Author: kamenica.mk marketing

Врнежите од дожд во источниот дел на Македонија, воопшто не го покачија нивото на вода во Калиманско езеро. Имајќи во предвид дека претстои сезона на сеење на ориз и е потребно полнење на нивите со вода, Калиманци дополнително ќе се празни. Иако најголем дел од Калиманско езеро е на територијата на нашата општина, Македонска Каменица речиси и да нема никаков бенефит од него. За локалните жители од најголемо значење е естетската вредност што ја има езерото, се разбира кога истото е полно. По се изгледа, Калиманци годинава ќе го гледаме празно. Кој е виновен за ваквата состојба?

ПОВЕЌЕ ...

Мотел ресторанот „Парк Панорама“ подготвува ново доживување за посетителите. За Први мај е организирана целодневна програма ос цел да се анимираат сите гости од регионот. Покрај извонредниот амбиент и вкусните специјалитети, ќе може да се ужива и во прекрасната музика на бендот Дикато. Не пропуштајте ја можноста да поминете незаборавни моменти во Мотел ресторан „Парк Панорама“. Резервирајте си на време! повеќе информации побарајте на официјалната фејсбук фан страна на Мотел ресторан „Парк Панорама“. https://www.youtube.com/watch?time_continue=35&v=yLq2V89nr-E

ПОВЕЌЕ ...

Ненадминливиот техно Papa Sven Väth ќе настапи премиерно на HEINEKEN GREEN BEACH FESTIVAL. Неговиот настап е во сабота, 29-ти јули, на Плажа Парк во Охрид. Sven Väth е едноставно уникатен. Легенда на неговото време со посветеност и страст кои влијаеја на напредокот и еволуцијата на електронската музика. Клубови, издавачки етикети и кариери беа лансирани благодарение токму на неговото влијание. Некои луѓе имаат судбина да се издигнат до врвот и да ги менуваат нештата, а таков е Sven Väth – визионер секогаш подготвен за предизвици, уметник кој инспирира, иноватор и непобедлив артист. Техно иконата Richie Hawtin, е вториот мега хедлајнер чиј…

ПОВЕЌЕ ...

Оска Пром од Виница е салон за продажба на керамички и гранитни, зидни и подни плочки од врвни светски производители, санитарија и ламинатни подови. Во Оска Пром може да најдете и бела техника и ситни апарати за Вашето домаќинство.  Доказ дека се работи за компанија со одлична услуга, а дека производите се со врвен квалитет е 21-годишното опстојување на македонскиот пазар. Основна цел на Оско Пром Виница е да ги задоволи и најпребирливите клиенти и да им помогне на сите во уредувањето на нивните домови, викенд куќи, деловни објекти, базени и слично. Оваа компанија претставува идеален спој на одлични цени,…

ПОВЕЌЕ ...

На 28 април 2017 година, свечено ќе биде отворен новиот Дом на култура во Македонска Каменица. Викенд програмата ќе започне во петок (28.04) со настапи на дечињата од „Јас имам талент“, КУД „Вера Јоциќ“ и локалните бендови Риплеј и Литиум. Истиот ден, во 19.00 часот ќе се оддржи концерт на „Пламенка Трајковска гудачки квартет“. Програмата ќе продолжи во сабота (29.04), кога ќе се оддржат две театрски претстави на Театар Колозов од Скопје. Во 17.00 часот ќе се оддржи детската театарска претстава „Љубопитната принцеза“, а во 19.00 часот е хит-претставата „Женско царство“. Во недела (30.04) етно концерт ќе оддржи каменичкото музичко…

ПОВЕЌЕ ...

Познатиот угостителски бренд од Делчево – „Панорама“, кој веќе располага со пицерија во делчевскиот центар и со Мотел ресторанот „Парк Панорама“ во чиј склоп има и сместуувачки капацитет, воведува уште една новина во работењето. Наскоро, „Панорама“ ќе им овозможи на љубителите на филмот единствена можност да уживаат во првото македонско 9Д кино. За повеќе информации околу овој новитет следете ги официјалните фејсбук фан страни на „Пица Панорама“ и Мотел ресторан „Парк Панорама“.

ПОВЕЌЕ ...

Рудник „Саса“ Македонска Каменица продолжува со донациите за каменичките спортски клубови. По потпишаниот договор за набавка на опрема за фитнес центарот во новата „Куќа на спортот“, Рудник „Саса“ како компанија со голема општествена одговорност обезбеди поддршка и за спортските клубови кои функционираат на територијата на Македонска Каменица. Набавена е нова спортска опрема за Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“, за младите категории на Фудбалскиот клуб „Каменица Саса“ и за Футсал клубот „Рудник Саса“. Од раководството на Рудникот најавија дека е обезбедена финансиска поддршка и за учество на Спортско риболовно друштво „Шаран“ во Риболовната лига на Македонија во 2017 година. Покрај ова, износот…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ го организираа традиционалниот избор на најубаво украсено велигденско јајце во Македонска Каменица. Годинава, најубавото велигденско јајце го креираше Марија Витановска, второто место го освои Дарко Јовановски, а третото им припадна на Бранка Стојчева и Јованка Стојковска. Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ на победниците, учесниците и на сите граѓани им посакуваат среќни велигденски празници.

ПОВЕЌЕ ...

Фудбалерот на Брегалница Делчево, Александар Ѓеоргиевски, станува препознатлив по головите од слободен удар. Во натпреварот против ФК Кит Го од Пехчево, Александар постигна нов евро гол од 35 метри. Погледнете го неговото ново ремек дело! https://www.youtube.com/watch?v=uRVC-ijKJzs&feature=youtu.be

ПОВЕЌЕ ...

Подготовките за новото издание на беровскиот Mayday Festival се при крај. Годинава, фестивалот ќе се оддржи на два датума, под два назива. Mayday Easter ќе се оддржи на 16 април, а Mayday Spring Sensation на 30 април 2017 година. kamenica.mk Ви ги претставува артистите кои ќе настапат на Mayday Easter и кои гарантираат незаборавно доживување. STEFAN POPOV / BULGARIA Stefan Popov – е еден од најуспешните млади диџеи во Бугарија. Поранешен резидент на Yalta Club (раннгиран на 25 место според Djmag top 100 clubs for 2013), кој има свирено на една сцена со најголемите светски имиња како Hot Since 82,…

ПОВЕЌЕ ...