Author: kamenica.mk marketing
Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, во среда на 28.06.2017 година, ќе гостува во Домот на kултурата во Македонска Каменица. Ќе биде изведена хит театарската претстава „Театар Љубов Моја“. Почетокот на претставата е во 20 часот, а цената на влезницата е 50 денари. Уметничкиот директор на театарот Васил Зафирчев истакнува дека претставата е работена по текст на бугарскиот автор Валери Нисимов Петров, а во режија на Деан Дамјановски и драматургија на Сашо Димовски. Зафирчев појасни дека драмата „Театар љубов моја“ е напишана во 1981 година од бугарскиот поет, драматург, сценарист и преведувач Валери Нисимов Петров за двете…
Уште 11 дена до концертот на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд во Македонска Каменица. Промотивните влезници се продаваат во Cliff of Moher, по цена од 150 денари , a од среда (21.06.2017) во продажба ќе бидат пуштени редовните влезници по цена од 200 денари. Цената на влезниците на влез на концертот ќе биде 250 денари. Од организацијата е најавено дека концертот ќе се работи по највисоки стандарди, со одлична техничка опрема (озвучување и осветлување). Cliff of Moher ќе постави неколку шанкови, а цената на пијалоците ќе биде иста како и секојдневните цени во пабот и нема да се зголемува.…
Половина од ВИП масите за концертот на Игор Џамбазов се резервирани. Бројот на ВИП маси е вкупно 40 и тие ќе бидат поставени веднаш пред бината. Резервација на ВИП маси е возможна исклучиво со резервација на еден од понудените ВИП пакети: Вип пакет 1 – 4 влезници, 1 флаша Badel коњак и 4 води = 1600 денари Вип пакет 2 – 4 влезници, 1 флаша Vigor водка и 4 води = 1600 денари Вип пакет 3 – 4 влезници, 1 флаша Шток и 4 води = 1800 денари или со купување на минимум 4 влезници и флаша пијалок по избор.…
Започна продажбата на промотивните влезници за концертот на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд во Македонска Каменица. Концертот ќе се оддржи на 30-ти јуни, а веќе се продаваат влезници на фанови од целиот регион. Иако влезниците се продаваат единствено во Cliff of Moher Pub – Македонска Каменица, можна е резервација на следниве фејсбук фан страни: Cliff of Moher – https://www.facebook.com/cliffofmoherkamenica/ и True Sound of Kamenica – https://www.facebook.com/tsok2017/ Првите триста влезници се по цена од 150 денари, а промотивниот период трае до вторник (20.06.2017), кога ќе започне продажбата на влезници по цена од 200 денари. Резервација на маси се врши исклучиво…
Време е за одмор, време е за супер вести. Време е за најголемата Outlet Промоција досега во Мебел-Ви. Традиционалната летна Outlet промоција оваа година, по повод 20 години постпење на Мебел-Ви, е со најниски цени и најголем број производи досега. Вратите на сите наши 7 салони се ширум отвпрени за сите заинтересирани посетители кои со нетрпение ја очекуваа овогпдинешната летна промоција. Подготвивме супер летни цени на 100 артикли, со попусти и до -50%. Промоцијата вклучува намалени цени на производи од сите категории, за дневен, трпезариски и мебел за спални и детски соби. Производите може да се погледнат на површина од…
Влезниците за концертот на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд во Македонска Каменица ќе биде пуштени во продажба во сабота (17.06.2017). Првите 300 влезници ќе се продаваат по цена од 150 денари, а за сите што сакаат да резервираат барска маса подготвени се специјални ВИП пакети. Влезниците ќе се продаваат во Cliff Of Moher Македонска Каменица, каде што ќе можете и да ја резервирате Вашата маса за концертот на Игор Џамбазов. Подготви се! True Sound Of Kamenica Festival доаѓа! ?? Во продолжение се цените на влезниците и ВИП пакетите: Влезници за Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд (30 јуни 2017)…
Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд ќе оддржат концерт во Македонска Каменица. Концертот е во рамки на музичкиот фестивал True Sound Of Kamenica, а е спектакуларна најава зе третото фестивалско издание кое ќе се оддржи во август. Концертот на Игор Џамбазов е закажан за 30 јуни и е во организација на Асгард 2015 од Македонска Каменица. Влезниците за концертот наскоро ќе бидат пуштени во продажба, а навремено ќе бидат објавени и сите останати информации поврзани со овој настан.
Кошаркарките на КК „Баскет Кам“ од Македонска Каменица со бронза се вратија од „фајнал фор“ турнирот во возрасната категорија до 16 години. По несреќниот пораз од Шкупи во полуфиналето, во кој голем удел имаше и пристрасното судење на судиите, „Баскет Кам“ во борбата за трето место ја совладаа Струга 2009. Шампиони во М16 женска конкуренција се „Бадел 1862“ кои во финалето го совладаа Шкупи со убедливи 98-60. Во секој случај, миленичките на каменичката публика го потврдија високиот квалитет со кој несомнено располагаат, а за што особена заслуга имаат тренерите Горан Даниловски и Јордан Цветановски.
Денес, Рудник „Саса“ од Македонска Каменица одбележува 11 години од рестартирањето. Во сите изминати 11 години, Рудник „Саса“ е компанија која покажува силна општествена одговорност и која реализира редица проекти, со цел подобрување на квалитетот на живот на населението во Македонска Каменица. Рудникот е главна причина за инфраструктурниот бум во Македонска Каменица во последната деценија, а е силен партнер и на спортските клубови, образовните институции, здравствените установи, невладините организации и организациите кои работат на полето на културата. Овој најголем стопански капацитет на подрачјето на општина Македонска Каменица инаку започнува со работа во 1966 година, а најлошиот период од неговото работење…
Вчера, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица се оддржа шестото издание на традиционалнта пензионерска манифестација „Бабина баница“. На покана на каменичкото Здружение на пензионери, илјадници гости од сите краеви на Македонија го посетија „Еленец“ на еднодневно дружење и уживање во културно-уметничката програма, природните убавини и манастирот „Покров на Пресвета Богородица“. Победници во натпреварувачкиот дел – подготовка на баница под вршник, беа домаќините, екипата на Здружението на пензионери од Македонска Каменица. Само лошите временски услови беа причина да не биде соборен минатогодишниот рекорд по број на посетители и „Еленец“ да не блесне со сета своја убавина. Здружението на…
