Author: kamenica.mk marketing

По повод претстојниот празник 28-ми август, кој се слави и како Ден на рударите во Македонска Каменица, Рудник „Саса“ донираше детски играчки и дедукативни материјали за Детската градинка „Бамби“. Овој тип донација веќе станува традиционален и Рудникот во континуитет обезбедува најразлични материјали кои им се потребни на дечињата во детската градинка и со кои се олеснува процесот на социјализација и образование. Од менаџментот на најголемиот стопански капацитет во Македонска Каменица велат дека Рудник „Саса“ како компанија со веќе докажана и и силна општествена одговорност ќе продолжат со инвестиции со кои се подобрува квалитетот на живот на локалните жители.

ПОВЕЌЕ ...

Вечерва, со концертни настапи на Наум Петрески и Зуица Лазова се отвора манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2017“. На програмата за денес се и настапите на дечињата од талент шоуто „Јас имам талент“ и КУД „Вера Јоциќ“. Наредните денови, пак, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица ќе гостуваат: Црвена Јабука (26-ти август), Владо Георгиев (27-ми август) и Саша Ковачевиќ (28-ми август), како и реномирани македонски бендови и изведувачи. Во овие четири дена се очекува дека околу 30.000 посетители ќе дојдат во градот и ќе може да уживаат во музичката програма, која традиционално завршува на 28-ми август- Ден на Општината и Ден…

ПОВЕЌЕ ...

Викендов што доаѓа, односно на 27-ми август, ФК Каменица Саса ја стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Првиот натпревар каменичани ќе го играат во Радовиш, против екипата на Плачковица, а почетокот е закажан за 16.30 минути. Новата сезона Саса ја започнува со засилен состав и со решени финансиски проблеми. Покрај веќе утврдената силна финансиска поддршка што клубот ја добива од општина Македонска Каменица, од годинава значително е зголемена поддршката и од Рудник Саса. Имено, најголемиот стопански капацитет на подрачјето на Македонска Каменица, донесе одлука да го финансира спортскиот клуб со околу 40.000 евра годишно. Ова значи дека фудбалерите…

ПОВЕЌЕ ...

Остануваат уште неколку дена до почетокот на деветото издание на најмасовната музичка манифестација во Источна Македонија – Каменичко Културно Лето. И годинава, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, во периодот од 25-ти до 28-ми август, ќе настапат некои од најголемите балкански музички имиња, кои ќе го полнат градат и ќе придонесат за велечиствена прослава на Денот на општината и Денот на рударите – 28-ми август. Генерални покровители на манифестацијата се општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“. Програмата за деветото Каменичко Културно Лето е комплетирана и изгледа вака: 25-ти август Настап на КУД „Вера Јоциќ“ Настап на дечињата од локалното шоу…

ПОВЕЌЕ ...

Од 25-ти до 28-ми август, ќе се случи музички спектакл во Македонска Каменица. На Градскиот плоштад, а во рамки на манифестацијата „Каменичко културно лето 2017“, ќе настапат балканските музички ѕвезди: Владо Георгиев, Црвена Јабука и Саша Ковачевиќ. Предвидени се и настапи на неколку македонски изведувачи, а нивните имиња дополнително ќе бидат соопштени. За време на концертите и за прославата на Денот на општината и Денот на рударите-28 август се очекува дека Македонска Каменица ќе ја посетат најмалку 30.000 гости од Македонија и регионот. Генерални покровители се општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“, а организатор на Каменичко културно лето е Културно-информативниот…

ПОВЕЌЕ ...

Еленец кај Македонска Каменица повторно ќе ги собере иселениците од регионот на четвртите по ред „Денови на дијаспората“. Како што истакна денеска на прес-конференцијата Гоце Стојановски, директор на КИЦ „Романса“ од М. Каменица, на туристичкиот комплекс Еленес се очекува да се соберат стотици иселеници, а од оваа средба да се изродат и идни инвестиции на иселениците во родната Каменица. -Општина М. Каменица и КИЦ „Романса“ неколку години со ред ја организира традиционалната иселеничка средба „Деновите на дијаспората“, која оваа година ќе се одржи на традиционалното место, туристичкиот комплекс Еленец кај сеото Цера во М. Каменица на 12 август со почеток…

ПОВЕЌЕ ...

Околу 500 млади французи кои се дел од организацијата Europ’Raid и кои патуваат низа Европа, синоќа, ноќеваа на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера. Претходно, тие донираа огромни количини училишен прибор за учениците во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и направија дефиле низ улиците во Македонска Каменица. За гостите од Франција беше организирана вечера и тие може да пробаат традиционална македонска храна. Во текот на ноќните часови уживаа во македонската музика и настапот на локалниот бенд Nevermind. По денешниот доручок организирано ја продолжија европската авантура и заминаа во соседна Бугарија. Македонска Каменица беше единственото место во Македонија каде ноќеваа членовите…

ПОВЕЌЕ ...

Околу петстотини французи кои патуваат низ Европа (Europ’raid), ќе поминат и низ Македонија, а во нашата земја ќе ноќеваат единствено во Македонска Каменица, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“. Французите ќе пристигнат на 10-ти август, во попладневните часови и прва станица ќе им биде Основното училиште „Св.Кирил и Методиј“. Тие ќе донираат школски прибор за учениците во основното училиште. Предвидено е да се оддржи и дефиле, бидејќи сите овие млади авантуристи патуваат со Пежо 205. По ноќевањето на „Еленец“, французите ќе заминат во соседна Бугарија. Овој настан е логистички поддржан од општина Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Урбаниот музички фестивал True Sound of Kamenica по трет пат ќе ги собира младите од истокот на Македонија. Годинашново фестивалско издание ќе се оддржи на 18-ти и 19-ти август, на старото спортско игралиште во непосредна близина на Градскиот базен во Македонска Каменица. Влезниците се пуштени во продажба, единствено во Cliff of Moher Pub-Македонска Каменица, а дводневната фестивалска влезница е со цена од 200 денари. Еднодневни влезници ќе се продаваат само на влез на фестивалот по цена од 150 денари. True Sound of Kamenica е назависен музички фестивал, чија главна цел е урбано будење и градење на улична култура. Тоа е…

ПОВЕЌЕ ...