Author: kamenica.mk marketing
Јавното претпријатие „Камена Река“ од Македонска Каменица доби нов раководител. На местото на досегашниот Директор Марјан Јангеловски доаѓа Влатко Андоновски кој даде уверување дека ќе работи посветено, во служба на граѓаните и дека ќе го подобри функционирањето и ефективноста на Јавното претпријатие. Претходно, нов ВД Директор беше назначен и во Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, односно на местото на Димчо Атанасовски, раководната позиција ја зазема Мирјана Гошевска.
kamenica.mk е номинирана за најдобар веб сајт за 2017 година, во делот „Вести и информации“. За гласање ви е потребен e-mail за најава, на кој ќе добиете линк за гласање. Можете да доделите максимум десет поени за Вашиот омилен сајт, кој се надеваме е kamenica.mk. Прогласувањето на најдобрите сајтови за 2017 година ќе се одржи на 16.12.2017. Ова е ЛИНКОТ ЗА ГЛАСАЊЕ.
Само уште денес и утре по промотивни цени за најпопуларните дестинации за Нова година ?? СИГУРНИ РЕАЛИЗАЦИИ НА СИТЕ ПРОГРАМИ НА ЛИБЕРО ТРАВЕЛ‼️‼️‼️ ✔ ?? Будва: 59 еур! ? Повеќе за понудата тука: https://goo.gl/NSrqbG ✔ ?? Белград: 79 еур! ? Повеќе за понудата тука: https://goo.gl/Y1G7DX ✔ ?? Истанбул: 85 еур! ? Повеќе за понудата тука: https://goo.gl/ghZMoS ✔ ?? Краков – 99 еур! ? Повеќе за понудата тука: https://goo.gl/RK3JtU ? Промотивните цени важат до 25,11,2017! ? Организиран превоз од: Виница, Кочани, Штип, Велес и Скопје За повеќе информации и резервации контактирајте не на ☎️ 033 272- 800 ? 072 272-800
Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова беше во посета на локалната ТПП Единица. На средбата со каменичките пожарникари се разговараше за нивните досегашни ангажмани, за функционирањето на ТППЕ, за проблемите со кои се соочуваат и со можностите за унапредување на нивната работа. Целта на овие посети во општинските установи и институции е да се зголеми нивната ефикасност и да изнајдат начини за нивно подобро функционирање.
Во просториите на Правниот Факултет Јустинијан Први во Скопје, ќе се оддржи расправа на темата „Легализација на канабисот, да или не?“. Дебатата е организирана од страна на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ – Скопје и Здружението на млади кривичари, а истата ќе има научен карактер и на неа ќе земат учество професори, судија, адвокат и обвинител. Дебатата ќе се одржи на 12 декември 2017 година, во 12 часот, во салата на Наставно-научнитот совет при Правниот факултет. Дали да се легализира употребата на канабисот или не, претставува прашањето за коешто ќе зборуваат универзитетски професори, адвокат, обвинител и судија. Јавноста…
Заради реализација на проектот „Граѓаните одлучуваат – креираме граѓански буџет“, градоначалникот Соња Стаменкова оствари средба со претседателите на месните заедници во Македонска Каменица. На средбата е договорено да се организираат состаноци на кои ќе присуствуваат претставници од општинската администрација и претставници на месните заедници, на кои ќе бидат утврдени приоритетните проекти за секоја Месна заедница одделно и за чија реализација ќе бидат предвидени финансиски средства во општинскиот буџет за 2018 година. На овој начин ќе се зголеми активното учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки.
Во рамки на редовните активности, градоначалникот на општина Македонска Каменица оствари средба со претставници и членови на здружението „Бели Гулаби“. На средбата се разговараше за интензивирање на соработката, а беа разгледани и сите можности за поддршка на лицата со посебни потреби и создавање подобри услови за нивна полесна интеграција во општествениот живот. Меѓу другото, на оваа средба ставен беше акцент на одбележувањето на 3-ти декември-Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, како и на забрзување на активностите за отварање на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица. извор: makedonskakamenica.gov.mk
Македонската ракометна легенда, Кирил Лазаров е во конкуренција за избор на најдобар ракометар во светот. Реномираниот ракометен портал „Handball Planet“ ја објави листата од 32 имиња, а помеѓу нив се најде и нашиот капитен кој го носи дресот на француски Нант. Изборот го направија 30 новинари ширум светот, а читателите можат да гласаат до 7 декември. Гласот за Лазаров можете да го дадете ТУКА.
kamenica.mk ви овозможува објавување на огласи за Ваши потреби. За таа цел се креирани неколку пакети за огласување: ОСНОВЕН ПАКЕТ Објавување на 1 (ЕДЕН) оглас Рок на траење на огласот – максимум 7 дена Споделување на огласот на нашите социјални канали Цена – 1.000,00 денари СТАНДАРДЕН ПАКЕТ Објавување на 1 (ЕДЕН) оглас Рок на траење на огласот – максимум 7 дена Поставување на банер (огласот постојано стои на почетна страна) Повеќекратно споделување на огласот на нашите социјални канали Цена – 2.000,00 денари ПРЕМИУМ ПАКЕТ Објавување на 1 (ЕДЕН) оглас Рок на траење на огласот – максимум 15 дена Поставување на…
Веќе култниот македонски бенд-String Forces објави нов сингл и видео. „Страв“ е новата песна која беше промовирана вчера, на 22 ноември. Инаку бендот String Forces е од Скопје, а формиран е во 1995 година. Во досегашното постоење ги издадоа албумите: Reductio ad Absurdum (2009), Silky Way (2006), Izohronija (2002) и String Forces (1998). Имаат настапувано на сите позначајни културни настани во Македонија и на Балканот. Нивното ново видео може да го погледнете на линкот подолу. https://www.youtube.com/watch?v=oVb-7I0U6Sc
