Author: kamenica.mk marketing

Во петок, во училишниот двор на средното училиште, а во организација на СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ЈОУДГ „Бамби“ и со активна вклученост на лица со посебни потреби, се оддржа хуманитарен новогодишен базар. Големиот број новогодишни украси, честитки и реквизите се продаваа по симболични цени, а собраните средства ќе бидат донирани за лицата со посебни потреби и за реализација на мерки за нивна целосна интеграција во општествениот живот. На базарот присуствуваше и градоночалникот на општина Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова, како и финансискиот директор на Рудник „Саса“ г-дин Дејан Спасевски.

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова и финансискиот директор во Рудник Саса, г-дин Дејан Спасевски поделија новогодишни пакетчиња и за учениците во Основното училиште „Св.Кирил и Методиј“. Доделувањето новогодишни пакетчиња е настан кој се одвива веќе неколку години и е дел од поширока социјална активност која заеднички ја реализираат општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“. Покрај новогодишните пакетчиња за дечињата од ЈОУД „Бамби“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“, се доделуваат и социјални пакети за ранливи категории граѓани, се организира коктел за лица со посебни потреби на кој истите добиваат скромни подароци, се организира хуманитарен новогодишен базар, а…

ПОВЕЌЕ ...

Концертниот настап на Nevermind, кој вечерва требаше да се оддржи во Домот на култура во Македонска Каменица е одложен. Со претходна согласност од бендот договорено е Nevermind да настапат по Новогодишните и Божиќните празници, во термин кој дополнително ќе биде соопштен. Инаку, Македонска Каменица се подготвува за дочек на Новата 2018 година, а прославата ќе се оддржи во училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски Џингар“. За добра атмосфера ќе се погрижи бенд составен од локални музичари, а во новата годана ќе влеземе со спектакуларен огномет. Генерален покровител на настаните е Рудник „Саса“ од Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Денес, во ресторан „Иднина“, општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“ организираа коктел за лица со посебни потреби од нашиот град. Градоначалникот г-ѓа Соња Стаменкова и финансискиот директор на Рудник „Саса“ г-дин Дејан Спасевски на овие лица им доделија новогодишни пакетчиња, а за возврат добија големи новогодишни честитки. Поддршката за лицата со посебни потреби и нивната целосна интеграција во општествениот живот, и од општина Македонска Каменица и од Рудник „Саса“ е континуирана и ќе продолжи и во наредниот период.

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на општина Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова заедно со претставникот на Рудник „Саса“, финансискиот директор г-дин Дејан Спасевски, денес доделија новогодишни пакетчиња за дечињата од ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица. Дечињата, пак, возвратија со подароци кои ги изработиле со нивните воспитувачи. Доделувањето на новогодишни пакетчиња за дечињата веќе е традиција во Македонска Каменица, а поддршката за Детската градинка ќе продолжи и во наредниот период, како од страна на Општината, така и од Рудник „Саса“. Во текот на утрешниот ден новогодишни пакетчиња ќе добијат и дечињата од ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

ПОВЕЌЕ ...

По повод Новогодишните празници, општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“ органзираат богата културна програма. Денес, четврток (28.12.2017), во Домот на културата ќе настапат македонските музички великани Златко Ориѓански и Бени Шаќири. Утре (петок, 29.12.2017), ќе се оддржи традиционалниот предновогодишен коктел за сите локални жители, во рамки на кој ќе настапи бендот Риплеј. Вечерта е резервирана за уште два бенда – JazzWe и 4и21. Во сабота (30.12.2017) ќе настапи бендот Nevermind, а за дочекот на Новата 2018 година и за позитивна атмосфера ќе се погрижи бенд составен од локални музичари. Покрај музичките настани, Општината и Рудникот ќе делат и новогодишни пакетчиња…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“ Ве покануваат на уште еден концертен настап кој ќе се оддржи во рамки на повеќедневниот предновогодишен музички хепенинг во Македонска Каменица. Во петок (29.12.2017), во Домот на културата, со почеток од 20.00 часот ќе настапат два извонредни музички бенда JazzWe и 4и21. JazzWe е бенд кој е составен од Симеон Ангеловски, Дарко Цакиќ и Марио Димитријевиќ, а во 4и21 членуваат Бранко Ивановски, Симеон Ангеловски, Цветанчо Николовски, Иле Лулевски и феноменалниот вокал Доника Домазети. Влезници за концертот нема да се наплаќаат, а вратите ќе бидат отворени во 19.30 часот.

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица во соработка со Рудник „Саса“ Ве поканува на неповторливо музичко шоу со мајсторите на вистинскиот звук, Бени Шаќири и Златко Ориѓански. Бени и Златко во Македонска Каменица ќе настапат со комплетен бенд, а музичкиот спектакл ќе се оддржи во Домот на култура, во четврток, со почеток од 20.00 часот. Влезници за концертот нема да се наплаќаат, а вратите ќе бидат отворени во 19.30 часот. официјален фејсбук настан: Бени Нон Стоп и Златко Ориѓански во Македонска Каменица

ПОВЕЌЕ ...

На иницијатива на општина Македонска Каменица, а во организација на СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и ЈОУДГ „Бамби“ и со активна вклученост на лицата со посебни потреби од Македонска Каменица, во петок (29-ти декември 2017), ќе се оддржи хуманитарен новогодишен базар. Овој базар е по повод Новогодишните и Божиќните празници, а ќе се оддржи во училишниот двор на средното училиште и ќе започне од 10.00 часот. Сите новогодишни украси ќе се продаваат по симболични цени и покрај граѓаните, ќе бидат вклучени и локалните фирми, установи и институции. Сите соберени средства ќе бидат донирани за лицата со посебни…

ПОВЕЌЕ ...

22. декември 2017 каменица.мк Учениците и наставниот кадар од СОУ „Миле јаневски Џингар“ го организираа традиционалниот хуманитарен новогодишен базар. Средношколците од Македонска Каменица заедно со лицата со посебни потреби изработија новогодишни украси и честитки кои беа изложени во централното градско подрачје и истите се продаваа по симболични цени. Поведени од фактот дека хуманоста е најубавата човекова одлика и посебност, учениците од СОУ ,,Миле Јаневски Џингар” за денешниот новогоишен хуманитарен базар, изјавија: Сите ние живееме во време, во кое никој не е совршен. Секој е различен и посебен на свој начин. Со овој проект ние учениците од СОУ ,,Миле Јаневски Џингар”,…

ПОВЕЌЕ ...