Author: kamenica.mk marketing
Синоќа, во „Домот на култура“ во Македонска Каменица беше прикажана театарската претстава „Љубовен маратон“ на театорот при НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип. Претставата е комедија од Нил Сајмон, во режија на Никола Ристов, а настапија Виктор Арев, Ангелка Нашкова, Марија Минчева, Елена Шорова и др. Организатор на настанот беше КИЦ „Романса“, со поддршка од општина Македонска Каменица.
Со финансиски средства од општинскиот буџет се уредуваат повеќе пристапни улички и патеки до колективните и индивидуалните објекти за домување во централното градско подрачје. Во моментов се работи на пристапна улица до индивидуални објекти за домување на улица „Јаков“, како и на уредувањде на просторот кај Кит Го маркет, на улица „Александар Македонски“.
Во „Куќата на спортот“ во Македонска Каменица функционира фитнес центарот, кој ги донесе младите каменичани на справите за вежбање. Бесплатниот промотивен месец беше вистинска шанса, многу од нив да се запознаат со овој спорт кој освен здрав начин на живот придонесува и за поубав изглед и физичка конддиција. „Одлично е, овде можеме да спортуваме, да се рекреираме, но и да се дружиме“ – вели младиот Михаил Јанев од Каменица. Отворањето на фитнес центарот има своја приказна која со нас ја сподели инвеститорот Рудник Саса кој набави современа фитнес опрема во вредност од 30 илајди евра. „За тоа што ќе инвестираме…
Вратите и прозорците му даваат убавина и дополнителна вредност на вашиот дом и се една од најважните карактеристики на една куќа или стан. Тие ја имаат и главната улога во заштедата на топлинската енергија, овозможувајќи комфорт и здравје. Заради тоа, инвестицијата во квалитетни енергетски ефикасни прозорци е една од најисплатливите на долг рок. Де Пласт Монт од Македонска Каменица е компанија која целосно може да ги задоволи вашите потреби и барања и да ви помогне да го направите вистинскиот избор на врати и прозорци . Во Де Пласт Монт ќе ја добиете вистинската информација за сите елементи на ПВЦ прозорците…
Вчера, во Домот на култура во Македонска Каменица беше поставена изложба на дела на Христина Деолска. Настанот беше во организација на КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица, а на изложбата беа претставени 100-тина дела насликани во последните пет години. Сите дела што беа изложени се изработени во техниката „Енкаустика“.
Денес навршуваат 24 години од трагичната смрт на големата кошаркарска ѕвезда, Дражен Петровиќ… 24 години без кошаркарскиот Моцарт… И повторно денеска, на 7. јуни 2017 година, кошаркарскиот свет на момент ќе застане и ќе се потсети на еден голем спортист, пример за сите генерации. Вечна ти слава мајсторе! https://www.youtube.com/watch?v=XgjsntlQVgo
На 11-ти јуни (недела), на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица ќе се оддржи „Бабина баница 2017“, што е и најголемиот пензионерски собир во државата. Во изминатите неколку години илјадници пензионери од Македонија и странство го посетија Еленец, а за годинава се очекува дека нивниот број нема да биде помал од 5000. Организатор на оваа манифестација е локалното Здружение на пензионери, поддржано од општина Македонска Каменица и останатите локални фирми и институции. Традиционалниот македонски оброк кој се подготвува за „Бабина баница“ ќе го подготви Здружението на граѓани „Еленец-Цера“ и ќе се продава по симболична цена од 50 денари.…
Билетите за Суперкупот на УЕФА кој ќе се игра во Скопје на 8 август, ќе можат да се набават единствено преку официјалната интернет-страница на Европската фудбалска унија (УЕФА), која се очекува во наредните денови да објави дополнителни информации поврзани со процедурата за продажбата. Пријавувањето преку Интернет би требало да биде во периодот помеѓу 13 јуни и 4 јули, додека добитниците на влезници потоа ќе бидат одредени преку лотарија, бидејќи се очекува голем интерес за следењето на дуелот помеѓу европскиот првак Реал Мадрид и освојувачот на Лига Европа, Манчестер јунајтед. Интересот во Македонија е голем, судејќи според бројните прашања на љубителите…
На 7-ми Јуни (среда), со почеток во 13 часот, во фоајето на Домот на Културата во Македонска Каменица, ќе се оддржи самостојна изложба на Христина Деолска. Настанот е во организација на КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица, а на изложбата ќе бидат претставени 100-тина дела насликани во последните пет години. Сите дела што ќе бида изложени се изработени во техниката „Енкаустика“. Енкаустика е техника која потекнува од Египет и е една од најстарите во историјата на уметноста. Кај нас е многу ретко застапена и мал е бројот на уметници кои сликаат на овој начин. Христина Деолска, делата ги слика со пегла…
Еден Швајцарец е осуден заради клевета бидејќи на Фејсбук стиснал „лајк“ на критиката на претседателот на едно здружение. Ова е првпат во Швајцарија некој да е осуден заради „лајк“ со кој на Фејсбук се означува дали нешто ви се допаѓа или не. Според пресудата на окружниот суд во Цирих, 45 годишниот граѓанин, чие име не е наведено, осуден е бидејќи ставил „лајк“ на коментари на Фејсбук во кои претседателот на здружението на противници на сточарските фарми и кланици, без докази е наречен „расист, фашист и антисемит“. Дискусијата на активистите за одбрана на правата на животните, заради која е изречена пресудата…
