Вчера, во Домот на култура во Македонска Каменица беше поставена изложба на дела на Христина Деолска. Настанот беше во организација на КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица, а на изложбата беа претставени 100-тина дела насликани во последните пет години. Сите дела што беа изложени се изработени во техниката „Енкаустика“.


