Author: kamenica.mk marketing
Компанија нуди сигурна и одлично платена работа во фабрика за железо во Белгија. Заинтересираните треба да бидат од машки пол, на возраст до 35 години и да поседуваат бугарски пасош. Со работа се започнува веднаш, а заинтересираните кандидати можат да ги достават своите податоци на следниов фејсбук профил – https://www.facebook.com/marthinnferush.malchev или да се јават на следниов контакт телефон – +32 493 77 73 19.
Нов катастрофален натпревар на ФК “Каменица Саса”. Денес загубија од просечната екипа на Кожув иако цело второ полувреме каменичани имаа играч повеќе. Натпреварот заврши со конечен резултат 1:3 за гостите од Гевгелија, а публиката разочарана го напушти стадионот во Македонска Каменица веднаш по третиот гол на Кожув. Секој понатамошен коментар во моментов е крајно непотребен.
Денес и официјално започнува изборната кампања за локалните избори 2017. Кандидатите за градоначалници на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски (ВМРО ДПМНЕ) и г-ѓа Соња Стаменкова (СДСМ), вчера, го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Тие ветија дека ќе водат позитивна кампања, со меѓусебно почитување и согласно насоките предвидени во Кодексот. Дваесет дена има до денот на изборите кои ќе се оддржат на 15-ти октомври, и на гласачите им преостанува малку време да го донесат конечниот суд на прашањето – Кој ќе ја води општина Македонска Каменица во наредните четири години? https://www.youtube.com/watch?v=-BnriuYqkK4 https://www.youtube.com/watch?v=hZEvEZj6N38
За да гласате на анкетата „Кој ќе биде нов градоначалник на Делчево“, кликнете на следниов линк: https://strawpoll.com/a3b22exp
кamenica.mk е еден од најчитаните интернет портали во Источна Македонија и портал кој е високо рангиран на државно ниво. Во досегашното свое работење kamenica.mk се профилираше како портал кој не обработува партиско-политички теми. Во пресрет на локалните избори кои ќе се оддржат на 15-ти октомври 2017 година, определбата на порталот останува иста. kamenica.mk ќе известува за позначајните активности, се разбира без партиски призвук и единствено што ќе биде дозволено во делот на политички маркетинг е поставување на банери на интернет порталот. Поставувањето на банери за политичките партии ќе биде возможно во периодот од 25-ти септември до 13-ти октомври, а цената…
Општина Македонска Каменица ја продолжува успешната практика на искористување на европските фондови за реализација на проекти кои се од огромно значење за локалните жители. Вчера, во Бугарија беше потпишан Договор за партнерство помеѓу Белица и Македонска Каменица за нов проект под наслов „Реставрација на објекти од историско и културно значење и заштита на материјални и нематеријални културни наследства во Белица и Македонска Каменица“ во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка. Од македонска страна договорот го потпиша директорот на Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица, Гоце Стојановски. Со новодобиените финансиски средства кои се во вкупен износ од нешто повеќе од…
ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ги објавија листите со кандидати за новиот Совет на ЕЛС Македонска Каменица. Инаку, каменичкиот Совет брои вкупно 11 члена, што значи дека единаесет нови советници ќе ги бранат интересите на локалните жители. Без да зазема став по ова прашање, kamenica.mk ги прашува граѓаните – Чија советничка листа е подобра?
Ова се дел од мајсторските потези на младиот кошаркар од Македонска Каменица, кој моментално настапува во екипата на Вардар од Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=v2buOTMIteQ&feature=youtu.be
Мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, Крф фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување, островот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор…
Традиционално, секоја година во пресрет на 28-ми август-Ден на рударите, Рудник „Саса“ го избира најдобриот работник. Годинава ова признание му припадна на Блаже Коцевски, кој работи на работно место – ракувач со дизел утоварувач во јама. Инаку, работникот Блаже Коцевски е роден 1966 година, живее во Македонска Каменица и има околу триесет години работно искуство во Рудникот. Покрај признанието за Блаже Коцевски, Рудник „Саса“ додели плакети, благодарници и наградни признанија за повеќе работници чие искуство и труд е од огромно значење за развојот на компанијата и постигнување успешни деловни резултати.
