Author: kamenica.mk marketing

Турнирот во тенис кој се игра во рамки на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“ стигна до полуфиналните натпревари. Денес, во првото полуфинале ќе играат Дарио Стојковски и Марјан Велиновски, а утре силите ќе ги одмерат Кире Малчовски и Драган Јовановски. Првото тениско финале од Меморијалниот турнир ќе се одигра викендов, а терминот дополнително ќе биде закажан. Овој викенд, од организаторите е најавено дека ќе си играат и Турнирите во баскет и пинг понг.

ПОВЕЌЕ ...

Фитнес центарот кој е сместен во новата „Куќа на спорт“ во Македонска Каменица, од утре (18.05.2017) започнува со работа. Работното време ќе биде од 10.00 до 21.00 часот, а влез нема да се наплаќа дп 1-ви јуни. Во текот на овој промотивен период, фитнес центарот ќе биде отстапен на ФК „Каменица Саса“ чиј Управен одбор ќе донесе Правилник во кој ќе биде утврдено на кој начин ќе функционира центарот.

ПОВЕЌЕ ...

Вчера, во спортската сала при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ се одигра и второто коло во мал фудбал што се игра во памки на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“. Ова се резултатите: Џафер : Рудник САСА 2:0 Го Пласт : Де Пласт 5:2 Делириум : Фемили медика 7:5 Денес ќе се одигра третото коло во кое се среќаваат: 18.00 Го пласт – Делириум 19.00 Џафер : Де Пласт 20.00 Фемили медика : Рудник Саса

ПОВЕЌЕ ...

Вчера се одиграа два натпревари од првото коло во мал фудбал на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“. „Џафер“ беше поразен од „Го Пласт“ со резултат 3-6,  „Рудник Саса“ загуби од „Делириум“ со 1-5. Денес ќе си играат три натпревари, а ова е распоредот на натпреварите: 1. натпревар 18:00ч: Џафер : Рудник САСА 2. натпревар 19:00ч: Го-Пласт : Де-Пласт 3. натпревар 20:00ч: Делириум : Фемили медика

ПОВЕЌЕ ...

Екипата на ФК „Каменица Саса“, денес, на гостински терен во Кочани, го совлада Осогово. Единствениот гол на натпреварот го постигна Зоран Златковски, од слободен удар од околу 30 метри. Со оваа огромна победа, на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, шансите на „Саса“ за пласман во Втора лига значајно се зголемуваат, имајќи го предвид распоредот до крајот на првенството. Денес на Осогово не му помогна ни прастрасното судење на судиите, ни огромното непотребно продолжување на натпреварот. „Саса“ докажа дека е зрела за пласман во повисок ранг на натпреварување.

ПОВЕЌЕ ...

Денес, во Македонска Каменица, по повод пуштањето во употреба на новата „Куќа на спорт“, ревијален натпревар одиграа фудбалските легенди на ФК „Саса“ и ФК „Вардар“ од Скопје. Натпреварот заврши со победа на гостите, со резултат 0:2. Денешниов ден беше вистински празник на фудбалот, а каменичката публика имаше ретка можност да се потсети на фудбалските мајстории на плејада играчи чии имиња фудбалската историја уште долго ќе ги памети. За домашниот тим, за легендите на ФК „Саса“ настапија Томе Петров, Бранко Младеновски, Лазо Јовановски, Виде Велиновски, Стоил Игнатов и уште многу други фудбалски великани, а тимот беше предводен од легендарниот претседател Тихомир…

ПОВЕЌЕ ...

Денес, во Македонска Каменица со пригодна програма е пуштена во употреба „Куќата на спортот“. На отворањето на овој маркантен објект присуствуваа голем број градоначалници од општините од ИПР, претставници на Рудник „Саса“, претставници од Фудбалската федерација на Македонија, многу легендарни имиња на каменичкиот фудбал и стотици граѓани. Пред присутните се обратија, г-дин Гоце Данев – поранешен фудбалер на ФК „Саса“, г-дин Максим Прохоров – директор за развој и инвестиции во Рудник „Саса“, г-дин Филип Поповски – генерален секретар на ФФМ и градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски. Со отворањето на „Куќата на спортот“, Македонска Каменица доби уште еден…

ПОВЕЌЕ ...

Каменичките ученици во основното и средното училиште постигнаа одлични резултати на регионалните натпревари во „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“, кој се оддржа вчера (11.05.2017) во Пробиштип. Учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, под менторство на наставникот Васко Станковски освоија екипно ПРВО место во „Детски семафор“. Филип Велков освои ПРВО место во поединечна конкуренција, Давид Георгиев освои ВТОРО, а ТРЕТИ места освоија Викторија Пелтековска и Маринела Стоиловска. Учениците, пак, од СОУ „Миле Јаневски Џингар“, под менторство на Елизабета Георгиева, се натпреваруваа во „Сообраќајно техничка култура на младите“ и освоија екипно ВТОРО место. Во поединечна конкуренција, најдобар пласман…

ПОВЕЌЕ ...

Мора да се отиде во пензија, ама мора и тоа да се направи на најдобар можен начин. Има ли подобар начин за одење во пензија, по 42 години рецитирање поезија, од тоа со својата верна публика да се поздравиш со длабок поклон од највисокото место на пиедесталот, од најголемиот спортски настан во годината, финалето на Лигата на шампионите? Пред да се закотви во мирните пензионерски денови, најдобриот морнар мора да се соочи со најголемиот предизвик, со бурата од емоции која можат да ја направат само двата страстни клуба од медитеранот, великаните Јувентус и Реал Мадрид. Фудбалот не е само спорт,…

ПОВЕЌЕ ...

Во сабота, на 13-ти мај 2017 година, на Градскиот стадион во Македонска Каменица ќе биде пуштена во употреба новата „Куќа на спортот“. По тој повод веќе е најавено одигрувањето на ревијален фудбалски натпревар помеѓу легендите на ФК „Саса“ и ветераните на ФК „Вардар“ од Скопје“. Денес и официјално е потврдено дека истиот ден ќе се одиграат фајнал фор натпревари и од детската лига-исток во генерациите 2004 и помали и 2008 и помали. Учество на фајнал фор турнирот ќе земат дечињата од Каменица Саса, Фудбал Старс, Слога и Брегалница. Победниците ќе играат на завршен турнир во Скопје. Натпреварите ќе започнат во…

ПОВЕЌЕ ...