Остануваат уште неколку дена до почетокот на деветото издание на најмасовната музичка манифестација во Источна Македонија – Каменичко Културно Лето.
И годинава, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, во периодот од 25-ти до 28-ми август, ќе настапат некои од најголемите балкански музички имиња, кои ќе го полнат градат и ќе придонесат за велечиствена прослава на Денот на општината и Денот на рударите – 28-ми август. Генерални покровители на манифестацијата се општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“.
Програмата за деветото Каменичко Културно Лето е комплетирана и изгледа вака:
25-ти август
Настап на КУД „Вера Јоциќ“
Настап на дечињата од локалното шоу „ЈАС ИМАМ ТАЛЕНТ“
Концерт на Наум Петрески и Зуица Лазова
26-ти август
Бенд Риплеј
ЦРВЕНА ЈАБУКА
27-ми август
Група Чардаш
ВЛАДО ГЕОРГИЕВ
28-ми август
Ристе Ристески
