Author: kamenica.mk marketing

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ДОБРОВОЛЦИ за барање на исчезнатиот Ацо Јовановски од с.Саса Почитувани граѓани на Општина Македонска Каменица и на околните градови и места, Нашиот сограѓанин Ацо Јовановски, кое е лице со пречки во развојот веќе неколку денови се води за исчезнат. Тој последен пат е виден на 16-ти Јули 2017 година, од кога му се губи секаква трага. Во овој момент по него трагаат екипи на МВР, ТППЕ Противпожарен дом Македонска Каменица и Ловното друштво Македонска Каменица. Поради тоа што сеуште не е пронајден нашиот сограѓанин Ацо Јовановски упатуваме ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ДОБРОВОЛЦИ кои ќе се вклучат…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица ја продлжува практиката за хуман третман на кучињата-скитници. Од април годинава, извршено е заловување на вкупно 45 кучиња по пријави од граѓаните. Заловувањето го врши ветеринарно-сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово, со кој согласно тендерската постапка, општината склучи договор во врметраење од една година и направи план и динамика за спроведување на оваа активност, која се врши согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.

ПОВЕЌЕ ...

И покрај одредени шпекулации дека исчезнатиот Ацо Јовановски од село Саса, Македонска Каменица е забележан во Бугарија, kamenica.mk од официјални извори дознава дека исчезнатото лице сеуште не е пронајдено и полициската потрага ќе продолжи. Инаку, Ацо Јовановски е лице со пречки во развојот, а последен пат е забележан во недела (16 јули 2017 година), по што му се губи секаква трага.  

ПОВЕЌЕ ...

Јавното претпријатие „Камена Река“ набави нови моторни косилки за оддржување на градското зеленило во Македонска Каменица. Една од косилките Mc CULLOCH со задно исфрлање на тревата и со голема корпа за собирање на искосената трева која ќе биде наменета за поголеми тревни површини, а две се рачни косилки Villager VRS 56 P за косење на помалите тревни порвшини. Вкупната вредност за набавка на нвите косилки е околу 230.000 денари, а финансиските средства се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

На точно еден месец пред почетокот на музичкиот фестивал True Sound Of Kamenica потврдени се настапите на еден од моментално најактуелните италијански музички феномени – диџејот Alex Kenji, на македонската рап атракција „Зад аголот“ и македонскиот диџеј Самоил Радински. Фестивалот годинава ќе се оддржи на старото спортско игралиште во непосредна близина на Градскиот базен во Македонска Каменица, на 18 и 19 август. Сеуште течат преговорите со уште неколку изведувачи и очекувањата се дека комплетниот line up ќе биде објавен до 25 јули, по што во продажба ќе бидат пуштени промотивните влезници. Генерален покровител на фестивалот е Рудник САСА Македонска…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица ќе врши прскање против комарци. Во продолжение е интегралниот текст од Известувањето до граѓаните: ГИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, ДЕКА НА ДЕН 28.06.2017 ГОДИНА-(СРЕДА), ОПШТИНАТА  ЌЕ ВРШИ ПРСКАЊЕ (ТЕРАСТИЧНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА) ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАДОТ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА И СЕЛАТА: ТОДОРОВЦИ, ЛУКОВИЦА, КОСЕВИЦА, МОШТИЦА, САСА И СТАРА КАМЕНИЦА . ДЕЗИНСЕКЦИЈАТА ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 22.00 ЧАСОТ ДО 2.00 ЧАСОТ СЛЕДНИОТ ДЕН ОД СТРАНА НА  ДТУ „ТОКСИ-ВЕТ“ ДООЕЛ СКОПЈЕ. АПЕЛИРАМЕ ЗА ПОМАЛА РАЗДВИЖЕНОСТ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПЕРИОДОТ НА ПРСКАЊЕТО И ЗАТВАРАЊЕ НА ПЧЕЛНИТЕ СЕМЕЈСТВА 12 ЧАСА ПОСЛЕ ПРСКАЊЕТО. БЛАГОДАРИМЕ НА РАЗБИРАЊЕТО! ОД ОПШТИНАТА…

ПОВЕЌЕ ...

Идната среда (28. јуни, 2017 година) националната селекција до 16 години во машка конкуренција ќе го одржи првиот собир со кој официјално започнуваат подготовките за Европското првенство (Дивизија Б) кое од 10. до 19. август ќе се одржи во Софија, Бугарија. Селекторот Горан Ѓорѓиевски ќе ги прозива кошаркарите кои се изборија за место во националниот состав, а подготовките ќе се одвиваат во Скопје. На распоредот на активности на оваа селекција во пресрет на континенталното првенство се и четири пријателски натпревари од кои два против соодветната селекција на Бугарија (19. и 20. јули), потоа против Косово (31. јули) и против Шведска…

ПОВЕЌЕ ...

Маестралниот македонски џез состав „Гоце Стевковски септет“ ќе настапи во Домот на култура во Македонска Каменица. Концертот е закажан за 29 јуни, со почеток во 20.30 часот, а влезот е бесплатен. Овој настап е дел од летниот џез караван кој е поддржан од Министерството за култура на РМ, општина Македонска Каменица и Културно-информативен центар „Романса“. Каменичани ќе имаат ретка можност да проследат концерт на врвни џез музичари, предводени од тапанарот Гоце Стевковски, кој веќе извесен период работи на своја авторска музика, а работи и како професор на Џез академијата во Штип. Во „Гоце Стевковски септет“ покрај Гоце се и Трајче…

ПОВЕЌЕ ...

Комплетирана е програмата за музичкиот настан True Sound of Kamenica Promo, кој е најава за фестивалот True Sound of Kamenica (18-19 август 2017). Покрај големата македонска ѕвезда Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, на 30-ти јуни, во Македонска Каменица ќе настапат и бендовите Lithiüm и 4и21, а и DJ 5kowski. Настанот ќе започне во 20.30, а ќе се оддржи на старото спортско игралиште под Градскиот базен во Македонска Каменица. Влезниците се пуштени во продажба и се продаваат во Cliff of Moher Pub – Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, 20.06.2017 ГОДИНА На барање на Владата, Европската Унија (ЕУ) се согласи да обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20.667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. Овие средства им се доделуваат на општините во форма на грантови и треба да придонесат за подобрување на инфраструктурата во руралните области. Во таа насока, општина Македонска Каменица доби право да користи ЕУ грант во износ од 260 илјади евра за имплементација на проектите „Изградба на…

ПОВЕЌЕ ...