Author: kamenica.mk marketing
Градоначалниокот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова оствари работна средба со генералниот директор на Рудник Саса, г-дин Нил Роберт Стевенсон. На средбата се разговараше за досегашното силно партнерство помеѓу Рудникот и локалната самоуправа, како и за можностите за продлабочување на соработката. Господинот Стевенсон ја потврди посветеноста на најголемиот стопански капацитет во Општината за надминување на проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Македонска Каменица. Тој најави дека Рудник Саса ќе продолжи да инвестира во младите, во спортот, образованиете, социјалата и културата. извор: makedonskakamenica.gov.mk
Објавен е повик за привремено вработување на македонски државјани во Италија. Обезбедено е: – Сместување – Храна – Превоз – Плата – Курс по италијански јазик Може да се пријавите со МАКЕДОНСКИ ПАСОШ Повеќе детали за огласот побарајте ТУКА.
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, а во духот на градење транспарентна општина, ЕЛС Македонска Каменица ќе им овозможи на граѓаните да изберат дали ќе има или не новогодишна прослава на Градскиот плоштад. Моментално, во локалната самоуправа постојат две размислувања – да се продолжи со традиционалната новогодишна прослава на Градскиот плоштад во Македонска Каменица или пак, средствата кои се одвојуваат за оваа намена да бидат пренаменети за социјални пакети за повеќе ранливи категории на граѓани. Оваа дилема ќе биде решена преку онлајн анкета на која граѓаните ќе имаат можност да го искажат своето мислење, а нивниот избор ќе биде…
Да најдете пари! Им се јавувате на сите другари и пријатели, фирми и компании за кои сте слушнале, на сите установи и институции. Односот дека некој ќе се заинтересира да финансира урбан музички фестивал е еден од илјада. Значи, откажување нема. Треба да свртите само едно десетина илјади бројчиња. Да најдете простор! Тоа е исто како да барате да ви доделат Нобелова награда за литература, а никогаш ништо не сте напишале. И на крај секако фестивалот ќе се оддржи на некоја полјана, мрачен паркинг или запуштена хала. Да најдете изведувачи! Колку и да изгледа лесно, ова веројатно е најтешкиот дел.…
Кои ќе бидат Social media трендовите за 2018 година? Многу мали компании имаат потреба од маркетинг на социјални медиуми и од промоција на производите и услугите кои ги нудат. Најчесто се случува да не знаат како да го прават тоа и се во ситуација да ангажираат професионалци кои ќе ги реализираат нивните маркетинг кампањи. Но, овде се појавува нов проблем. Маркетинг компаниите обично се прескапи за малите фирми , а и според логиката на работите најдобра опција е да се обучат и ангажираат луѓе од внатре. Ова се неколку од работите кои треба да ги знаат вработените во областа на…
Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани денеска заедно со претставници на пет други граѓански организации имаа средба со Генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, кој престојува во дводневна посета на Македонија. Амбасадорот Гремингер, ги запозна претставниците на граѓанските организации со целите на посетата во Македонија, да види како земјата ја надмина политичката криза и да се запознае со агендата за реформи на Владата, за што ОБСЕ е заинтересирано да ги поддржи тие напори. На средбата со Гремингер, Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани збореше за безбедноста на новинарите и за процесот на изменување на медиумските закони. „Во Македонија…
Ништо веќе не е сигурно освен една работа – ќе има војна каква што досега не сме виделе. Кој ќе завладее по неа? Изберете страна и гледајте ја новата сезона на Викинзи ексклузивно на Pickbox. Новата сезона на суператрактивната серија викинзи ќе започне на 30-ти ноември. Не пропуштајте! Повеќе за „Викинзи“ прочитајте тука!
Италијанскиот мафијаш, поранешен шеф на „Коза Ностра“ Тото Риина, почина денеска на 87-годишна возраст во италијанскиот град Парма, информира „Република”. Нарекуван со прекарите „Ѕвер“, поради вродената суровост, и „Ситниот“, поради нискиот раст, Тото Салваторе Риина беше уапсен на 15 јануари 1993 година и осуден на доживотен затвор за повеќе кривични дела, вклучително и за организирање на убиствата на двајцата најпознати борци против мафијата во Италија – обвинителите Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Во 80-тите и на почетокот на 90-тите години, Риина и неговиот клан Корлеоне, победувајќи ги конкурентските фамилии, станаа водечката група на организираниот криминал во Италија. По убиството на…
Веќе се подготвува европската рута за 2018 година по која ќе се движат младите француски авантуристи од организацијата Europ’Raid. Тие веќе им се познати на каменичани, бидејќи Македонска Каменица беше дел од нивното патување и во 2017 година. Французите патуваат со автомобили од марката Пежо 205 и во својата прва посета на нашиот град донираа училишен прибор и помагала за учениците од ООУ „Св.Кирил и Методиј“, а ноќеваа на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера. Наредната година се очекува нивниот број да биде околу 750 учесници и веќе се прецизираат деталите околу организацијата. Сигурно е дека ќе се реализира уште…
Познато е финалното шоу на Авалон Продукција за историски најуспешната концертна 2017 година во Македонија. На 22-ри декември, како второ издание на АLL YOU NEED IS LOVE евентот, новогодишен концерт ќе одржи една од најуспешните светски атракции GIPSY KINGS. Со заводливо мешање на традиционалниот фламенко стил со поп и латино ритам, GIPSY KINGS станаа планетарен феномен и кралеви на музичката сцена. Нашата публика ќе ужива во најголемите хитови како: „Volare“, „Bamboleo“, „Baila me“ и уште многу други хитови. Во текот на речиси три децениската кариера, GIPSY KINGS имаше неколку светски турнеи и продадоа над 25 милиони албуми. Еден од родоначалниците…
