Распоредени на три сцени, на фестивалот ќе настапат вкупно 23 бендови, соло-проекти и диџеи, што ќе овозможи осумчасовна музичка програма. Фестивалот го отвора кумановската построк група „Хара“ во 20.20 часот во Денсинг салата, а потоа програмата продолжува и во бифето „Фросина“ и на техно-стејџот. Тој ќе опфати најразлични музички стилови, а настапите на учесниците ќе бидат ограничени на максимум половина час. Меѓу другите, на една од трите сцени ќе настапат „Стринг форсис“, „Љубојна“, „Сетстет“, „Астролангс“, „Ју“, „Трендкил“, „Палиндром“, „Гаргојлс“, Александар…
Драма се одвивала на Клиниката за Гинекологија – Родители обвинуваат дека им го нема бебето. Јован Волчев од Скопје цел ден барал да ја види ќерката што се родила вчера. По неколкучасовни шетања низ клиниката и расправии со медицинскиот персонал каде е новороденчето, на крај му покажале бебе на кое пишувало Василевска па прецртано и напишано Волчева. Јован, видно вознемирен, по се што слушнал денеска се сомнева дека ја видел својата ќерка, јавува Сител. – Ми рекоа во девет часот има визита дојдете подоцна, отидовме во десет и тогаш ми викаат такво бебе со тоа име нема, но дојдете накај…
