Author: kamenica.mk marketing
Од сезоната 2017/18, во Македонија ќе има две втори лиги – источна и западна. Доколку Саса победи во неделниот бараж натпревар против екипата на Превалец од Велес, ќе им се придружи на следниве екипи во Втора лига – исток: 1. Брегалница – Штип 2. Хоризонт – Турново 3. Беласица – Струмица 4. Тиквеш – Кавадарци 5. Плачковица – Радовиш 6. Кожуф – Гевгелија 7. Осогово – Кочани 8. Борец – Велес 9. Победа – Валандово Со оглед на тоа дека досега за учество во Втора лига се плаќаше котизација од 8 000 евра, а многу екипи мака мачат со финансиски…
Општина Македонска Каменица и фирмата „Пајо Го“ обезбедија бесплатен превоз за навивачите на Саса, за неделниот бараж натпревар за пласман во Втората Македонска фудбалска лига против екипата на Превалец од Велес. Тргнувањето за Кочани е во недела (4-ти јуни), во 15.30 часот, од училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски Џингар“. Бараж натпреварот ќе се игра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, а ќе започне во 17.00 часот.
По повод 1-ви јуни – Меѓународниот ден на детето, Културно-информативниот центар „Романса“ организира изведба на театарската претстава „Седум Снежани и џуџето Мрзливко“. Претставата е на детскиот театар при Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија. „Седум Снежани и џуџето Мрзливко“ ќе биде прокажана во новиот Дом на култура во Македонска Каменица, на 1-ви јуни (четврток), од 19.00 часот. Влезницата е 30 денари.
На Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“ се добиени уште две шампионски екипи. Екипата на Клиф оф Мохер го освои турнирот во баскет (машка конкуренција), а Романса победи во женското ракометно финале. Клиф оф Мохер во полуфиналето ја победи екипата на Рима консалтинг, а во финалето ја совлада екипата на Коце комерц со конечни 22:20. Романса, пак, го победи Такси Уно со 19:15. Во моментов се игра финалето во мал фудбал, по што ќе бидат доделени медалите, пехарите и наградите од страна на градоначалникот на општина Македонска Каменица д-р Дарко Митевски.
Денес се играат завршните натпревари од турнирите во мал фудбал, баскет и ракомет кои се играат во рамки на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“. Финалето во мал фудбал ќе се игра помеѓу екипите на Го пласт и Делириум, додека полуфиналните двојки во баскет се: Клиф оф Мохер – Рима консалтинг, и Коце комерц – Коко. Финалето во ракомет (женска конкуренција) ќе се одигра помеѓу екипите на Такси Уно и Романса. Досега се познати шампионите во пинг понг – Антонио Димитровски, во тенис (машка конкуренција) – Дарио Стојковски и тенис (женска конкуренција) – Анастасија Стојковска. По завршувањето на сите финални…
Утре (четврток, 25.05.2017), ќе се одиграат полуфиналните натпревари од турнирот во мал фудбал кој се игра во рамки на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“. Во 18.00 часот Делириум игра со Џафер во првиот полуфинален меч, а во второто полуфинале, од 19.00 часот, ќе играат Го пласт и Де пласт. Доколку дозволат временските услови, утре во 17.00 часот, ќе се одигра и женското тениско финале во кое се среќаваат Анастасија Стојковска и Мартина Стоименовска.
На барање на театарот при НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип, претставата „Љубовен маратон“ која требаше денес да биде изведена во Македонска Каменица е одложена. Со согласност и од Културно-информативниот центар „Романса“ договорено е новиот термин за нејзино оддржување да биде на 9-ти јуни 2017 година. Организаторот на настанот, КИЦ „Романса“ им се извинува на сите заинтересирани и искрени љубители на културата.
Вчера се одиграа три натпревари од групната фаза од турнирот во мал фудбал кој се игра во рамки на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“. Постигнати се следниве резултати: Џафер – Делириум 1-5, Де пласт – Рудник Саса 4-2 и Фемили медика – Го пласт 0-3. Денес се игра заостанатиот натпревар помеѓу Де пласт и Фемили медика по што ќе бидат познати полуфиналните двојки. Полуфиналните натпревари ќе се играат во четврток (25.05.2017), а финалето е во петок (26.05.2017). Во петок ќе се одиграат полуфиналните натпревари од турнирот во баскет. Во полуфинале, Клиф оф Мохер игра со Рима консалтинг, а Коце…
Денес, во спортската сала при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица ќе се одиграат натпреварите од 5-то коло од турнирот во мал фудбал, кој е дел од Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“. Во 18.00 часот се среќаваат Џафер и Делириум, во 19.00 часот играат Де пласт со Рудник Саса, а од 20.00 часот Фемили медика ќе игра со Го пласт. Утре ќе се одигра заостанатиот натпревар помеѓу Де пласт и Фемили медика со што ќе завршат натпреварите од групната фаза и ќе се добијат полуфиналните двојки. Финалните натпревари од турнирите во мал фудбал, ракомет и баскет ќе…
Oливера Верa Јоциќ е родена во Сингелиќ, Скопско на 21 август 1923 година, а животот го загубила во село Саса, Македонска Каменица, на 22 мај 1944 година. Таа е партизанка, македонски и југословенски првоборец и воено лице одликувано со Орден на народен херој. Денес, во Македонска Каменица, со пригодна програма и букети цвеќе беа одбележани 73 години откако Вера Јоциќ го положи животот за слободна татковина. На одбележувањето на годишнината од смртта имаше претставници од локални претпријатија, установи и институции. Инаку, Вера Јоциќ беше ранета во Пролетната офанзива кај село Страцин, а на 22 мај 1944 година, во село Саса,…
