Author: kamenica.mk marketing

Од денес, 11 мај 2017 година, Библиотеката „Крсте Петков Мисирков“, која е клон на ЈЛБ „Илинден“ Делчево се враќа во новиот Дом на култура и ќе функционира нормално. За библиотеката се обезбедени нови простории, а новина во работењето е што за читателите е креиран посебен простор – читална која ќе може да ја користат бесплатно.

ПОВЕЌЕ ...

На социјалните медиуми кружи фотографија од доградба на тераса во Чаир, Скопје. За сопственикот велат дека имал дозвола за доградба, само дека претерал малку. Терасата испаднала поголема од станот. 🙂 фотографијата е преземена од фејсбук фан страната Чаирска романтика

ПОВЕЌЕ ...

По повод предавањето во употреба на новоизградениот објект „Куќа на спортот“, во сабота, на Градскиот стадион во Македонска Каменица, легендите на ФК „Саса“ ќе ги одмерат силите со ветераните на ФК „Вардар“ од Скопје. Веќе е познато кои фудбалери ќе настапат во црно-зелениот дрес на „Саса“. Каменичката публика, на 13-ти мај ќе има неповторлива можност да се присети на фудбалските мајстории на Томе Петров, Тони Анастасовски, Лазо Јовановски, Стоил Игнатов, Кире Темчев, Перо Стојановски, Драги Стојановски, Предраг Стојановски, Давор Игнатов, Благој Димитровски, Сашо Васевски, Влатко Гошев, Душко Милосављевиќ, Јаким Бакулески, Љупчо Глигоровски, Виде Велиновски, Зоран Васевски, Сашо Мицевски, Душко Стојковски,…

ПОВЕЌЕ ...

Должничкото финансирање на друштвото „Линкс Ресорсис Лтд.“ во износ од 75 милиони американски долари за рудникот САСА ја доби наградата за најдобра зделка за 2016 година, што се доделува од Трејд енд Форфетинг Ривју (ТФР). Финансирањето, што беше номинирано од страна на Сосиете Женерал, беше избрано во конкуренција на 120 зделки од страна на независна жири комисија. (извор: http://www.tfreview.com/awards/deals/tfr-deals-2016-winners-announced) По преземањето на Рудник „Саса“, „Линкс Ресорсис Лтд.“ се концентрира на подобрување на неколку сегменти во работењето. Според менаџментот на компанијата, приоритети ќе бидат одржливоста, заштитата на животната средина, подобрување на безбедноста во работењето и силна општествена одговорност, односно подобрување на…

ПОВЕЌЕ ...

Брендот „Панорама“ од Делчево по многу работи е пионер во работењето. Веќе е препознатлив по двата угостителски објекти „Пица Панорама“ и Мотел-ресторан „Парк Панорама“, а од неодамна стана и прв македонски сопственик на 9Д кино. Погледнете како изгледа ова неповторливо доживување. https://www.youtube.com/watch?v=vsBJz6VEeFY&feature=youtu.be

ПОВЕЌЕ ...

Во сабота, на 13-ти мај 2017 година, свечено ќе биде отворена „Куќата на спортот“ во Македонска Каменица.  Овој ултрамодерен објект е изграден со финансиски средства од буџетот на општина Македонска Каменица, а зафаќа вкупна површина од околу 500 метри квадратни. „Куќата на спортот“ содржи современи соблекувални, сала за состаноци, простории за технички персонал, фитнес центар и канцелариски простории кои ќе им бидат ставени на располагање на локалните спортски клубови од подрачјето на општина Македонска Каменица. Фирма изведувач е „Хит градба Еуростил“ од Македонска Каменица. За отворањето на „Куќата на спортот“, покрај официјалниот дел, како централен настан предвиден е и ревијален…

ПОВЕЌЕ ...

Во Македонија денеска се одбележуваат 114 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, кој на денешен ден во 1903 година, бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер. Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал…

ПОВЕЌЕ ...